Истото и јас .. Само тоа имам испитано плус неколку испитувања бидејќи сум рх негатив .. А скринингот кај него ваљда кога му реков .. Рече дојди наредната недела ..
И јас денеска бев на ЦТГ. Болки покажува дека имам, но јас воппшто не ги чувствувам. На ехо се е во ред, беба е спуштена многу доле па докторот вика дека процесот е почнат и би требало денеска или утре да се породам. Денов еве помина, утре ќе сум 40+5 па баш да видиме дали се прогнозите точни. Чекам болки, се пакувам и одам. Тоа ми остана. Ако прогнозите се покажат како грешни, контрола во сабота. И дундево исто како батичко, убаво и е кај мама во меше, не и се брза. Со двете го надминав терминот. Имајте убава вечер и стискајте палци да ме фатат болки зошто не ми се чека повеќе.
Добро утро жени, јас сабајлево се разбудив со треска и болно грло од кај настинав појма немам ... Кажете ми овошни чаеви смее ли да се пие и колку на ден?? Незнам што топло да се напијам ...
Овошни чаеви смееш колку сакаш, не се препорачуваат билните. Јас најчесто се лечам со домашна топла супа со лимон и бибер. Дозволено е и парацетамол во бременост ако мислиш дека би можел да ти помогне.
нас една недела пред свадба изгледа ни е зачнат ноќта пред ергенската/моминската свадбата ни беше на 04 Јуни, тест за бременост правев на 14, не можев да поверувам, а на 15 Јуни бев кај матичната и го видовме најмалото точкиче кое ми го исполни животот... Подарок и за свадба и за роденден (26 Јуни)
Добро утро мамички ..како сте ми денеска.. Јас еве чекам ред кај гинекологот.. Како што тргнала работа ќе се изначекам, неможев да издржам да дознаам зашто бебушка два дена не е активна па искрено се надевам дека е мрза на мене па затоа спие .. Бацки
Мамички јас бев на ехо, и малку се загрижив јас сум 36+3 дена според последен циклус, а меренјата на ехо го кажуваат бебо 34 +5 па ме фати паника, кажете искуства дур не се шекнав хаха
Чаеви што треба да се избегнуваат се црн чај, зелен чај, жен шен, кантарион... чај од коприва, нане, калинка, малина и особено ѓумбир се препорачливи... Нема поделба - овошни може, хербални не може...Барем вака ми кажа мене гинекологот.
Феминки добро утро. Сабајлево ги видов двете цртички и многу се радувам. Но имам страв, многу сум грипосана а примав и инфузија. сега ми препиша докторот оспен зошто грлото ми е никакво.Нема да ги земам додека не ми одобри гинекологот, но многу ми е страв дека сум н апочеток на бременост,според календариве на нет што се би требало 4та недела да сум ,а баш сега е најкритичен период, па да не му наштети нешто на плодот грипов или лекарства. Или пак на лошо ми оди паметот ,да не се развива добро или пак спонтан да имам
Добредојде... Нека ти е добра мисла... и лесно да ти мине настинката... Одмарај и пиј си чајче од брусница со мед, обавезно пиј витамин Ц.... Не мисли на најлошото, без нервози и црни мисли се ќе помине, консултирај се со доктор за се што не ти е јасно...
од други мами што сум читала тука, а и зависно од физикусот твој (ниска, ситна, висока, крупна...) бебето може и да е помало. Не се паничи, мн познавам што се родиле помалецки а брзо напредувале после.
Нека е со лесно бременоста, не се секирај, не пиј никакви антибиотици додека не ти кажат спротивно доктори, мојата бременост почна со бронхитис, пиев амоксиклав без да знам дека сум бремена и кога дознав (имаше уште две апчиња останати) одма ми ги прекинаа и ми рекоа да продолжам да се лечам по природен пат. Еве ме на средина на 8ми месец, бебо здрав, прав фала богу си се развива како треба. Само консултација со доктор што побрзо, лимони, супа со бибер, мн течности и ќе се средиш без грижи.
@LadyC ти си срце, во секоја ситуација ме смируваш Инаку принцезата е малку инаетчивка па е карлично свртена и најверојатно ке одиме со царски
Честитки... ич да не се секираш... оди на лекар, кажи му ја ситуацијата и што ти препише - тоа пиј. Само без грижа на совест веќе кога ќе ти го препишат оти тој стрес е дупло полош од било кој лек... прегратки