Мене поарно да не ме слушаат јас Миле Паника сум си кажувам од одма, се ми е хорор. И породилна ќе размислам дали ќе пишам и ако пишам земете ја со резерва. Ептен се паничам, а дозволувам се што треба и слушам што е најбитно.
Ајде храбро само, можеме ние жените да се справиме со се, животот ни го приредува само она што можеме да го издржиме
Мамички дај кажете кога да идам утре на трансфузиологија, од колку саат и дали прво да им кажам дека сум со приоритетен упат и да ми земат крв или кај доктор прво поима немам
Женска ти многу уплашена си од пораѓај... Не мисли ама ич на тоа уживај додека можеш сега. За се има лек, плус ни си прва ни последна што прошла низ тоа. Другарками каква беше испаничена сите што беа породени пред неа ги испрашуваше и на крај и испадна чим се иде на второ па и не е толку страшно. Ќе стиснеш заби ама ќе си го гушкаш заувек после. Иначе мене ми е прво, не знам низ што ќе поминам нит па се секирам. Кога ќе му дојде моментот тогаш ќе му ја мислам. Туку да ве прашам, штетно е многу пешачење? (8-9 часа на нога сум со умерено одење) слушнав дека плодовата вода се намалувала, точно е?
Ce pojdes I ce prasas na informacii so upatot tie ce ti kazat so kako mislam prvo kj doktor ides posle na bockanjw
Јас на работа сум стани,седни .Скали горе -доле. И навечер скоро секоја вечер сум на шетање со мм . Секој што ме гледа ми препорачува да шетам. Колку повеке толку поубаво.А за намалување на плодовата вода прв пат слушам од тебе .
Девојки, има ли некоја искуство со скратено грло на матката и многу ниско спуштен плод? Вчера добив стврднување на стомакот во интервали од по 2-3 минути па ќе ме пушти и пак стврднување поради кое мислев ќе ми експлодира стомакот. Веднаш отидов кај матичниот и ми го правеше оној ужасен вагинален преглед со железната направа и плус вагинално ехо и рече дека морам да лежам цело време, станување само до тоалет ради скратеното грло и нискиот плод. Ми даде утогестан 200 два пати на ден. Од она што прочитав на нет искрено се преплашив... А само 31 недела сум. Рано е за искачање. А девојчево мое активно до немај каде... Си викам од арно ли клоца или нешто ја мачи внатре душиче мое Имав сообраќајка пред 2 мес и од тогаш сум под постојан стрес. Поздрав до сите Вас и бебушките
Со упатот ќе појдеш на шалтерот право од врата, таму ќе ти кажат кај кој доктор да одиш - на кој шалтер за да го дадеш и ќе чекаш да те викнат. Измеѓу некако ги втеруваат малку по малку приоритетните, ќе почекаш можда со оглед да има многу со редовни упати што се.
Не се плаши, ќе биде се во ред ама слушај го докторот, веќе имавме херои мајки тука кои покрај триста проблеми се породија на време у 9ти месец. Немам искуство со тоа, јас зад тебе сум некоја недела ама мислам дека докторот е и стручен и паметен за да знае што е и како. И мене ми е мешето доле и ниско е мојов и кога клоца јако јајниците ми ги разнесува. Не се секирај, дружи не тука, следи што ти кажале и ќе е се ок.
Бев им кажав дека сум со приоритетен ми вика таа на шалтер во среда единствен термин, така да останува тогаш пак да одам
Е да, јас во среда редовно одам и гледам дека тогаш има многу со приоритетни, ама не знаев дека само тој ден е...Епа ајде, во среда тогаш ќе си појдиш
Женски еве ме и мене да ви пишам малку исплашена и изпаничена.... вчера бев кај мат. ме гледаше, грлото на матката е супер ама сеуште постои крв и ми рече дека можи да е до бактериите што ги имав .... потоа го виде бебето и ми рече дека е поназат недела и пол според менструацијата....цела бременост помало ми беше една недела ,но сега и неколку дена ... што стварно ме испаничи ... кога бев предходнио пат бев на 27недела тежеше 860гр. а гледам мн бебина по 1кг. биле тој период. Исто ми стави инекција за зреење и денеска треба да појдам пак ... и нз како ќе биди ,само господ како што е никој не е ....
Немој да паничиш, и мене на последната контрола ми беше поназад една недела, но сите други фукнции се ок, и крвната слика и хемостаза и д-димери... Они гледаат физички параметри, на пример обем на главче, и секако дека неможе кај сите да е исто, некои бебиња се покрупни некои поситни. Ми објасни дека доколку добро се развива не е проблем што е поситно. И ми препорача многу течности за да се зголеми плодовата вода за да има поголем простор во матката...
@Grungie ...офф мила фала за одговорот . се надевам следна контрола бебето ќе си надохнади . И мене ми рече предходниот пат за повеќе плодова вода да пијам течности и сушено овошје .... тоа и го правам па ќе видиме како ќе биди
@ssweety на претпоследната контрола го мери бебето околу 2700, на последната вика 2500гр. Ама ич не се загрижива затоа што милиметри се во прашање, два пати да мери нема исти вредности да му излезат. Затоа не грижи се, слушај совети од докторот, и бебето ќе си порасне
Мене ме заплаши тоа што вчера кога го мереше обемот на главчето,мешето итн. ми рече дека помало е за една недела и неколку дена ... ми е страв да не заостани во растот ... бидеќи до предпоследната контрола од почетокон на бременоста си каснеше една недела ,а сега касни и неколку денови . се надевам ќе си надохнади.
@ssweety душо, не читај мн мн на нет која што кажува. Имаше и тука случај да се фати трудница (т.е. породена жена на која сите и честитавме мајчинство) да лаже со слики од туѓо бебе и сл. Не викам дека сме сите такви, далеку од тоа, ама има секакви. На нет се ќе прочиташ (општо не на Фемина само). Еве јас ќе ти кажам мм се родил 2500 кг па ене го сега 180 висок. И тоа природно, у 9ти месец. Золва ми исто така у 9 ти е родена 1900. Се е индивидуално, но не сфаќам зашто зреење ти правеле, има индикации за предвремен? Ајде не се секирај, се ќе биде во ред, сите со по некоја мака сме и тука сме да си се прегрнеме виртуелно и да си помогнеме колку можеме. Но никој од нас не може да ти е подобар советник од доктор. Затоа слушај го.