Јас исто неможам да спијам ноќе грлово ми се суши а носот затнат, морам преку уста да дишам, а грло боли. Во станов имам градско греење и премногу грејат толку што го сушат ваздухот и целата додатно се зачепувам. На сите радијатори имам ставено чинии со вода, плус и алишта дома сушам, ама пак абер нема, ни малку влага нема во станов, алиштата ми се сушат за 2 саата.
еи мн е непријатно тоа така јас парното во кола неможам да го поднесам не па дома мислам имаше некои апаратчиња за освежување на воздух распрашај се корисни се ... а за спањето исто сим хрчам немож да дишам нерви само ама ајде уште некоа ден ќе издржиме биди силна пиј топло све одзатнува
Му ја праќсм сликавс на маж ми ..и он вика а што е ваква смешана цела . он чекаше слика цела да се види убаво шала на страна .. Јас сум паничар пс поготово сега за бебушкава .. Више ме знае докторот и се смее
и јас така нешто , две недели по свадбата . Прво правев еден тест, ми излезе ептен бледа линија , па уште еден кога излезе убава втора линија , а на 26 му ја кажав на маж ми најубаавата вест. На 28 јуни правец гинеколог , и првата сликичка од ехото со малата точкичка ни е со датум 28 јуни - подарок за еден месец од брак
На доктор да одиш најбрзо што можеш. Не е страшно ако е темен ( така мене ми рекоа моите доктори) не паничи, да пишеш како си поминала.
и јас имам едно вакво сликиче од скринингот , со рачето на лиценце , и маж ми го гледа и се чуди и истата реакција ја имаше како маж ти . Само што моето беше помалечко , пред скоро две недели, гледам кај вас поубаво оформени црти
Се повеќе ме нервираат луѓево, ко љубоморни, не знам што е работата но аман нели се научија на трудни да не им се ситат колу се збуцкале, колкав број гардероба купиле итн. Не влагам во конфликт се смешкам дека ми е испод ниво да им вратам но вчера се запрашав дали треба. Имено, особа која има многу вишок на килпграми, значи многу крупна ми се потсмева за мојот труднички стомак, па зар требаше да и кажам дека јас и во 9 месец здравје нема да го носам нејзиниот конфекциски. Зборот ми е јас откако ја знам гледам да избегавам теми за гојазност или гардероба да не се најде навредена или засрамена она мене за трудничка дебелина ми се смее пред 10 други луѓе.
Затоа доктор консултација е најубава. Ипак он ти знае ситуација, ништо не е страшно ама мирувај срцка повеќе. Ова не може да ти наштети- да мируваш. Се ќе е во ред, јас 2 недели крварев, навечер обилно темен исцедок ко тебе, па види го мој курле цело маже се направи, клоца, си игра со мене, не ме остава да нанам . Се ќе е во ред, ќе видиш.
јас имам една слика од 12 недела и могу убаво фатен профилот и се чудам дали си фантазирам ама исто е како и моето синче, можно ли е да се гледа тоа во 12 недела
Леле не биди како мене. Јас само се карам. Да бев јас до сега 50 пати ќе и кажев дека за роденден ќе и купам шаторско крило да ја подновам. едит: Девојки слики од ултразвук имате посебна тема, таму ставајте, не во оваа.
Стварно мислем требаше да и вратам но пак ти ложата ќе би бидеш ја вреѓаш а она демек за убаво за бременост. Ај на маживе што ми трубат мнг јадеш леле колку ќе јадеш денес им свикав се замислија а требаше и на оваа. И најстрашно е ако им вратиш ти викаат работат хормоните затоа се возбудуваш. и како да не сум негативна и да не мислам дека луѓето се завидливи и лоши. Исто така имам едно машко веќе и ваљда предпоставуваат дека би сакала сега женско и навиваат за машко цело време со зборови, му се виде ли курето, јас мислам ти носиш машко итн.
А со лоша намера мислиш е кажано, или е чисто шала? Многу е важен ликот кога зборат, тоналитетот и сл... Ако знаеш со сигурност дека е сакразам или подбивање не им се мисли и покажи им кај им е местото. Јас би така да одиграм ( кога ќе размислам малку посмирено )
Добро, можно е да постојат вакви дебили ?!? Аууу јас се нервирам кога читам . Отерај ги таму фино лепо , не ти ни требаат за муабет
Ма не не ни сарказам ни подбивање, чисто постојат луѓе што ја немаат таа големина да се радуваат на туѓа среќа и да посакуваат туѓа среќа. Ама да ќе враќам. Чисто да ги спуштам малку.