Во нашиот град нема еурофарм а во други аптеки се 850ден. 150ден поскапи ... нз како можи иста фирма и се а толкава разлика
[/QUOTE] https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=1187480291318160&id=187383097994556 Си стојам на зборот
Утре ми е терминoт син ми aбер немa зa излегувaње ќе си пoчекaме изгледa oсвен слaби менструaлни бoлки oд време нa време други не чувствувaм
добра ви вечер мамички, да ви се придружам малку и јас едвај најдов време да ви пишам. инаку сега сум подобра, ми помина бронхитот, растеме во мешето и така. а за цената на премама јас овде во кочани од зегин ги земам 690 ден, а во некои аптеки тука низ градов ги има и по 870 ден. позз мешиња, имајте убава ноќ
А колку се дружевме во темава! И породилната приказна си ја има раскажано, а не верувам ниту дека била бремена. Да беше, немаше слики од туѓи бебиња да постира на форумов. Леле мори мајко..
Па имаше слики и од трудница постирано, нели комплименти добиваше? Ако ги нема или она или админите ги избришале. Лажно претставување до немај каде. Болести!
Додека јас и ти коментираме небитна особа јас те приметив, ти си во 9ти влезена! Леле Јаготке уште малце имаш срце... Леле колку ќе ми недостигаш тука. Немој те молам да не заборавиш кога ќе се породиш. Ме фати паника сега кога видов дека за 1 ден си 37ма полна.
Ќути, летна времето. Ни јас не знам кога толку брзо? Се надевам нема да се породам пред термин. Толку убаво се чувствувам, исто како да не сум бремена што би сакала да можам уште месец-два да ја носам. Не ве заборавам, по породување пак ќе ме читате во темава. Нема така лесно да се откачите од мене.
Јаготке па ти си една недела пред мене стварно летна времево ни се доближува битниот момент Ја еве признавам малце ми фуфка се трудам да не размислувам уште од сега, од денес сум дома(гледај тоа е марфи толку од спиење) завршив со работа ќе се релаксирам малку па да докупиме што ни фали да исчистам и ќе си го чекам моментот да се гушкам со синко иначе ко што приметив како се породуваат мамиве ги снемува,се нема време а и се префрлаат во другата тема, битно е дека за брзо ќе се најдеме таму и ние сите ќе решаваме дилеми од секојдневието со бебушките
И јас ја тагирав пред некое време и не врати. Кој знае што се дешава. Инаку добро ви утро. Прајслес момент е оној кога бебенцето во мешко ќе ве клоцка и ќе ве разбуди од сабајле. Како сте џенцки? Во посакувам убав ден. Едит: @Mari* Среќен роденден исполнет со љубов, мир и среќа! Животот да ти дарува се што ќе посакаш! П.с. не дека и јас сум вага, ама обожавам ваги.
Добро утро... јас на работа денес до 14 часот... Оваа недела многу имам трнење во левата рака додека спијам и тоа со болки, и се јавив на докторката ми рече дека станувало збор за некој синдром и да пијам магнезиум... ама јас пијам и тоа 2 пати дневно и секоја вечер иста песна... на работа си донесов столче под биро и супер ми се нозете немам отоци, ама па сега раката почна да ме зафркава.... ама се ќе издржам само бебе да биде во ред! Ако знае некој чаре за трнењто нека ми даде совет... Иначе си растеме... оваа недела мешето ми рипна наеднаш кај матичната закажав скрининг 2 на 12 Октомври, ама планирам да одам и на приватно, одлучив во Плодност, бидејќи здравје планирам таму за пораѓај па да бидат информирани за нас Ние денес сме полни 19 недели и официјално ја почнуваме 20 недела... Поздрав на сите мешиња од Кавадарци!