Мене поради психолошкиот фактор ми закажуваа на 2 недели, за да не дојде до некакво разочарување поради нетрпеливост. Физички фактор не ми спомнаа. Повеќе искуство нека сподели друг. Кажи им на докторите пред прегледот за временскиот интервал помеѓу вагиналните прегледи, како се чуствуваш, симптоми и сл... Претпоставувам на лице место они најдобро ќе отценат.
Moe mislenje e deka premnogu boravanje ne treba. Mozebi ne e stetno,neznam.. no ne e greska da si se zacuvas kolku moze.
Од мое искуство можам да ти ксжам дека еднаш ме гледаа... кога ми потврдија бременост а следно вагинално гледање беше после 4 недели и толку... мајка ми и свекрва ми постојано ми напоменуваа:немој да му дадеш вагинално да те чепка стално, па јас иако не слушам попување многу многу од нив, сепак ова си го врзав во крпче и не отидов на приватен се додека плодот не беше доволно голем за со ехо да се види.. Со лесно
Вчера и јас бев на контрола и иста песна, си пливка цело се врти ама на сликичките рачињата на очи Инаку почнав и јас да го осеќам еве 19 недела сум, прво не бев сигурна што е па викам грчеви да не се и го буцкам на истото место и ми врати бе курле ме разнежни син на мајка хихи
Нема врска тоа што велат старите со вагиналното ехо оставете ги. Што чепка докторот долу што е толку страшно? До бебето не може да допре. Ако беше така ќе се пораѓавме за 2 минути. И на другарка ми свекрва кога ојдов на гости ми рече не им дозволувај да те гледаат вагинално јас сум сигурна дека од ехото детето не ми е во ред (има болен син). Толку се изнервирав со таквите глупости што ми ги стресеКога му кажав на др се смееше, а за сексот ми вика дозволено е да се брцка? Мерењето на цервикс ами како ви го прават? Мене и преку абдомен и вагинално. На секој преглед. До 12-та недела др цело време вагинално ме гледаше, па ништо. И сега цервикс ми мери вагинално на крај. Апсолутно никаква поткрепеност нема стравот од вагинални прегледи. Доктори не гледаат, не не гледаат нестручни лица.
koga ostanav bremena so iui Mitko ne sakase da me gleda vaginalno samo nadvoresno, posle koga ostanav bremena prirodno me gledase so vaginalno eho do 12 nedela .Si znae on kako treba ne se sekiraj
Што сте направиле бе жени неможев да ве дочитам. Илјада одговори сакав да напишам ама додека ве исчитам сте ги смениле темите. НЕ слушајте никого- вагинално ехо било штетно. Мака мачам со бабиве околу мене, абе откако останав бремена еден позитивен коментар да не чујам само критики и забрани , суеверија колку сакаш. Почнав да се кријам по дома нит сакам луѓе нит сакам некого да видам, веднаш почнуваат во осми месец ова се случува она се случува пази на ова пази на она....ми се смачи веќе. Сите по нешто знаат па и силни се, тврдат и се расправаат со мене. За новите трудни ова важи никој да не слушате, си имате матични секој друг коментар е вишок
Ко што сватив прашањето беше да не е премногу пречесто вагинално гледање а не преглед ко преглед како што наложува докторската пракса. Не е добро да се претерува зошто и од сексуалните односи е пожелно да се апстинира првите три месеци... Тазе формиран плод е... Зависи и од доктор до доктор... неговата стручност, внимателност и посветеност. Сите знаеме какви се уби боже доктори има и какви се грешки прават.. После зависи од самиот организам на жената.. има понежни т.е почуствителни жени и има по отпорни. Why to take a risk? Нека биде се умерено за да не се иницира нешто непожелно. Ако нешто од старинските муабети сум прифатила тоа е баш оваа тема. Сепак се е индивидуално гледање на работите, одлучување, пракса..минато искуство на блиски итн.. Сепак како и да е сите да сме добри и со лесно на сите
Според мојот доктор и веќе втора бременост вагинално ехо воопште не е штетно во било кој период. Докторот внимателно ја внесува сондада и гледа,само го допира ѕидот на матката. Односите се друга работа имаат континуиран јак притисок на матката. За јајце живо сигурна сум дека не е препорачливо поради тоа што не знаеме потекло а и ризик од салмонела е голем.Истото ми го напомена и за големо количество на туна заради присуство на жива,но еднаш на две недели не прави проблем.И зелена салатата прво да отстои во оцет па убаво да се измие заради паразити ( тоа се препорачува за сите не само за бремени).
