Јас сум голем паничар и јас така ко тебе зашто ја нема? Па ако мрда зашто мрда толку.. И уште така терам Едно сватив дека и они си одмараат и дека стварно нема место за паника.Еднино ако ја нема 2 дена. Пу пу скраја било.Не се секирај
стручно да ти одговорам не знам може најдобар одговор ќе ти даде матичниот.Aли јас немам прележано ниту една сипаница и ненамерно бев близина на детенце кое има сипаница и кога се сетив испаничив.одговорот на матичната беше ако до сега сум имуна нема ни сега и да не се секирам.така и беше
уф..не не не, јас ја чуствувам ама многу поретко од предходните денови....некако навикнав да мрда постојано и посилно...а сега на пример, 2-3 движења сега, па 2-3 движења попладне итн....а предходно мрдаше после секое јадење, после секое мое подлго движење и сл. Затоа се уплашив многу! уф, а второ детенце ми е, како да ми е прв пат!!!
Извини вака ама ќе те прашам каде живееш, и сигурно ќе добијам одговор дека не си сама на планина . Како е можно да си бремена 7 месеци и да чекаш докторот да те вика на контрола. Се знае дека на 4 недели се оди, сама си водиш грижа за тоа. Јас со трето дете сум бремена па никогаш не ми ни паднало на памет да чекам докторот да ми се јави за да одам. Докторката не ти е воопшто крива за твојата небрижност.
TheEkaterina Не треба да чекаш никој да те викне, јас секој месец кога одам ја прашувам на која следна дата да дојдам и си закажувам уште од тој преглед за следниот. И на секогаш самиот преглед ја потсетувам што и како пијам и прашувам што е следно. Кога прв пат отидов кај нејзе ми рече до крај на бременост секоја месец да правам испитување на крв и урина и да и ги носам резултатите. Последниот пат кога ја виде крвната слика (сега во 5 месец) ми рече ок е, нема потреба од ништо дополнително освен ете превентивно магнезиум да пијам до крај на бременост. Инаку кога си одиш на секој преглед си прашуваш за понатака, таман работа да чекаме они да ни се јават. Ако одиш на забар и ти стават лек ќе чекаш они да ти се јават да одиш пак или си прашуваш сама кога да отидеш. Инаку за грчеви се пие магнезиум. Тој исто ги спречува и предвремените контракции. И ајде да не те секираме, поминало, оди си на редовна контрола сега сама. Битно си направила 4Д и си имала прегледи до 20 недела кога може да се примети нешто ако не е ок. Не се секирај, ама закажи си уште денеска еден преглед. И прашај кога да правиш брисеви следен пат, и деновиве направи крвна слика и резултати од урина да имаш да и однесеш.
Aј бе немаш гајле Tи си веќе со диплома Се си е супер знаеш и сама дека не може цело време да мрда и дека секое дете си е различмо.Mоево знае и на чоколадо да не реагира и јас у несвес паѓам
Ти мене вчера ама си ме сецнала )) Гледам си пишала во темата „ Се породив“ и викам лелеееее ете Форко готово, заврши работа, па да прочитам после и породилни приказни, а тоа ти тоа онака си си коментирала
Mалце повеќе си груба.Секоја мајка се грижи тоа е факт.Mожеби матичната ја убедила дека така треба и ние не знаеме каква е ситуацијата нели? ниеден доктор не би си ставил здрава нога во трн па така и нејзината.верувам дека најосновните прегледи што се и најбитни ги направила.A за мокрача секој месец и ехо..порано да не правеле секој 20 дена се ќе си биде на свое место на крај краева ете си праша и ќе си знае што понатака.
Ајде, ајде, ќе биде деновиве, се гледа крајот Море блазе тебе што нема да ги фатиш горештините како мене
доколку станува збор за крупната сипаница, а најверојатно е таа зошто ситната е скоро изумрена и мн. ретко се појавува немаш место за паника. и јас бев во иста ситуација и се распрашував. Е сега незнам колкав период си бремена но мене ми кажаа дека постои мал ризик пред 3 месеци и голем доколку ги имаш на самиот чин на породување. инаку доколку е во текот на самата бременост воопшто не се замарај и да ги закачиш не е опасно, бебушко си е внатре заштитен.
