Како влегов во 7ми добив киселини, а за стрии уште немам и не знам нешто дали навистина помага. Да те прашам... Ти во Америка си нели? Како потресена сум, не можам да спијам, мм утре од Мајами треба да си тргне накај дома и сум вознемирена мн...
Da vo MI. Zoshto si voznemirena?? Mislam deka opasnosta im pomina vo FL, plus ne site oblasti bea zafateni. Ne se sekiraj kje se gushkate soon Jas strii imav od porano deka nakaciv na kilaza ama mali samo na love handles izbeleni se... ich ne gi sakam.
Обновите на CNN викаат дека и сабота и недела ќе е на тој регион... Мм вика да не паничам, ама ај иди смири се. Btw не се замарај со стрии, не можеме да си помогнеме мислам дека со што и да ја хидрираме кожата ако сака да испука, ќе испука. И башка најбитно е да сте ок ти и бебчо.
Баш ми фали темава. Прекрасни 18 месеци поминав тука, и како по навика редовно ја отварам. Уживајте си со мешињата, само огаш се мирни бебињата. После почнува интересното и најубавото. <3 Јас редовно ќе ве читкам, а со Господ напред за година-две планирам пак да се "зачленам" во темава за последен пат. Само да добиеме зелено светло, што секако нема да биде уште долго. Ве поздравувам срдечно!
Добро утро мамички. Нека биде убав и сончев викендов. Јас три ноќи по ред не можам да спијам... мочкање на еден саат... тешкотии при менување на страна.. киселини и повраќање. Се осеќам ко лилјак.. Вчера вечерта се напив сода ради коселините и сум заспала и ете во 2по полноќ ме разбуди нагон за повраќање па си се гушкав со шољата а после си седнав исцрпена во дневна и си поплакав... очајно ми треба сон на душава... Башка ме фатил некој страв од новата улога која ме чека.. Веќе сум 33+4.. Како ќе се снајдам.. дали ќе бидам добра мајка.. ќе знам ли што му треба кога ќе плаче.. Извинете што ги изнесувам моите стравови... Дај Боже сите одлично да се снајдеме и да бидеме супер мамички. Убав викенд девојки
Киселини може и да немаш, јас веќе при крај сум па не ме фатија до сега, а за стрии мачкај се многу зошто читав дека при нагло слабеење се јавуваат, па ги очекувам после порагај затоа и се повеќе се мачкам како се доближувам кон крајот. Иначе како залади спијам многу поубаво,ама станувањето во вц е неминовно нормално
Женски дајте совет куковите ме болат ме убиваат си седам и си плачам цело време, нит легната нит седната можам никако,неможам ни да одам,што да правам за да ублажам болка,до крај ќе полудам
Добар ден мамиии! Ние еве кафенце си пиеме на работа, во Кавадарци имаме панаѓур повелете дојдете, до утре е трае... Синоќа убаво поминавме на свадба, се беше прекрасно, само што повеќе седев, 2/3 ора изиграв и толку нозете не ме држеа повеќе, спортски тип сум и само во одредени прилики носам штикли... Иначе, од контролата не ви докажав се синко 451 грам тежи, срце, комори, бели дробови. бубрези и друго се е во ред, рачиња, ноџиња, прстиња се е на број... Дури ни мавташе со едната рака, а со другата го криеше лицето, па докторката не можеше убаво да го слика... Сликички си добив Цервикс 56мм, плодова вода доволно и така... Прашав за грчевите и трпките, докторката рече насабајле да пијам магнзиум, а навечер калциум... Во среда ќе одам кај матичната, и кај неа закажав за скрининг, пак ќе си го видам човечето мало Поздрав мешиња
Од тежина те болат. Издржи, тоа е мора да трпиме Џабе ќе ти е и да се напиеш нешто, или прашај си матичен. На блиска моја така и рече, што и да ти дадам да пиеш џабе е, од тежина е се
Притиска бебето на некој нерв? Јас го имав тој проблем во првата бременост. Во 7-ми месец левата нога ми се фати, баш заради болки во колкот, поточно задниот дел, во близина на кичмата. Не можев ни со стапалото да згазнам. 8-ми исчезнаа болките, а во 9-ти истото ми се случи со десната нога. Буквално се влечкав како полжав. Најлошо е што ми остана болката уште месец дена по породување. Се консултирав со гинекологот, ми рече дека се случува трудници да имаат проблеми со кичмата и колковите, рече ако болките ми се неподносливи да и кажам да ми даде упат за на ортопед. Болките ми беа ужасни, ама си ги трпев. Оваа бременост фала Богу не ми се случи истото. Ако е ситуацијата кај тебе страшна, барај си упат за на ортопед. Инаку јас утре полни 39 недели. Вчера бев на цтг и ехо. Болки немам, беба е тешка околу 3470 гр. Постелка супер и доволно плодова вода. Во првата бременост често одев на цтг во 9-ти, сега ми рекоа до термин ако не ми прсне водењак, немам крварење и болки да си седам дома. Ако го надминам терминот тогаш да отидам. Јас се чувствувам супер, не сакам да се породам пред термин. Нека порасне беба уште малку, а и мама психички да се спреми.
Можеби прашањево и не е толку важно но сепак би сакала да прашам дали смее да се става гел на нокти во тек на бременоста. Јас ставив во 2 месец без да знам дека сум бремена, кога го печеше гелот во ламбата од болка ме заболе глава што сепак ете можеби и не е од бременоста не знам, сепак би сакала да пишете за искуство и совет.
тоа што те печело не е дека си бремена, јас знам дека кога ќе идеш да се породиш нетррба да се има ништо на ноктите...Во текот на бременоста си зависи од тебе или прашај го гинекологот види што ке ти каже
мислам дека не е опасно пошо во буквала сите гелови на нокти печат а главоболките ќе си ги имаме до крај а јас читав на апликацијата што ја имам дека во бременост ноктите појаки ни стануваат заради хормоните и на смеа пишува уживајте во нивно средување поеќе ќе траат појаки се а и првите месеци ни се такви со повеќе мачнини главоболки .. да се навикниме дека стануваме мамички али за се што ти е нејасно те мачи еден повик кај док и мирна глава
и тоа плус во план ми е знаиш како и кажуам за грчевиве све аа нишо не е ок е магнезиум не влијае не помага така вие трудниците мислите и викам настината мн аа чувај се и грчи рамења ни да кажи витамини парацет. абе нишо за прегледите делумно задоволна знае да виде се ја кажуваат за мн спремна ама паничарка била замисли што не личи на док така што знам чудна е 60% некоаш очекувам мн поеќе а па и лист диета ( А јас едно 55 кг сум си ) ми даде да не смеам поеќе од 10кг да се попраам и само здрава храна трави и тн е денес кој прави баш така реално.. Битно бебето да е ок другото ајт
Devojki jas se porodiv imam dve prekrasni cerki malku rano vo 32nedela ali se stabilni.Mila1800 i Mia1200
Мамички имам едно прашање ако може да ми помогнете ,, кои прегледи се прават во текот на целата бременост ? Се што сте правеле ако може да ми пишете. . Оваа прашувам зашто сум 20+1 имам направено неколку прегледи ама гинекологов кај што одам некако ми делува незаинтересирано па сакам да видам дали ме праќа на сите прегледи што треба или не ... ви благодарам однапред
Нека ти се здрави и живи и Господ да им дари среќа, љубов и здравје пред се! Тебе ти посакувам брзо закрепнување!