сноу-мислиш за болка во јајниците , како да секој момент да ке треба да ти дојде? да ова е нормално на почетокот
^во предниот дел доле лево(баш каде што е плодот), да баш како да треба да ми дојде (затоа и сум подзамислена вчера и денес), страв ми е ради болките.
СНОУ и јас имам болки како тебе , мене лекарот ми рече дека се е во ред, во понеделник сум на контрола , тогаш ке сум 11 недела и дај Боже да е се во ред,имав поголема нервоза деновиве, и страв ми е. А за тие болки што ги имаш ти јас мислам дека е најнормално,ама сепак кога ќе имаш можност разговарај со гинекологот.
нормално е , немој да се грижиш и јас таму на левата страна имав како болки,грчеви и мислев секој момент ке ми дојде
Јас мислев дека се нормални, но испадна дека имам хематом. Мој совет појди си на лекар и прашај си. Може кај тебе се нормални, не велам дека и кај тебе се работи за истото, но сепак консултација со лекарот, колку да си на сигурно. Туку, од некни почнав да пијам прегназон и денес забележав дека имам кафеава речиси црна столица. Се сомневам дека е од нив бидејќи во составот имаат и железо, а јас ваква столица имав кога пиев ампули за покачување на серумското железо. Има некој со вакво искуство?
Јас прегназон пијам веќе 3 месец и ништо слично ми се нема појавено,консултирај се со лекар а и добро е да испташ и железо во серум. Snow-Queen јави се кај матичниот гинеколог или каде што одиш ќе ти кажат дали треба повторно ехо. Јас се пожалив на болка при контрола во 7 недела и веднаш ми кажа да пијам магнезиум и ми рече за почеток Магнесол, после 3 месец се префрлив на Магнезиум на Натурал Хелт.За 3 дена болки речиси скроз исчезнаа. Сигурно се е ок ама јави се и прашај, речиси сите трудници имаат болки во рана бременост.
Женички јас бев на разговор кај докторката што ќе ме пораѓа во државна, ме виде на ехо, па на цтг и испадна дека имам контракции, и она ми вика абе зашто не ми кажуваш дека имаш болки? Викам па немам не ме боли ништо, и вика одма на бокс седнувај да те видам и ми кажа дека чепчето ми е паднато и ми рече ако ме фатат болки да се напијам дијазепам 2че.. сега сум цела исповозбудена незнам што значи тоа чепчето дека ми е паднато, знае некој?
Тоа значи дека почнало да се отвара грлото на матката и дека процесот на пораѓање се ближи. Само затоа што чепот е паднат може но не мора да значи дека ќе се породиш денес или утре.. Јас се породив околу 3 недели одкако ми падна чепот, така да.... слушај си ја докторката и не се стресувај.
Твојата докторка е луда и несовесна. Мојата докторка од моментот кога ми утврде бременост ме седна и ми даде датуми еднаш месечно на преглед да одам до 6ти месец а после ми даде упат за болничко следење каде исто така имав закажано прегледи секој месец плус ехо и цтг прегледи. Крвна слика, мокрача и притисок ми контролираа секој месец. Добрата вест е дека ти очигледно имаш лесна и нормална бременост така што ништо не си пропуштила освен што треба да си пиеш железо и евентуално магнезиум ама брисеви на мене ми земаа само во 32 недела така да не се секирај. Нормално е. Тоа е симптом на рана бременост, не се секирај
Ceclia fala na odgovorot, a toa sto imam jaki kontrakcii a ne gi osekam isto ne znaci nisto koga bi pocnalo poraganjeto?
Болките кои се чуствуваат при пораѓај се како резултат на замор на матката од постојани и силни контракции. Значи матката е како и секој друг мускул кој кога се контрактира (без наша контрола) во почетокот не боли и не го чуствуваш но со текот на времето контракциите стануваат почести и посилни со цел комплетно отварање на матката и болката станува се посилна. Тоа што имаш контракции кои не болат е добра работа
пораѓајот можеби е и почнат само ти не ги осекаш контракциите или пак имаш висок праг на издржливост на болките али верувај кога ке се зачестат ке знаеш дека дошло време на болница со лесно
E duri sega sfakam deka kaj da e tuka e me faka mala panika, ne mi se veruva deka konecno ke si go vidam bebuvceto
Утре ми е последен ден од термин.Јас отворена 1 прст и тоа ме расчепкаа..Болки на појасот имам а контракции не покажува.Малата е спуштена стомакот тврд напнатост и мучнина не можам да се свиткам.Само мокрам и ме боли дури.Пола чепче паднало..А јас од отварање абер немам
Ова со дијазепамот го имам слушнато од уште една девојка. Па добро дали се нормални??? Извинете, ама сите знаеме зошто е дијазепамот! Ајде да рече напиј се кетонал ако те фатат болки ќе разберам повеќе отколку дијазепам!!!!?????? Девојката што ја знам и што и кажаа така се напие дијазепам ако ја фатат болки гадно се зезна, многу брзо се отвори а бебето беше заспано т.е. под дејство на дијазепам и не буткаше за да излезе па го виде господ додека да се породи со дијазепамот! (инаку сестрите почнале да ја караат за дијазепамот ама коа чуле дека докторката и рекла се повлекле за да не го рушат зборот). Ама логиката е таа!
Ајде Форко спремај се и ти за гушкање на бебушката ке ти поминат сите мачнини за миг само кога ке си ја видиш кукличката
никој ништо нема да те тера сама бебушка ке напне кога ке биде подготвена да излезе ти само ке и помогнеш , ајде само со лесно тебе и на сите што сте во исчекување