И јас бев денес. Досадно е, а и си го потрошив целото право на отсуство од работа за безвезно испитување за кое немав никакви индикации. Плус во чекална со настинати и вирусосани луѓе еден куп. Немаат во предвид дека со секое беспотребно изложување на испитувања се изложуваме и на опасност од инфекции, зарази и плус се исцрпуваме физички, ако не финансиски. Да платев 600 денари само да не одев да ми ги избоцкаат двете раце без причина и да кашлаат милион луѓе кои чекаат за некакво испитување, брис и сл. Резултатите не сум ги зела иако се готови, не можев да излезам пак, утре ќе си ги земам. Од нервоза и брзање заборавив да им речам да ми ги пратат на маил.
Mislam deka ne e za djabe ispituvanjeto da skrieniot seker, bas vcera slusnav za sestrata na moja drugarka koja od nigde nikade i se kacil vo bremenost i sega lezi vo bolnica da ja drzat pod kontrola
27+6 До 28-ма се правело. Во петок детално ќе го испитам докторот зошто е ова задолжително. Цел ден тоа ми е во памет
Те читав мила, и немој да ме сфатиш погрешно, но сепак е подобро што го имаш направено ова испитување, затоа што не дај боже да имало потреба а не си направила-тогаш ќе се нервираше уште повеќе од сега... Знам колку е иритантно чекањето и гмечењето во гужви по болници, но за жал кај нас е така во било која болница...
Здраво и од мене. Да се приклучам и јас на трудничкиве муабети. 9недели и 7 дена Плодот е супер, ама ниско и имам миом и заради тоа имав по малку крварење. Ми ставија инекција и за една недела пак и ми препиша добростан. Малце ми е страв дека и по цел ден на работа сум. Ама гледам да не се напрегам. Можно е плодот да се качи погоре или цела бременост ниско ќе биде?
Каква работа, зимај боловање и во кревет одмарај има време за работа...Честитки за бременоста и чувај се
Апсолутно е така, повеќе ќе се грижев ако не го направев, прва бременост ми е и за се се потресувам. Ама некако премногу ми дојде овие испитувањава де со скрининзи на срце, па кога ми го згрешија мерењето на грлото и сега ова. Во ред е ако стварно има потреба да се прави, ама мислам се претерува со ова ограничување, до таа и таа недела ова, до таа и таа она и постојано нешто се прави. Да не се жалам веќе, битно е да сме сите добри. Да помине уште контролата утре па да здивнеме. Пред контрола сум секогаш раздразлива, ќе помине
Пред два дена Димчев ми рече не постои ниско носење плод. Дека е лаички израз кога нешто не наболува, па демек ниско е, не и медицински термин... Посебно ме чуди низок плод во 10та недела
Добра вечер на сите. За арно за убаво велам само да е.. дај боже секој нека помине лесна и среќна бременост исполнета со куп емоции и радости. Јас денес бев на втор скрининг, тек на 20 та недела сум. Фала му на бога се е во ред, многу сум задоволна од докторката што ме гледаше, сосема смирено, со позитивност и насмевка, пред се расположена за муабет околу скринингот. Немаше потреба да и влечам зборови од уста кога таа самата се кажуваше што е потребно. Го мереше бебето, кога да направи фотографии беше свртено ба го тресевме па се вртев секако, не сакаше да се сврти иако мрдаше, испив една кока кола и еден сникерс кога се вратив веќе беше завртено. Ред муабет, ред шала, ред од се по малку, моето бебче најмило на свет е Син на мајка најубав. Фативме прекрасна поза со бицепс ама за жал не ја сликнавме. Среќна сум, исполнета ко маж ми исто, тој многу се радуваше дека прв пат си го виде синот. На крај си велам само живо и здраво господ да не чува за друго се е неспоредливо со здравјето и добросостојбата. Сите сакаме само за арно, за добри вести и споделувања да сме на темава. Лесна бременост и здрави бебчиња другото е неспоредливо.
Обавезно пазење и да не дигаш тешко. Одбегнувај клекни-стани, минење со правосмукалка и слични активности каде теретот е на стомачни мускули. Го пишав ова за низок плод баш оти и јас го поставив прашањево на Димчев, чија стручност е сепак позната, и се изнасмеа он. Кај мене конкретно, кај двете момичиња вгнездувањето не беше на центарот од кесата, туку сосема на ќошот. Не би можела да дадам сооветен термин за да го преведам тој збор но не е ниско носење. Како расте плодот, а тоа е со текот на неделите, опфаќа повеќе простор и си се мести што би рекле. А во 10 недела недела ниту матка ниту бебуш се толку големи... КАде е миомот? Добро е што примаш терапија, со лесно и да те читаме со убави новости.
Миомот рече дека е позади плодот. Дали е можно од терапијава што ја примам да бидам зашеметена??? И почна деснава рака да ми се кочи и деснава страна од лицево и устата. Го мерив притисокот добар ми е 133 со 89.
Прашање: дали ви се случило при поголем напон да искрварите пд задникот? Ептен се уплашив , цел партал падна мислев толку е се пропадна ама не било од вагина од задник е....извинете на муабетов
При запек можело да се случи т.е распукуваш и крвариш, а може и да се оние хемороиди што се појавуваат во бременост и после се повлекувале...мене така ми објаснија кога прашав на лекар
Дечки јас уште сум во темава, ве читкам ве пратам ама немам што да кажам. 40+3 сум и така си дремеме си чекаме... @LadyIvvy има ли нешто кај тебе ново?
И јас помислив на хемороид ама досега сум немала, затоа се уплашив мнооогу. Ама сега читав као нормално било во бременост. Уффф, фала ви