уф..не не не, јас ја чуствувам ама многу поретко од предходните денови....некако навикнав да мрда постојано и посилно...а сега на пример, 2-3 движења сега, па 2-3 движења попладне итн....а предходно мрдаше после секое јадење, после секое мое подлго движење и сл. Затоа се уплашив многу! уф, а второ детенце ми е, како да ми е прв пат!!! [/quote] хехе јас и ти на иста мака сме само што сте вие за 2 недели постари од нас , јас пред 2 дена бев на скриниг и истото го прашав зошто мн. рано ја осетив и после еден период ништо. Зависи од моменталната поставеност на бебушко и колку е располо#ен за акробации. моево е лошко уште од мало, поставено е карлично и осеќам силни болки во левиот јајник зошто му е интересно да ми го дупчи јајникот со ноџињата, а да ме погали на мешко не му е интересно. затоа не му се секирај. сеуште се малечки и слободно си пливкаат, а да и мене ко да ми е прво не второ се имам заборавено но и се е различно од првото.кај и да е ќе викаш смилувај се не ме клоцај толку
Ајде, ајде, ќе биде деновиве, се гледа крајот Море блазе тебе што нема да ги фатиш горештините како мене [/quote] не се сеќирај заедно ќе фучиме летово
Па и не би се сложила баш дека докторката не треба да те викне на контрола. Од каде би знаеле трудниците кога треба да појдат на контрола, кои испитувања да ги направат ако тоа не им го каже докторот? Плус, како може да и каже не ти е ништо за грчевите? Јас би те советувала под итно да си најдеш нов доктор или пак зошто не и кажеш дека незнаеш ти кога и кои испитувања се прават и би било во ред да те удостои и да ти каже кога да појдеш. Мислам само 2 пати да си била кај неа за 7 месеци некако ми е нон сенс Сепак се работи за два животи, ако не и се работи на неа има други доктори кои си водат сметка, како тоа сами да сме си оделе ние на прегледи, мене да не ми кажуваа кога кој преглед се прави од каде ќе знаев јас? Како твој доктор таа треба да ти каже кога следен пат треба да појдеш на контрола, дали во меѓувреме треба да направиш крвна слика, а треба секој месец, според резултатите дали треба да примаш некакви витамини а сигурно дека треба, брисеви, мисеви, скрининзи и што уште не Под итно смени ја, нема врска ако си 7ми месец, таа па и онака не се претргала нешто до сега да те води како што треба, бар сега преземи нешто и до крај износи си ја бременоста со редовни контроли и како што треба.
хехе јас и ти на иста мака сме само што сте вие за 2 недели постари од нас , јас пред 2 дена бев на скриниг и истото го прашав зошто мн. рано ја осетив и после еден период ништо. Зависи од моменталната поставеност на бебушко и колку е располо#ен за акробации. моево е лошко уште од мало, поставено е карлично и осеќам силни болки во левиот јајник зошто му е интересно да ми го дупчи јајникот со ноџињата, а да ме погали на мешко не му е интересно. затоа не му се секирај. сеуште се малечки и слободно си пливкаат, а да и мене ко да ми е прво не второ се имам заборавено но и се е различно од првото.кај и да е ќе викаш смилувај се не ме клоцај толку [/quote] епа првото ми е момче и ме решеташе со удари се до моментот на раѓање.....а ова е девојчица, па може затоа е помирна..... инаку, знам дека феталните движења се мерат од 7 месец....односно леле, веќе незнам која недела би било тоа? со неделиве сум попара.... поздравче..
И мене ми беше прво дете и никој ништо не ми кажуваше за контроли, но имаме среќа да живееме во време кога интернетот ни е достапен скоро на сите, па имаме информации во изобилство. Сите се инфирмираме на тој начин веќе, барем денес е далеку полесно од порано. И мене никој не ми кажа за крв да проверам, самоиницијативно проверував секој месец, за резултати докторот ниту еднаш не ме праша , па сама му кажував што и кои резултати отстапуваат од вредностите. Ако сама не се крижев за себе и за детето кое го носев, не верувам дека денес ќе дотуркавме до тука.
Незнам како може вака ама ајде. На докторот му е должност да си каже кога е наредниот преглед, да не се лажеме, сеуште има луѓе кои немаат постојан пристап до интернет а па и тие што имаат ќе се усреќат многу, каде и да отвориш секој си ја кажува својата приказна и уште повеќе ќе те збрка наместо да ти помогне. Исто како и на темаве, нели, едни викаат не треба да ти кажува докторот, треба сама да си одиш, други велат како не треба меѓу кои сум и јас, мене пример на секој преглед ми кажувале кога треба повторно да дојдам, дали во меѓувреме треба да направам крвна слика, кога да појдам за брисеви, телефон имам од докторот и во секое време можам да се јавам, што сигурно знам дека е случај и со многу други независно дали одат кај некого на приватно или пак тој им е матичен, се зависи од самиот лекар. Екатерина ти имаш апсолутно право да го смениш докторот доколку си незадоволна или пак да му нагласиш дека би сакала малку повеќе да се заангажира во врска со прегледите, со читање на интернет искуства тешко дека ќе постигнеш нешто, секое искуство си е индивидуално, некој ќе ти каже овде за грчевите земи магнезиум ама сепак докторот е тој кој треба да ти препише доза, не сите земаме иста, ете многу ги прекинуваат апчињата после 36та недела а мене ми е речено до самиот крај да ги пијам, значи повторно интернетот е една работа но должноста на твојот доктор сосема друга.
И јас мислам дека докторот е должен да ти каже кога е нареден преглед и во меѓувреме што и дали треба да направиш некои други испитувања како на пример крв,мокрача итн. Јас одев паралелно кај 2 доктори, една на приватно и кај друг во болницата кадешто се пораѓав и двајцата ми кажуваа без да ги прашам, после секој преглед кога завршувавме на крај ми кажуваа самите што треба следно да нпаравам и кога да дојдам на следна контрола. А ако пак веќе не ти кажуваат па прашај си нема ништо лошо во тоа да прашаш - Докторе/ке а следна контрола кога? Има решение и зато, не мора ако докторите не кажуваат некои работи и ние да си седиме така и да чекаме да не викнат, мислам дека нема никој лекар да те викне за контрола