Мене во цела бременост не ме гледаа вагинално - ниту Лазаревски, ниту Петровска што после него ме превзеде, ниту матичната еднаш за брисеви кога бев. Првиот преглед ми беше на 6 недели, се виде сакус, на вториот веќе и срцева активност слушнавме.
Јас сум кај Кацарска, одлична е докторката, а би ти препорачала за да видиш дали и он пораѓа отвори на Систина страната во " мајките раскажаа" што се породиле пишува и кој доктор ги породил. Полна сум финти еј
Честите прегледи не се препорачливи ни преку стомак ни вагинално. Мене др не ме ни гледаше еднаш кога му отидов на 2 недели, ме врати дома и ми рече „и за рентгенот пред 50 години не знаевме дека е штетен така да не сакам често со ехото да те гледам, ама што се мора се мора“ . Контролата и онака ја правиме на месец дена отприлика. На почеток на бременост и јас дозволив преглед од матичен и другиот доктор кој ме водеше, ама среќа само еднаш ми се деси. Сметам дека нема потреба од опроварување со прегледии еднаш кај матичен, па еднаш кај приватниот гинеколог итн. Еден си избираш, таму си одиш и готово. Од контрола на месец, па и вагинална да немаш штета. Секако, освен ако нема дополнителна потреба од почести контроли. П.С Ние односи имаме, ама не јаки можеби затоа ги споредив. Умерено со пазење
Па ќе си ставиш вечерва и нема да менуваш крпи. До сабајле ќе спиеш со истата. Таа таман загреала ти ја менуваш а не треба... Ќе ти помине траст ми.
Добро бе како може да кажете што е добро што не е добро и колку треба прегледи да има ? Ние ли сме подоктори од докторите? Ете јас од почеток испоуглавив по доктори и редовно на 2 недели одев се до 6ти месец, значи на двајца одев различни. Мораше да се следи ситуацијата, дали има хематом, дали се намалува и слично. Значи дали треба вагинално и колку често треба и дали смее абдоменално ние не сме компетентни тука да коментираме слободно лутете ми се колку сакате на коментаров. Секој си има свој доктор и ќе си го праша него, ќе си напомене колку често е прегледуван и сл и докторот ќе си каже дали е во ред или не е.
I mene Mitko me porodi, dolgo vreme kaj nego sum i pred da zabremenam, i otkako zabremeniv i bremenosta ja vodev kaj nego i me porodi pred dva meseca. Pocna da mi fali covekov, dusa covek e
Кај мене проблемот е што матичен сака да прави контроли затоа што она ми ги пишува боледувањата (јас сум со малку ризична бременост па сум на боледување сега) Страв ми е да не ја фати некој инат, суетата да ја спопука - па да нејќе да ми пишува боледувања веќе Затоа ја тинтрам и неа... Инаку никој до сега од докторите не ми спомнал дека е штетно почесто прегледување со ехо...можеби затоа што е неопходно кај мене, не знам...
Здраво жени,мило ми е што имав од сабајле да читам доста муабет што сте си направиле Јас бев кај матичната на преглед денес. Бејби е супер пораснал, 1кг600г е . се е ок со него со плодова вода со постелка со се Мама е хепи мнг Инаку за вагинало ехо мислам дека само др кажува кога и дали да се гледа. Мене само 2 пати до сега ме гледаа, еднаш на почеток да се утврди бременост и после тоа кога прокрварев . Толку . Самиот др нејке да ме гледа вагинално. И кај матичната исто и во ремедика .. Имајте убав ден