Употребувате ли сода бикарбона против киселини? Јас секоја втора ноќ одкако влегов во 8ми мака мачам со киселините и повраќам. По цели ноќи дежурам зошто ако легнам ме гушат... чаре некоја од Вас мамички?
Да не те разочарувам, ама мене ништо не ми помага. Најубаво ми е кога лежам на лева страна. Во секоја друга положба ме горат, ми се повраќа.
Пробај душо со ориз нркор зрно да голтнеш, или па јаболко, а можеш и сода да пиеш нема нкакво влијание врз бебчо
Мене содата воопшто не ми помага. Сите се чудат и тешко им е да веруваат, ама ете... Единствено што малку ми ги ублажува киселините е јаболко и нејадење. Ако јадам навечер после маки мачам цела ноќ. Еве денес се најадов скара и вечер осеќам нема спиење Се мислам дали да земам гастрогард да пробам, као на природна база биле
Мене па содата ми помага. И мене најчесто ноќе ме фаќаат, ама да не јадам нема шанси, слатко ми. После си голтнувам сода, кога повеќе, кога помалку, ама ме смирува малку
е ова мислам ми е најголемата мака од се во бременоста и кога се обратив кај матичниот и ми даде чепчиња за помош од пусти страв почнав да идам на секој 3 ден
Откако влегов во 7ми секоја вечер имам киселини. Рупурут ми помага само. ( на природна база биле и не се штетни за трудници)
Фала Ви мајкички. Јас сум пробала со јаболко, со шоља ладно млеко, со коцка шеќер, но само краткотрајно ме смирува и по некој половина час повторно истото.. за содата не бев сигурна дали е пожелна но ќе пробам и со неа. Си викам ако е стварно она дека ако мајката има киселини-бебето ќе се родело со коса, тогаш моево директно за репче фаќање ќе биде спремна
лелеее ме потсети на мене ,јас додуша 7 дена после терминот се породив,ама баш ме интересира како ќе поминеш.Со лесно нека е
@mar_mar не памтам која недела си? Јас сум оној степен кога веќе почнав како патка да одам и да не можам чорапи да облечам. Мешко ми е голем машала за месеците и осеќам тежина и притисок што е нормално. Тешко ми станува и пешачењето, а уште потешко ми е да се качувам по скали. Збрефтам. Што ли ќе правам до 9ти, тек сум на пола 7ми.
Уште утре гo чекaме синкo aкo не пoнеделник сaбaјле индукцијa 9 ден е веќе не гo чекaaт oф мaлце ми е стрaвубaви сништa нa сите
Денес душо ја почнав 34, 33+, ама прв пат во цела бременост чуствувам некакви болки па затоа прашав.Мешко мој е малечок ко за едвај 7 ми хаха
Јас од денес 30+1. Се уште сум иста во извршување на актвности, чистам како да не постои утре и шетам ко луда. На моменти се заморувам, па малце седнувам и се одново. Единствено што ме мачат се киселините за кои во голема мера сум сама крива зошто не ја избегнувам лошата храна. Сега си лежам под ќебенце, лигавам едно кафе 2 саати се канам да зачистам во дневнава малце прашина и да го чекам мм да се врати ми вети ќе шетниме на сонцево. Инаку деновиве сум презафатена со школата за бремени, прекрасно си врвам, вчера демек „научив“ да капам и преслекувам бебе, а како ќе биде ќе видиме Утре е час за доење. Ја прошетав болницата ги видов собите за родилки, ѕирнав едно бебувче преку стакло, старо само еден ден и преслатко и ка крај ги видовме и салите за пораѓање. Сите други трудници на школава силни, само јас пребледена цела Се плашам од пораѓај, ќе лажам ако кажам дека не ми е гајле, ма страв ми е и тоа како! Октомври дојде, времето се намалува и неверојатно брзо лета....
И јас се силев, на работа - дома, дома ручек чистење, па шетање , се јас...ама почнав да се изморувам и ептен да ме боли срамната коска, па и препоните. Појдов на преглед, ми се скратил цервиксот, па да одмарам. А мене пусто место не ме држи, сакам само да праам нешто, не можам само да одмарам. Така да, сите не боли по нешто....
Плодност. За Ск нека кажат другиве жени, би требало да има во секоја болница. Кај нас има и во двете - државна и Плодност.