Значи си бев и останав најголема спанка во групава....ама ај стани на вакво време кога е створено за спиење Инаку за вагиналното ехо, мене само првиот пат ме гледаше матичната кога утврдивме бременост и наредно дури во 31 недела кога имав сумља дека крварам (халуцинирав) и после една недела пак вонредно си појдов на држжавна. Значи три пати во 35 недели. Неделава сум на контрола и за брисеви, не знам како ќе ме гледаат.
Исто и мене на почеток ми беше незгодно од матичната затоа дозволив. Ама еднаш повеќе не. Колку повеќе прегледи толку поголема конфузија кај трудницата. Честите контроли не е толку да се штетни колку што не се неопходни . Со тек на време, кога ќе си напредуваш во бременоста и ти ќе сакаш поретки контроли (освен што ќе ти фали да се гледате со бебушка). @LadyC кога ги споменав честите прегледи и нивниот број однапред го исклучив случајот каде е неопходно често пратење како на пример што беше кај тебе со хематом. Од мене немаше човек што повеќе киснеше на болница. И на почетокот на бременост си измислував причини да одам на контрола, де на одмор ќе одам, де се вратив од одмор, да видам како е беба, па скратено грло, па како е после терапијата грлото, бла бла бла...се додека еден ден магично не се сменив и се опуштив. Признавам и др има влијание на оваа моја промена. Ми зборуваше и ме опушташе. Сега стојам на став дека (ако се е во ред и нема индикација за грижа) нема потреба од контрола кај двајца доктори и нема потреба од чести прегледи. Еве на пример Плодност слави роденден и неделва не можам да закажам преглед. Ќе чекам следна недела, трпеливо...јас.., а на почетокот да бев ќе се шекнев и ќе закажев кај друг доктор, како што направив со вториот скрининг од пусто брзање и налепив на докторка која ми констатира скратено грло и ми го скрати животот буквално, за по 2 недели да се испостави дека тоа било грешка. Ете затоа си седам сега.
Пак ќе кажам затоа, многу е важно да одбереш доктор на кој му веруваш. И јас лутав на почетокот, знаеш, тука беше и ти, ама на девојки кои поминале многу, мислам дека со причина ги викаат почесто на преглед. Не знам, ете јас лесно забременив, ама па какви се не компликации ми се појавија, пак ќе речам фала богу со помин се. Форумов е да си помогнеме нормално и ќе излажам ако кажам дека не ми е мн помогнато тука од многу феминки на кои вечно ќе сум им благодарна, но пред се секогаш доктор сум прашувала.
Јас ги правев денес. На 35+1 Со најмалото железо... и со три стапчиња зема примерок... после ги однесов на микробиологија во Државна. И не ме болеше.. Баш напомена дека овие не одат далеку и дека нема да били... и така беше..
Кај е микробиологија? И јас сама овој пат ќе ги носам....ама да не е касно, дури во 12 ми е прегледот?
И првиот пат ми викаа дека не боли а мене баш ми беше непријатно и сега да не претерувам не е болка тоа кој знае колку . Ама страшно непријатно ми беше . И згора на се 2 пати ги правев ради некоја инфекција сега не ми текнува која беше малер . Се надевам овој пат ке биде по пријатно
do 12 ipol primaat brisevi, mikrobiologija e vo klinika od dolniot vlez pozadi ramstor, stom vlezes vo ulickata od desna strana.
@danichap @kikin @VedaG10 Јас имам уплав од првите брисеви кога останав трудна зошто мене ме болеше.. денес седнав на бокс столицата и нозете ми играа од страв.. докторот вика не си на танц со ѕвездите, смири се, нема да боли зошто не одат далеку. И не болеше.. ама ич. Инаку пошто не пишуваше на упатот за стрептокока баш прашав дали треба да правиме пак и тој ни одговори:овде имаме и за стрептокока земено брис Иначе Микробиологија се наоѓа на задниот влез т.е излез од Државна.. одма карши Рептил маркетот. Наједноставно првата ниска зградичка од задниот влез.
женски едно прашање.многу се мислам каде да го правам вториот скрининг во 20 недела.освен Димчев систина да ми препорачате? фала многу
Леле Гордана ,а два пати бев. Го фалат и Дракулевски он води високоризична бременост и правел скриниг ама нема искуство.
Јас за првиот скрининг бев кај петрова во ремедика и задоволна сум од неа, здравје и за вториот ќе одам кај неа
Скроз си во право LadyC и за ова и за храната - што се смее а што не, исто мислам дека не е овде место за солење памет.
Па доколку некој го сфаќа како солење памет воопшто не треба овде да прашува за искуства. И два доктори за иста ситуација може да дадат различни совети,тогаш што правиме? Темава и мислењата во неа секако не треба да ги земаме здраво за готово,затоа што верувам секој споделува свое искуство,а секоја индивидуа е различна како и секоја бременост...
Сите прашуваат за обично мислење и секој споделува само сопствено искуство...а одлуката си е индивидуална. Веќе одамна е кажано и многу често повторено дека лекарска консултација е неопходна за се. Коментари со навредувачка конотација или дрзок и потценувачки однос може во секој момент да се пријави и бргу да се прекине секакво недоразбирање за кое нема место во вака убава тема.