Германија докторите исто ми пресметаа како Димчев и Петровска во систина, а и една друга локална докторка. Така да рачунањето е исто. Ова Французиве некој нов метод на калкулирање
Да. Мене ми рекоа да не јадам сирово месо, сирова риба, необработено јајце и добро да внимавам на миењето на зеленчукот. Некои доктори се попретпазливи од другите, некои воопшто не обрнуваат внимание на овие работи... Тоа е моето искуство. Не наметнувам мислење, само споделувам што ми кажале...понатаму секој си одлучува секако. Само од сладоледи со јајце на пример јас знам две лица кои фатија салмонела.
А некој лек за нос? Пред подолг период,има две три недели,бев настината сега ништо неми е освен носов што ми е цело време затнат неможам да дишам нормално.
http://www.dailymail.co.uk/health/article-3707906/Mums-eat-raw-eggs-food-safety-experts.html Јас обично мислењето го поткрепувам од доктори и истражувања на експерти... Секако, и јас не сакам да наметнувам мислење, но не сакам да наметнувам и страв кај трудниците...секоја треба да си биде свесна, а и доволно паметна за да подистражи малку на темата и да одлучи што е добро за неа, а што не...
Фалааа а ракијата стоплена или не и колку бибер од прилика да не се изгорам да направам беља поголема
Мислењето кое го споделив ми беше кажано од доктор и би било залудно сега да споделувам линкови од безброј медицински журнали кои го поткрепуваат истото. Веројатноста постои, очигледно и тебе ти била позната кога спомена за салмонела на пример во предходниот пост. Не откривме топла вода.
Da, poznata mi bese, ama toa bese pred nekolku godini ... i toa vo leto, koga bakteriite se sirat polesno
Стави си на пешкир ракија, натопи убаво, бибер малку срцка нек падне немој мн зашто и онака пече во текот на ноќта, малку е непријатно ама е мајстор за грло. Нема да направиш беља, јас со ракија се лечам. И сега трудна се лечам ( не пијам фала богу, али мачкам по потреба ако се исечам или сл) . А грло ако ме фати? Не му ја мислам 5 сек . ова одма ќе го направам. Повиј се со кебе преку грло за да загрее побрзо. Пиши ми утре како си
Во однос на салмонелата... Секако постои ризик при конзумирање на термички необработена храна... Ма колку сакаат нека пишуваат статии,незнам зошто би ризикувала со такво нешто во бременоста...
Може се советуваме со доктори кои имаат различен метод на работа и различен став по овие тематики и читаме различен тип на литература. Моето искуство е тоа. Секое добро. Сите го посакуваме најдоброто за бебчињата. @Надежна и јас имам ставено ракија на грло при настинка, ми помогнало.
И мене на самиот старт на бременоста домашните ме советуваа особено да внимавам со јајца и риба (туна). Подоцна истиот став и од докторот. Живо јајце ни под разно.. Со тек на време и статиите што ги читав за да се едуцирам за бременоста го делеа истото мислење. Па сега who knows.... Секој си одлучува кон што ќе се придржува. Добра ноќ мајки нови и оние на средина и оние при крај
Едвај дочитав се, од вчера баеги сте напишале-Loving it!!! Некој имаше објаснето подетално за лентичките, цело време пробував да ја ставам на профил никако не ми успеваше. I finally did it! Отворивте муабет за јадење епа до 6 месец имав качено само 6 kg и батеријата ми цркна на вагата дома а на контрола сум во петок осеќам ќе бидат ектра 10 lbs околу 5 кг до сега... значи 11-12кг. Тешко мене... Иначе женски само чајчиња со мед и лимун за грип тоа му е чарето и никако не залегнувајте.
Нити се едуцирам, нити сум читала за бременоста што смеам што не. Уште прв пат кога влегов кај матичниот ми кажа дека бременоста не е болест - состојба е. Дека треба да продолжам нормално како и претходно. Поголема книга и едукација од тоа немав. Нити се потресувам што смеам а што не смеам да јадам, нити пазам, па фала богу добро сум. Ако нешто треба да биде - ќе биде и обратно. Аман не се потресувајте со се живо и диво. Ако ви каже доктор не треба јајце не јадете, ако ви каже треба ондак јадете. Само едно пазете се- докторот да ви е навистина искусен и да му верувате максимално! Ние тука не сме поголеми доктори од нив. П.с. сега се осеќам како продавачките у беби продавници „ не земајте тетра пелени зашто нема да ви треба широк повој“ и слични глупости. Ја па затоа сум влагала али касно сватив. Мене ми требало докторски совет без пари.
Ептен живна темава, супер. Јас да споделам дека и мене ми рекле недоварено и недопржено јајце во бременост да не конзумирам ( ова доктор), а камо ли живо.....Исто и мајка ми по старински, така да не ризикувам. Ама јас сепак сум на ставот дека секој знае за себе. Еве јас па риба јадам...така да, возрасни сме, терајте.
Ова ме потсети на муабет на една бабичка пред неколку години у државна коа му се сврте на еден доктор и му вели: - Докторе, ме боли кога дишам - Епа не диши - и одговори мртов озбилен и си замина.