Јас сум полна 30та од утре. Имам временце уште. Како си ти? Леле колку фалиш во темава, мнооогу! Како ти се малата и голема ќеркичка? Се чувате? Растете? Те гушкам силно!
А машалааааа убаво убаво...со лесно само да е .. И вие мене премногу ми фалите, ве читам кога наоѓам време .... А големата од малата ќерка не се дели...само ја бацува, само ја гушка, ја малтретира буквално.... А ова малово па како во господ гледа во неа... Сега почнува да разбира и како само и се радува малото кога ке дојде големата од школо, абе мислиш ќе полета бебе
Нема поубаво од тоа да имаш помош. Сигурно поголемата помага колку може. Срцки најубави. И јас едвај чекам да осетам како е. Само некако споро време ми минува понекогаш.
Да не е големово ќере не знам што ќе правев. Премногу ми помага само таа и никој жив друг. Ама ако си велам, фала му само на господа што ми ги подари овие две принцези, а се друго ќе помине. Ние мајките сме јаки, посебно кога се работи за нашите деца. Ќе видиш, ќе го осетиш и ти тоа наскоро...А за времето ...тоа одма ќе помине , па после ќе ти фали мешко.... Ве гушкам сите тука трудници најсилно што можам.....
Добро Ви утро женички... Јас пак знам дека тоалетна хартија не се става ни под разно таму доле поради материјалот од кој се прави истата. Ако имате инфекции од влошки кој се прават од памук и фина мрежа за апсорбирање, тогаш замислете доле да тлее обична хартија изработена од рециклирачки материјал која во допир со кожата останува мокра а со тоа и извор на разжножување на бактерии. Ова е барем она што сум го чула јад и сум го прифатила. Моја препорака е подобро чист памук отколку тоалетна. Јас зошто сите 8мес сум со утрогестан за ова време ги пробав сите влошки од големиве маркети и аптека од најскапи па до најевтини и се пронајдов во секојдневните влошки на ларасофт кои ги има само во Кам.. 50комада за некои 80-90 ден, убаво се лепат, средно дебели и апсолутно највпивлива моќ од сите до сега пробани. Никаква иритација од нив.. и менувањето чисти гакички неколку пати во денот е истотака сигурна опција... Да имаме сите убав ден со активни бебуши во мешковците и мирна работна недела
Добро утро На муабетот за инфекциите, и јас пијам течности и тоа вода само по минимум 3 литри во денот, плус други работи. Ама ме фати од негде ете и сега ја лечам Туку, чај од камилица смеам, така?
Добро утро мешиња Јас немав проблем со инфекции ама па машина само со мојот веш пуштав на неколку дена Инаку блиска пријателка на бабами која е гинеколог одамна во пензија ми има кажувано дека секојдневните влошки ствараат инфекција често, секако други материјали освен памукот, не добро исплавени од прашак, сега се поагресивни прашациве па треба и за вешот наш дополнително плавење, а ако веќе имате инфекции подобра опција е од оние марамчињана памучни,маживе порано си ги носеа у џеб, убаво испеглано за да биде стерилно и да се става доле и да се мења по потреба. Тоа беше нејзин предлог. Но јас немав проблем, само мењав веш често и се одмивав секој ден. Иначе едвај чекам утре да си го видам бебуш влеговме во 38ма недела и сега си чекаме, дома сме при крај со спремање битно торбицата е спремна за во болница, јас на крај се одлучив за чаир без врски сум па со господ напред.
Истите улошки и јас ги користам. А по препорака на доктори ми е кажано ако не е улошка чист памук е топ зашто диши кожата и е намален ризикот од инфекции. Али ете, кој како сака. Јас тотално се сложувам со тебе.
Добар ден мешиња! Ние влеговме во 21 недела... денес 20+2, иначе сме супер еве на работа, кафенце, чајче од брусница рани душа да те слуша... и јас обавезно менувам по два пара гаќи дневно, навечер станувам да мочам, ама и некако немам сон... Уште три дена и ќе го видиме бебе пс во четврток, едвај чекам Поздрав !
Пoздрaв мешенцa дoктoркaтa ми е пoсле 15 и 30 дежурнa нaјверoјaтнo oстaнувaм нa индукцијa тaкa ми кaжa вo четвртoкoт и јaс aбер немaм зa бoлки држете ми среќa убaв ден
И пaк не врaтијa синкo е уште висoкo и вoдa дoвoлнo пoстелкa вo ред утре ctg средa aкo не инфузијa зa зреење нa грлoтo нa мaткaтa четвртoк индукцијa му дaдoa фoрa уште 2 денa aмa некaкo неќе нaдвoр
Мамички... 2 недели не сум била во тоалет ради затвор..се осеќам многу надувано и тешко. денес маж ми во аптека, по препорака на фармацевтот ми купил органско ладно цедено масло од ленено семе. По две супени лажици секој ден...му рекле скроз безбедно во бременост.. но јас се плашам. Некоја од Вас со мислење..искуство можеби?
јaс лененo избегнувaв не е пoжелнo дa се кoнзумирa вo бременoст предизвикувa кoнтрaкции имaм пишувaнo нa темaвa зa тoa кoгa имaв прoблеми сo зaпек мoжеш дa пoбaрaш вo search , се и сештo прoбaв ништo не ми пoмoгнa oсвен глицерински чепчињa пoтпoлнo безбедни вo бременoст.
Мамички што правите кога бебето ќе ика во стомакот? Жал ми е кај што го чуствувам вака, веќе неколку минути ика.
@tanja manja не знам колку е безбедно во бременост. Јас од искуство не бремена пиев често овакво и само истото ми помагаше. И сега имам дома ама ми е шубе да се напијам. Јас маки мачев и на мене ми помогнаа сувите сливи.. едно пакетче и како нов си утре..
Ништо. И јас прашував ама додека е у меше ништо за жал. А знам како ти е жално и не знаеш како да му помогнеш. Ми се десило и мене.
Одмарај и диши длабоко. Ве испрочитав и гледам не сум единствена шо фатила грип.... Почна грлото да ме боли па почна носот да ми тече и сега цела затната.... За секојдневните и јас имам исцедок и морам да користам, не мењам повеќе брендови почнав со едни и само едни користам до сега не сум фатила инфекција, па ваљда ми пријаат. Иначе ја средив бебешката соба, креветче купивме, душече купивме и постелнина.. Исто и шампончиња и се остало за козметика. Сега ни останува само пешкирчиња и торба.
Значи ќе прснам, се мачам со спиењето од прееска и не можам да заспијам претопло ми е. А тргнам ќебе ми е преладно, нозе немирни и ова не е прва вечер. Почнав да се реметам со спиење, а мн ми треба сон.