леле две недели викаш нема да можат детето да го држат ???? еве точно две недели од пораѓај денес и се осеќам фантастично и ништо не ме боли ! да напоменам дека уште минатата недела се чувствувам добро ... Ме пуштија од болница 4тиот ден од царски а пешки си се симнав до доле... Кога дојдов дома сите обврски сама ди ги завршував и несакав нит помош нит ништо ... Си пеглав , си готвев... Помош имам од маж ми навечер околу успивање и средување на малата... Болеше раната не викам не , али сето тоа беше издржливо и не траеше долго... И убедена сум дека доколку самите веруваме дека побрзо ќе помине целиот тој процес на опоравување навистина брзо ќе биде ! сметам дека тие што се до царски не по своја волја малце го преувеличуваат царскиот и болките од него... Затоа ве молам без вакви коментари за нежни мајки и тешко опоравување!
па нели викаш дека царски е болно ,тоа не е мачење? . Незнам од каде муабетов дека тие што се со царски се разгалени? Значи има хххх причини зашто некој бира да оди царски .. Мнг има за дискусија али ај ...
морал лат. тоѕ, moris, moralis збир на правила на определено општество или општествена класа за содржината и начинот на меѓусебните односи на луѓето и на човечките заедници; исправност, чесност, доблест, добродетел; полет, занес, самодоверба, свест за дисциплина, храброст; етика; поука, смисла (на литературно дело, на настан); начин на мислење, душевен живот; став кон животот. Мала лекција, за сите оние кои погрешно го употребуваат зборот морално, а многу често ги среќавам на форумов. @meinenameis... И според ова нема ништо неморално со царскиот рез. Денес тоа е сведено на избор, желба на жената или на потреба. Слично како епидуралот. А ако беа жените размазени немаше ни да остануваат бремени, ќе си најдеа сурогат мајка и готово.
Гo мешaaт мoрaлнo сo зaдoлжителнo. А двaтa збoрa врскa немaaт еден сo друг, дури ни значењето не им е истo. Нејсе, кoгa се мoрa цaрски, зaдoлжителнo е и тукa ништo не се мoже.
Zeni zdravo, eve me I mene denes, cel den do majdtori, edvaj cekav da si odam, terane 36 nedela, bebo gore dolu e dobar, ajde so Gospod bapred samo, planiran da se porodan vo mojot grad, prirodno, osven ako nesto ne izleze vo posleden moment. Pozdrav do site, sekoj ima pravo da izbere kako ke se poragja, vo denesbo vreme.
Бев денес за д димери, крв, железо, урина, скриен и резултатите ми се најверојатно ок. Заборавија да ми ги донесат зашто преку човек ги правев. Д димери се 1.42 (мислам трансфузиолог рекол дека е у граници на нормала ако не се лажам) , скриен во понеделник резултати, шеќерот ми е 4ка, урина уредна, ама железото ми е 8ца и тоа ми рекоа ниско дека е. Дајте мислење и совет ве молам. Ако згрешив нешто кај д димерите не се лутете врска неам што е како е, ако добро запамтив така ми кажаа.
Jas bev carski I uste 10 pati pak ce recam carski bolkata e tri dena ne dve nedeli I sekako deka mozes da si go drzis deteto osven ako ne se rodi 10kg ... inaku I carski mozes da vidis kako izleguva bebeto so spinalna ... ne gi zaplasuvajte zenite ne e tolku strasno kako sto kazuvas
Многу е лесно да се осудува од страна но за било каков пороѓај би требало да има причина... По моја логика, нема доктор кој (доколку држи до својата професионалност) ќе препорача царски рез доколку нема индикации за него! Затоа што тоа сепак е операција и зошто непотребно би се сечела матката ми нема смисла... Опоравувањето и целосната регенерација за нормална следна бременост трае подолго... Секако има мислење дека во приватниве болници фураат царски за да спечалат повеќе пари, што е катастрофа... И да, имам случаи на блиска особа која цела бременост се плашеше од болката при природно породување и си планираше царски, но докторот во болница не и дозволи затоа што воопшто немало потреба! Се породи за 40 минути без никаков проблем ни прејаки болки, сепак докторите си ја знаат својата работа, а ние може да калкулираме колку сакаме...
