јас имам картонче од крвна група уште кога полагав за возачка. Ја прашав матичната и она ми кажа дека е веродостојна и таа ја ставив во картонот за породување.
Здраво женски... овие денови се изнаспав како човек... денес не можев да станам за на работа, вчера со мм во 11:30 станавме, цел ден лежерно, бевме кај свекрвата на ручек, па прошетавме малце... кога сме кај крвната група и јас имам печат во старата книшка со моминското уште кога полагав за возачка А+ сум, ама како што знам барем, во приватните повторно ги правеле испитувањата пред породување обавезно, од мајки што ми кажале... здравје за мене ќе видиме исто на првиот скрининг кој го правев во Плодност, се носев со мене цела документација, но ништо не ми побара докторката, ме гледаше што ме гледаше, ми земаа крв за приска... и си плативме од недела влегуваме во 5ти месец ако не се лажам... до утре полни 17 недели ... само Господ да не чува нас и сите вас! наредниот петок, уште 7 дена ќе се видиме со бебушка... Поздрав лепотици!
Јас бев кај Димчев, и ништо не носев освен паричиња Мене цервикс не ми проверуваше кога бев кај него . Добро утро женски, како сте ? Времево мнг убаво ми прија да ви кажам. Деновиве средуваме по дома реновираме ...околу тоа сме ангажирани. На 19 сум на преглед кај матичната едвај чекам да си го видам беблаков инаку од утре 25 недела .Имав некои глупави сонови во последниве некои денови ,како на тоалетна гледам крв и од памет се вадам кога ке се разбудам ... толку се реални Изгледа дека потсвесно се плашам од тоа и стално го помислувам ..далеку нека е .Сега да се вратам малку да поработам Имајте убав ден
сега размислувам за вториот скрининг... дали и тој да го правам во Плодност или во Систина и не знам... мала помош од тие што биле во Плодност да микажат како поминале, пошто од Систина како ште гледам сите се изфаливте од Димчев
@pink95 Инекција се прима во 28 недела, единствено ако ти си негативна група а таткото на детето е позитивна, Во друг случај не се прима @LadyC od kaj ма 2150 денари, втор скрининг е 4000 денари, да не правиме забуни @danichap за во Систина имај само спремни паричиња, ништо друго не ти треба Добро утро од мене Петок, убав ден, па си викам секоја недела да има по еден ден слободен како вчера ќе цути државава. Малку одмор па пак на работа, па пак одмор....и така да тераме....
Леее да не да се збунив. Да, таа е цената, 4000 чиња. 2150 е обичен преглед. Од толку пари давање веќе и цифри измешав. Еве и на @VedaG10 не и мерел цервикс. Извини @danichap грешка у цена ненамерно.
Само да ве поздравам! Да не имаше некоја сабајле на ЦТГ на ГАК? Јас бев, ЦТГ, преглед на ехо, плус вагинално, бебче е зрело, само не му се излегува, цервиксот омекнат, па утре треба пак да одам, ќе ме следат позачестено, дека со првото царски сум. Од една страна, одвај чекам да се породам, од друга страна ми фуфка, ама и тоа мора да помине, само да биде се во најдобар ред. @Kitten, така ми кажаа на ГАК мене, а и по групиве на фб така кажуваат жениве што скоро се пораѓале. Инаку, прашав за резултатите од брисевите, ми рекоа дека не мора да ги носам на породување (мене кај матичната ми се, само ми се јавија по телефон да ме известат), ама па може кај сите различно е, не знам. Убав ден!
Девојки ај помош малку, у последно време кога се будам ми трне десна рака, а читав дека тоа е наводно недостаток на магнезиум, со мала масажа ми се оправа. Јас ништо не пијам ама ќе почнам па со витамини пошо мали ми го украл железото. Ви се дешавало на некоја од вас? Нормално ли е? Инаку не се дешава секоја вечер туку повремено. Бтв за имиња некаде погоре зборевте, еве јас и мм немаме име зашто тоа он што го сака јас не го сакам. Ќе се договориме кога ќе се врати. Ете, тоа е једино што ме мачи, дали ќе го прифати името што го сонував. Ќе видиме. Убав ден девојчиња, активирајте се малку повеќе, мене незгодно ми стана да пишувам.
