Значи од такт сум се извадила. Си седнувам во автобус и спроти мене мајка со дете. Најпрво не забележав ама после 5 мин го погледнувам детето со сипаници. И ја прашувам мајката викам се извинувам да прашам бремена сум дали детето има сипаници ми вика да. И никому ништо работава. Одма се тргнав викам уште рубеола да е и ја наредив
не ли имаш прележано сипаница до сеа ? битно е ако немаш само кој месец си и дали бил во фаза на пренесување и заразно , ааа и не се коси мила и ако имаш добар имунитет нема потреба за паника .. али ипак за срамота е жената со таа постапка на внесување дете
Па 5ти месец веќе од утре 20 та недела. Инаку имам прележано од таа крупната сипаница но знам дека ситната т.е рубеолата е опасна во бременост а тља ја немам. Само Господ да не чува незнам што да кажам.
Девојки, а овие слабиве болки во кичма после физичка активност (низ дома, ништо посебно) нормални се?
Со ПРИСКА се елиминира веројатноста за постоење на даунов синдром кај бебушот. Се мери нухален набор, се зема крв од вена и врз основа и на други информации се дава статистички податок за веројатноста од постоење/непостоење. ЈАс ја немам правено, повеќе инфо од другите мешиња. Микроплазма е полово пренеслива болест колку што знам , цервиксот ти е грлото од матката ...не знам што друго ти испитале. @Lepaaa Да, не само послаби, туку и појаки.
@danichap мислев почна процесот кај мене Фала ти на брз одговор, еве ги - одморив па поминаа. Туку да те прашам, во Германија ти правеа ЦТГ последниот месец? Мене тука гинекологот ништо не ми спомна. Имав преглед минатиот петок (преглед во 8ми месец), сега наредни имам на 10. Ноември (преглед во 9ти месец).
мислам дека нема опасност сепак ќе се консултираш со гинеколог...моја блиска со втората бременост првото дете и имаше сипаници ама и таа беше во поодмината бременост и се добро помина...мислам дека опасноста е во прво тромесечие...се ќе биде во ред
Мислам дека од 28ма недела почнаа. За мене беше претеризам и непотребен стрес. Требаше на 2 недели а јас го закажував на 3-4 во ист ден, после терминот кај гинекологот. Во таа фаза од бременоста не чуствував потреба едноставно. @eleni27 честитки
@danichap мене овој гинеколог тука ништо не ми спомна. Дури и смешно и чудно ми е кога ме прегледува само рачно. Тука ехо не употребуваат. Само за скрининзи и толку. Леле, колку само се грижам, де надевам де ќе помине како што треба. @eleni27 да се здрави и живи душичките.
Исто, државата плаќа само 3 еха, односно скрининзите. За да ми уклучи ултрашал екстра си плаќам. Во првата бременост со рака ме проверуваше од почетокот на втора третина ми се чини па до крај...сега сум кај друг др., кога ќе се вратам ќе видам како ќе биде.
@danichap не бев информирана за тоа инсче и јас ќе се понудев сама да си платам, само да го видам бебе и да знам се е ок до нареден преглед. Ќе барам акушерка (sage femme или midwife - на англиски) од понеделник, па дополнително ќе одам кај неа и таму ќе го следиме 9тиот месец.
Конкретно јас потпишав договор за плаќање паушален износ кој би ги покривал сите останати прегледи освен оние 3 платени од државата. Но они секако си имаат ценовници за оние кои не се здравствено осигурани, па и да нема таква можност, за што можеби и веќе касно е бидејќи не би ја искористила максимум, сепак би можела да побараш на приватно. Кај мене околу 50 еу мислам беше. Ради чиста мира.
Добро утро. Не можам да дочитам на темава, убаво изгледа вака полна труднички... @eleni27 душо, уште еднаш од срце ти посакувам цел живот горда да си на сите три и Господ да ги чува близначињата , со златна лажица да сркаат!
Здраво на сите. незнам дали ја утнав темава ама сакам ваше мисленје.. Бремена сум 7 гестациска недела, бев пред 2 дена во плодност, докторот вика има гестациски сакус ама без плод. прв пат на ехо се виде на 5недела и 4 дена. дали е уште рано или да чекам да прокрварам hellp
ne e bas ubedliv. mi dade vreme edna nedela za kontrola. me interesira dali nekoja od vas ima slicno iskusntvo?? posledna mens bese na 3ti septemvri a bi trebalo da e zacnato okolu 15- 17 ti. neznam so da mislam.. se iznacitav po forumi