Боже што читам со царскиов?! Не сум тип што се расправа на форум, ама од ова ми се Во кој заостанат свет живеат некои жени стварно не ми е јасно? Во оној кога нашите прабаби раѓале на нива? Фала богу што медицината и условите за живот отишле напред. Сега следно што е? Досега беше не си мајка ако не родиш природно, а сега не си мајка ако раѓаш на болница туку треба дома да раѓаш? Очекувам и таков напад. Пораѓањето во приватна болница е уште еден усов за црната листа на искомплексираните личности, ама за тоа друг пат. Значи жени, баталете карлично поставено бебе, висок притисок, бебе замотано со папочна врвца, претходни операции на матка, бременост со ИВФ, плацента превиа итн. не е тоа проблем, проблемот е што вие сте разгалени. Обрнете внимание на својот МОРАЛ Оти следен пат кога некој ќе се појави што родил природно ( уствари не знаеме дали родил) и изигрува нинџа каде ќе бегате а? До кога со простотилаков ќе живееме бе?
Женички хелоууу! Еве ме мене одморена, освежена, препородена... Стигнавме ноќеска од одмор, спиев со пладне и прва задача ми беше да ве исчитам што, како и до каде сте. Мило ми е што сте сте добро, а посебно честитки за новите мамички @Lorins , @NanaMia и сите кои меѓувреме се породиле. Со радост и среќа да ви ги исполнат животите малите принцезички! Инаку на одмор поминав екстра, со исклучок на тоа што денот на тргнување толку ми се слоши, главоболка страшна, повраќање, притисок качен, што не стигнав ни да се спакувам како што треба, но изгледа се било од мисла што како ќе биде по пат, а и од што сите ме критикуваа каде толку далеку ќе одам и сл. Но, ми стана подобро додека тргнавме и супер поминав по пат 14 саати натаму, а и за назад се беше како што треба. Првите денови се криев од сонцето и не се бањав толку често, одмарав во сенка, но потоа се опуштив и си се однесував како и да не сум бремена. Дури и парасеилинг бев наумила да пробам, ама мм не ми дозволи. Штета се што е убаво кратко трае, па за 3-4 дена морам повторно на работа. Утре сум на контрола на ГАК, ќе се видиме со бебушко. Едвај чекам! Ве гушкам, ми фалевте овие 10тина дена!
Како може да си закажам преглед во ГАК кога таму немам матичен немам некој кој ми ја следи бременоста? Како одите вие таму на прегледи @eleni27 @Lolipop ? Со упати, по телефон?
Јас одев на два на скрининзи со приоритетен упат од матичен, еве конктретно минатата недела бев на втор скрининг и ми кажаа да си закажам термин за 4 недели за фетална ехокардиографија, но бидеејќи нема слободен термин за цел следен месец, се јавив во контакт ценатарот на мој термин, проверија дека навистина нема и ми препорачаа повторно да земам приоритетен. Прегледите во тој случај се вршат на незакажано, после 12 секој ден, а ваквиот упат има важност од 7 дена... се надевам помогнав..
Жени цел ден немав интернет, па еве ме конечно со извештај! Денеска бев да ги земам резултатите од брисевите и на гинеколог за контролно ехо. Брисевите се негативни. До породување имам само уште една контрола за три недели. Крофната мамина напредува ОДЛИЧНО! Тешка е 2250 гр. докторот вели ако се породам на крајот на деветтиот месец да очекувам дека ќе родам крупно бебе. Срценцето е супер, обем на главче и меше исто така. Го видовме и фацичето, а и газенцето. Тртла мамина. Постелката е на заден ѕид и е во добра состојба. Доволно плодова вода и во кратки црти се е во најдобар ред. До следна контрола треба да одлучам каде ќе се пораѓам. Божееее лета времево... Чудно ама секогаш кога и го гледам лицето на ехо како да го гледам син ми. Мора многу да си личат! Едвај чекам да се запознаеме!
И јас имав малку зголемени леукоцити и ми рекоа нормално било во бременост, не се секирај за тоа, a за урината не знам...