Мислaм декa требa итнo пaк дa oдиш нa гинекoлoг, не верувaм декa е нoрмaлнo тaквo крвaрење. Имaв три вaгинaлни прегледи пред пoрoдувaње, вooпштo немaв крв.
Девојки, јас се извинувам ако прашањево не е за тука, ама ме интересира дали некоја од вас ги користела овие подлоги за преслекување и како ја сменувате - кога ќе се извалка или пак на секое преслекување?
@Lepaaa Јас редовно ги употребував и бев презадоволна. Во однос на користењето и менувањето на истите не би можела да кажам некое правило. Бебушите во принцип не мрдаат како кога ќе опркнат, па помала е веројатноста да протече од каката кога ги пресоблекуваме и да избербати. Некогаш една иста подлога ми траела со денови до недела, некогаш една употреба и се лом ќе стане. Јас си набавив и од ИКЕА непропустливи подлоги за преслекување за по пат. Секогаш имав една таква врз тоа душеџето кое стои на комодата за преслекување за да не морам нон стоп да ја перам навлаката на истото. Една имав и секогаш во торбата за пелени, во случај надвор да треба да ја преслекувам. Овие ми беа само засилување. Конкретно мојава од икеа вака изгледаше, но мора да ги има во секој дуќан за бебешка опрема. Топло ги препорачувам за многукратна употреба. Пери и терај.
https://scontent-fra3-1.xx.fbcdn.ne...=b75c170c9bc01dd7e2089a01684a0725&oe=5867ABE5 Од Систина: Минатата среда д-р Ана Кацарска, гинеколог-акушер предаваше на тема спонтано породување или царски рез. Ве покануваме на утрешното предавање на тема безболно породување и типови анестезија. Предавач ќе биде д-р Ивица Стефановски,анестезиолог. Оваа среда за нашите трудници подготвивме подароци од Femibion.
@kikin мислам дека до 25 мм е толерантно. Мене конкретно ми е 26 мм и докторот тука ми препорача да се движам ама бавно, да не се возам долго во кола и да не кревам тешко.
Во правата бременост имав некоја параноја дека треба исклучиво само на лева страна да спијам, па мм ме шибаше во текот на ноќта за да се свртам кога ќе приметеше дека забушавам .
Здраво мамички, јас сум 18+2 и имам повремени болки во матката и стомакот ама се издржливи и траат неколку секунди и нз дали е тоа нормално. Исто така денес многу одев во вц. Претходната недела правев брисеви беа чисти. Ве читкам секој ден ама немам многу време за да пишувам. Позз мамички и галете мешињата
И мене ме интересира за @Twins02 нека пише некој ако знае. Како ме фати грипов баш на најзафатена работна недела... Пробав со овошни чајчиња, камилица и зелен чај со лимун и мед ама не помага па накачив на витамини... Денес како омалаксана сум, осеќам се дека ме боли. Знам што е лекот, да поседам дома едно два три дена да се одморам убавоо ама тек нареден понеделник имам слободен.. Тешко мене.
Добро утро Убаво било дома да се седи. Вака ем среда ем јас не сум на работа Се мислам, да не се многу 10 вагиналети да редам, јас досега 6 ставив, да продолжувам или доста се, што мислите~?
Да продолжиш обавезно од искуство ти кажувам... Еднаш се зафркнав така... Ај да не ги ставам сите да не се многу и пак имав инфекција... Потоа. Пак кога ми даде вагинални сите ги искористив и конечно видов убави резултати.
Ама јас се двоумам демек дека трудна. Да не сум трудна ќе.ги стаам сите без мислење.....или па нема врска?
Ако гинекилог ти ги има препишане тогаш нема што да се двоумиш... Јас од 12недела. До 20нед. Примав вагинални заради инфекции... Поштетна е инфекцијата од вагиналнат
Добро утроо времево е петка за спиење ама ја од рано рано у чаир на преглед и цтг ама тоа рамно тек за една недела ми рече докторот да одам пак. Вчера Бебето кај матичната 3350г а у чаир 3500 незнаев од апарат до апарат дека има разлика затоа и не е релевантно.Постелката зрела трет степен ама ќе си чекаме. Поздрав женчиња
Здраво девојки Нова сум на форумов и ви се приклучувам во трудничките муабети Инаку ова ми е прва бременост и денес сум 10нед и 5дена Срцето го слушнавме во 6нед на првата контрола и веќе на втората контрола во 10недела веќе си мрткаше ☺ и беше 37мм Наредниот четврток сум на првиот скрининг закажав кај петрпва во ремедика Од симптоми исто имав повремени болки во стомакот но не прејаки а повраќав само во 7нед од бременоста и сега за сега сум добра Со нетрпение ги чекам контролите да си го видам бебушот и некако не ми поминува брзо времето Позз до сите