Женски јас ја набавив перницата за трудни, после недела дена се наспав ко човек, пред 15 минути се разбудив. Ни ми тежеше стомак цела ноќ ни ме притискаше за ВЦ толку често ко предходно. Ја препорачувам на сите што имаат проблеми со спиењето.
Ќе те замолам да ми кажеш каква купи? Дали онаа огромната како потковица, или онаква како полумесечина...? (леле описов ) Цело време се мислам каква да земам, едната ми изгледа огромна, непрактична и скапа, а за другата реално незнам како би дала потпора на стомачето....
Мојава е од оние што можат да се подврзат и да се спојат двата краја, а може и одврзана и да биде дугачка. И јас се чудев како да спијам на чудото, зашто е поголемо од мене, јас немам ни 1,60 цм хахаха ама толку е мека и се прилагодува на тебе, јас си ја гушнав и едната нога ја префрлив преку, стомакот сам си најде положба.
Јас се мислам помеѓу ваква на Групер или оваа во Стружанка ја има, околу 600 ден...Инаку моментало спијам со едно перниче мало меѓу нозете и цела ноќ го ловам наоколу кога се превртувам
Не живеам јас во МК, во Босна живеам. Мојата нема ваков облик, т.е. нема облик никаков, перница, која е долга и тесна.
Така, само има врзувалки од двете страни да ја напраёвиш и ко гнездо ако сакаш. 35 км кошта овде во Босна, тоа во македонски пари иде околу 1000 денари.
Здраво жени !!!!!! Денес бев на преглед и господинот е супер. Понапреден за неделите, ама ваљда си е нормално тоа... Имам една лакуна на постелката што е ептен доле. МАтичната ми рече нема да прави проблем со оглед да е една и не е голема. другото е во ред. Бебо е супер си ужива. Денес беше карлично поставен, ама има време да се врти. Ве поздравувам
Како тројца да сме на кревет ххахахаха перницата е поголема од мене, мачорот доаѓа и негодува нема место за него, а научен со нас да спие хахахахха. Чекаше сиромашкиот мм да отиде на работа сабајле за да има место за него на кревет
Може парацетамол да пиеш, за болката, а внатре немој да ставаш ништо. Мора на забар да одиш, да најде начин да ја прекине болката, оти нема да можеш да издржиш до крај со тоа. Евентуално заболекс капки да ставиш, ама колку ќе ти помогнат... Ако треба, барем антибиотик да пиеш, да се смири, па после породување да го средиш. Ама дали треба антибиотик забар ќе ти каже.
Здраво женски да ве поздравам, ве читам цело време ама одамна не сум пишала, нешто мрза ме фати деновиве иначе ме интересираше која е разликата помеѓу обична анализа на урина и уринокултура и дали може нареден пат кога ќе си земам упат од матичната за крвна слика да побарам за уринокултура пошто читам повеќе покажувала. И каде прават уринокултура? поззз
Уринокултура покажува ако имаш бактерија која е ...тоа е подетално, а нели обична урина покажува дали имаш или не. Земи си упат, ама мене последно на приватно ми ја наплаќаа уринокултурата, не влагала во испитувањ кои се безплатни за трудници. Ова во Авицена.
Да, и мене сабајлево во општа болница/микробиологија ми наплатија 80 ден. за уринокултура...со упат од матичен гинеколог
Д ај боже да е така како сто кажуваш.Мене ми е страв од паника да не направам некоја глупост од која ке се искомплоцира цлиот пораѓај.... Офффффффф
во Босна живее... ама ги има и овде... ако имам информација ќе ти пишам, има на групер една како потковица е, во Стружанка имало некои помали ама ги немам видено лично
Мене ниту еднаш не ми наплатија а правев секој месец, Со упат и шифра за бременост не смеат да ви наплатат.