И јас го имам истиот проблем, бело густо без никаков мирис ниту пак ме пече или чеша. На резултатите од брисеви ми покажа кандида, ми препиша матичниот вагиналети а во консултации со друг гинеколог ми рече дека за бременост е нормално појавување на зголемен исцедок. Сепак најубаво е да се посветуваш со твојот лекар. Поздрав
ти си знаеш најдобро...јас на твое место би кажала зашто поддршката од твоите е многу важна во овие моменти. консултирај се со доктор за аналгинот, ако ептен те боли не верувам дека ќе ти го забрани - нормално умерено и не секојдневно.
Јас сум и утре и задутре на клиника. Денеска прегледот помина добро. ЦТГ ме тераа да го повторам затоа што беба беше тахикардична. Јас бев могу вознемирена, па ме оставија да се опуштам и релаксирам и за еден час да го повторам. Второто ЦТГ беше во ред. Нема никакви промени во однос на постелка и плодова вода. Се е како што треба. Докторката што ме прегледуваше рече дека ако до вторник не се породам, во вторник да си се подготвам за индуциран пораѓај. Тоа е што е! Барем повеќе не сум во неизвесност и знам дека секако до вторник се ќе заврши. На сите што сте при крај ви посакувам лесен пораѓај, а на новите мешиња да уживаат во бременоста. Имајте убава вечер!
брисевите ми беа негативни, а по некој ден кога бев на контрола кажав дека имам исцедок, кој тогаш ми беше жолт, и ми даде канестен вагиналетки за три дена. Ги ставав до завчера, ама еве сега од жолто во бело ми се претвори :'( . Мр фати страв дека треба да мирувам а јас (за ќотек сум!!!) ко за инает не мирувам . А бебо си мрдка , го чувствувам... иако поретко од порано . Значи да не се успаничувам за ова ?
Не би требало да паничиш,сепак тоа е мое мислење штом бебето е добро.. И мирувај, уживај оваа е најубавото.
Собери храброст и кажи им, незнам зашто толку си чекала... јас вториот месец им соопштив... прво на родителите на дечко ми (сегашен маж), па следен ден на моите јас имав 21 година... и сеуште довршувам факултет... синчето има 1год и 6м
@Jagoda123 so lesno mila! Ajde mozebi do vtornik prirodno ke si dojde kako i da e, znaci vo sreda, ke se zapoznaete
Фолна се пие прв триместар после се даваат премама или сл витамини кои самите содржат фолна. Ќе ти каже доктор. Јас ги пиев до 13та недела.
Нормален е бел исцедок не се секирај, ако смени боја или почне да мириса ќе си се консултираш со доктор. И не паничи.И грчеви во стомак се нормални ако ги имаш. Се е нормално тоа. Истото важи и за @Lady4 @gjoker4e аналгин? Јас ко што знам само парацетамол е дозволен во бременост, молим те консултирај доктор за било какво друго апче.
Ајде собери храброст и кажи им дома на твоите Ако неможеш сама тогаш со дечко ти кажете им заедно Ке бидат радосни ке видиш и јас како тебе мислев дека ке ме избркаат од дома и без спремна на најлошо сценарио а они радосни беа п.с. јас имав 18 години ако нешто ти значи тоа
Сум имала и друг пат , ама вака густо никогаш, а само што ги завршив вагиналетките, очекував да прекине, а не да се зголеми . Стравови ми фрчат , а па и од одење на доктор толку ми е страв , чудо едно. За грчевите кога ме фатија ... јас плачам , маж ми ме моли , ајде вика да одиме ( а касно беше) , да не сме на мерак. Јас - никако !!! Фобија имам од одење по доктори, не знам зошто . Се си мислам нешто лошо ќе чујам :'(
@aaa.vitooo.aaa Те молам не се потресувај, знам дека е тешко ама и себеси си штетиш и на малото сонце кое допрва треба да се развива ( јас најдов да ти солам памет што сум огромен паничар ) ама не сум до волку... Не смееш да се потресуваш за се, се што ти е нејасно, што те тревожи прашај не тука нас, што можеме ние да ти помогнеме ќе ти помогнеме, што не ќе ти кажеме да се обратиш на доктор. Некои работи ти се буквално нормални. Пр. грчеви во стомак ( во јајници ) имав до 6ти месец, пиев магнезиум за нив, во првите месеци повраќав, се онесвестував, па од 7ми си дојдоа киселините кои ми се другарки сеуште и не ме оставаат да спијам понекогаш. Ама секое негово клоцање му благодарам на Бог што ми даде ваков подарок. Наместо да си ги насочуваш мислите кон негативности, насочи ги кон позитива. Јас (можеби за мн од тука не е паметно) но од 3ти месец купувам за бебушот не знаејќи за 100% пол, купував бело и бои што се унисекс. И не пазам на храна скроз од почеток. Се си бутам, како прасе сум (сега изедов пола куглов од Кам што воопшто не е мал и не ми е прв у последниве 2 часа, ама тоа не е тема на муабет ) . Секоја лоша мисла, пиши ни тука, одма ќе ти помогнеме без грижи.
Ви благодарам што постоите !!! со вас го започнувам денот , со вас и го завршувам а за кркање кога станува збор... допрва ке се ширам
Јас мидлам колку повеќе одолговлекуваш толку потешко за тебе, како и да е ке мора да дознаат поголем шок ке им биде подоцна, ама ти си знаеш