Дааааа срцка таа, ептен се израдував сега кога прочитав! Многу беше исплашена ама супер искочи на крај!
Лелееееееее Сабатини срцка нека и е жива и здрава малечката. Се изненадив баш =) Него вчера бев јас на скрининг, за ова вишокот плодова вода, на приватно. И докторкава вика : има еден цеб поголем, ама воглавно во нормала е. Ама сепак треба сите испитувања да ги направам, крв анализи, и скриен шеќер. Вчера на матура бев, се изнајадов благо and stuff па решив во понеделник да правам лабараторија. Бебушко е многу голем, па ми го корегираа крајниот термин за 30 мај Негде мислам со Ана.Тинкербел ќе да сум *ухууу Сабатини повлече нога прва, баш се радувам, уште не ми се верува... Три дена бевме разлика во термин
Јас тоа го напишав оти кај неа веќе и е почнат до некаде процесот на раѓање, а не дека мене така ми текнало. И мене ме породуваа па не се лутев Форко знае за тоа
Да во државна.. Ако почека Форко уште малку, може да им отидеме таму трите наострени, па нека се пази цел персонал... Како puwerpuff girls ќе ги нападнеме
[/quote] Оооо супер што убаво ако се начекаме а навистина во државна биле по две во соба? Се изненадив кога ми кажаа зашто мислев по 8-9 ти беше на цтг?
Да и јас така слушнав... Бев на цтг пред две недели скоро, сега кога отидов докторот ме прегледа само на ехо ми рече нема потреба цтг, а ни ваг. не ме прегледа изгледа брзаше негде, девојката го чекаше. Ама затоа ми запиша во налазот дека ме прегледал вагинално и цела дијагноза напишал, ќе прснев смеење кога видов, си викам `така му личам веројатно, дека ми е пву формирано, затворено итн итн`
И мене така ми направија пред 2 недели кога бев, ме виде на ехо и докторката вика нема потреба од цтг да се прави па ни вагинално да те прегледам, а се изначекав 2 саати за тоа цтг и ај викам ок, одам по 3 дена да се видам со една докторка и она вика ај на цтг да видиме коа виде дека имам контракции една фаца што направи вика зашто не кажуваш дека имаш болки ? викам па немам ништо не осеќам, значи они си прават како ќе им текне, ако имаат време ке те видат ако не ке ти речат нема потреба
Ноќеска и претходната ноќ се будам и стомакот ми е некако тврд. Се случува ли кај вас вакво нешто? Да не се контракции? Незнам какви се контракциите затоа ми е чудно
I mene srcka nekako tvrd mie stomakot I nekoi cudni bolki na 2 seek AMA doktorot mi kaza deka toa e normalno ne se kontrakcii
нема врска тоа за контракции дека мора да ти се стврднува стомакот, мене само ниско долу ме болеше како менструална болка и 2 дена пред да се породам препоните ме болеа многу едвај се движев. поздрав
od bapski muabeti imam cueno deka bliskite koi se pocinati besprekorno se raduvaat na prinovata i se javuvaat vo son kako znak na zadovolstvo, sreka i beriket! Ne se plasi, poubavo e taka da si veruvas i mislis odkolku da razglabas u glava sto i kako e Jas taka bi se tesela...
Оооо супер што убаво ако се начекаме а навистина во државна биле по две во соба? Се изненадив кога ми кажаа зашто мислев по 8-9 ти беше на цтг?[/quote] Баш ќе биде убаво да си се начекате, јас така си се начекав со Анчетупанче, си се запознавме, заедно си се породивме и заедно си шеткавме по ходници. Убавини За прашањево за собите, да најчесто се по две во соба, толку и има кревети, има телевизор, има посебно купатило во секоја соба, креветчиња за бебињата, кадичка за бањање, подлога за пресоблекување на бебето. Имаше некои соби каде беа по 3 жени, ама повеќето беа со 2. А со 8-9 нема.
Мешенца еве веќе два дена, ми се јавува не мачнина,туку тежина некоја во пределот кај желудникот трае едно 10/15мин и толку. Сабајле кога ќе станам, и навечер кога си легнувам. Сте имале нешто вакво?
Мене во истиот предел ми се јавува трнење, неколку пати на ден. Само си давам утеха, бременост е, се е нормално
Леле луѓе мене ич денес не ми е арно...ми е страв да си го измерам притисокот да не ми е кренат. Мм е втора смена на работа, па прошетавме денес малку низ градов, и горештинава мислам ќе ме утепаше. Не сакам да знам како им е на оние мамички што се пораѓаат во Август или Септември на пример... Јас бар се тешам дека уште малку имам...