Jas stalno odam plodnost kaaj obedniskovski I mnogu sum zadovolna premnogu e strucen I tolku ubo detalno pregleduva ne samo za skrining tuku za sekoj pregled detalno se kazuva
Нормално е трнењето, дури и во будна состојба може да се јави. Не е страшно во секој случај, после породување може да трае уште некој месец (го имав со првото до кај 4-5 месец после породување), па се губи. Магнезиум секако да си пиеш, помага доста. За имиња - и јас го сонив името уште пред да останам трудна и му кажав на мм, јасно беше дека нема тука компромис. Сонот си има значење сигурно, па би ми било шубе да не го ставам тоа име.
Фала ти мн за советот, одма ми се прават филмови инаку. А за името кога му реков, он ми одговори " па и јас го сањам моево цел живот" . Ќе видиме што ќе биде, мислам тоа ни е једино нешто за кое не се слагаме, ама ќе се реши.
и мене ми трне и ми се здрвува левата рака најчесто .И тоа во спиење . Мислам дека е нормално, а зошто е тоа така немам појма ..
Кога сме кај соновите, јас пред да останам трудна секогаш кога сонував бебе ,беше машко .И машко испадна . Име не сум сонувала , а мнг ми е тешко да се одлучам . Нема некој избор ....
Трнењето е нормална работа, на сите ни се јавува, don't worry Туку, зошто не пиеш магнезиум? Обавезно пиј, сега во трето тромесечите (како што кажуваат тие што поминале), почесто станува трнење и грчеви на нозе при тегнење, па магнезиумот колку толку намалува односно спречува. Јас магнезиум пијам од сам почеток и ниту еден ден односно вечер немам пропуштено.
Крстете ги децата онака како двајцата сакате,барем ние така направивме за првото. Сонот си е сон,некогаш сонуваме она што ни е во потсвес. Инаку и да носам девојче нема да ја крстам по сонот тоа име не ме бендисува.
Јас сонував машко уште не знаев пол и сонував име. Името мн ми се допадна. И плус и мене ми е шубе да не стаам име што сањам. Сите различно, но сепак дај боже дечињата да ни се родат здрави и живи па за др се ќе се најде решение.
хахаха кога сме кај соновите... и јас имам сонувано дека имам близнаци момче и девојче, ама еве едно е... исто имам сонувано како менувам пелена на момче... па здравје ќе видиме што ќе испадне... битно да е живо и здраво!
Сонови...сите ваљда ги сонуваме во оваа состојба од што сме преокупирани НА почетокот ми рекоа дека е девојче...Пред да одам на преглед повторно, сонував сон, се будам и на мм му викам ова е машко, а он мене ај спиј ти кажаа женско е, не си прави филмови. Јас после сонот знаев дека е машко, толку жив и реален сон не сум сонувала. Се пораѓав туркав се мачев и на крај излезе и докторот ми го подаде и ми вика еве го баткото да се запознаете. Дотогаш немав ништо сонувано, ниту оттогаш па навака, тоа ми беше единствен сон., И знаев дека ќе биде машко. Попладнето бев на контрола и др ми вика, еее еве му го курето, 100% е машко....Само го погледнав мм што ми значеше „ти реков“... Туку, јас друга мака имам. Сега почнав да размилувам за чинот на пораѓање. Дали ќе успеам. Паничар сум по природа. Се ме матат мисли дали јас ќе излезам од настанот здрава и жива....ЌЕ си пукнам веќе, секој ден нова преокупација за мислење наоѓам. Па после ќе ми текне си викам аман бе седи мирна, па цел свет родил, и ти ќе родиш. )