Добар ви ден. @Grungie сонце од што сум ко лилјак навечер преку ден спијам до 12. Ова не ми се дешавало во тинејџерски години. И ти значи секоја вечер во 4 а? Леле најјаки сме. Инаку бебо таман помислив дека денес ќе е понеактивен зашто времево е катастрофа, веднаш си се јави да си каже дека се наспал и он. Срце мајкино, многу го сакам, многу! Што ви кажувам, си знаете по себе, ама стварно многу го сакам! Имајте убав ден сите
Добар ви ден и од мене. Вчера бев на 2 скрининг конечно си ја видов принцезата . Добро е се, ноџињата и рачињата се добро оформени, протокот на крв во мозочето и папчникот е во ред и така. Срценцето исто е во ред. Не сакаше да си го покаже лицето да ја види татко и убаво, и двете рачиња пред устата и беа. Се срами од него убавица на мама. Докторката ми рече да не се потресувам ако не ја осеќам често да мрда, постелката е на преден ѕид и тежиме 380 грама . Тоа од мене сега за сега, денес тмурен ден искористете го за галење. Позз мешиња
deka si sitnicka, moze zatoa ti se poznava poveke. taka vikaat - na poslabite porano pocnuva da im se poznava. jas sum od tie pokrupnite pa mislam deka do 5 mesec niso nema da mi se poznava. debela ke me mislat uste deka sum
Девојки мене денес ми истече малку розевкаст слуз инаку сум 37 + 4, незнам што да правам ајд искуства кажувајте
Нема правило. Може саати, може денови...а некогаш дури и недели до големиот ден. Остани смирена, акумулирај енергија и набјудувај го сопственото тело за евентуални промени. Кога и да е со лесно да е.
И на моменти ми протекува течност чиста, јас сепак мислам да одам сега на контрола, какво е твоето искуство?
Доколку ти е мисла во секој случај да си отидеш на преглед. Они најдобро ќе ти кажат каква е ситуацијата. Кај мене прилично поголемо количество на вода беше некаков индикатор дека нешто се случува. Конкретно болките ми беа налик на менструални, само со појак интензитет. Делот околу стомакот и половината. Интензитетот на истите се зголемуваше а истовременос е намалуваше интервалот помеѓу нив. Гледав на саат. На приемр на 30 мин беа најслаби, па потоа малку појаки на 15, засилени на 10...Имаше некој континуитет помеѓу интервалите пред да дојде до негово намалување. Веруј дека ќе препознаеш кога ќе дојде моментот.
Одам обавезно некако на два пати ми остече прилично течност како подмочана бев :/ иф малце и страв ми е
Срц јас не сум доктор, јас сум паничар. Најверојатно јас би пошла само да видам дали е започнат процесот зашто не е рано, сепак си 9ти и да видам дал е се ок. Ако си за царски најубавко е доктор да те ѕирне. Ќе те мислам, да пишеш. ЗНаеш дека се соживувам со сите вас.
Отиди си, најдобро е тоа. Ние може само наши искуства да споделиме но секое е индивидуално... Да ни пишеш.
Обожавам кога лежам и се дружам со него заедно .. тој момент ми е бесценет навистина и е нешто далеку од најголема и најпрекрасна љубов.. обожавам кога ми го дига стомакот секој ден се повеќе и повеќе.. неописливо..непроценливо.. една безрезервна енормна љубов.
Јас колку што сум информирана касно е но докторот ми рече во 15 недела. Не разбирам што на пример ако има НЕ ДАЈ БОЖЕ што ќе правам? Секој ден на тоа мислам и се надевам дека се ќе биде во ред.
Епа баш затоа препорачуваат до 13 недела да се направи тој скрининг и приска. За ако НЕ ДАЈ БОЖЕ има нешто - да одлучиш што понатаму.
Приската е сепак статистика, не и сигурен резултат. Каде има лоши проценти се препраќа на Амниоцинтеза за која најчесто се чека некоја недела или преку крв... Експресно решение и при лош резултат нема се додека сите расположливи ресурси за испитување не се исцрпат. Јас би се фокусирала на убавата вест за бременост, би галела мешето и би се потрудила без негативни мисли. Стравот е нормален кај секоја трудница но потруди се радоста да натежне.
Девојки сакам да прашам за колку дена закажуваат за втор скрининг кај Димчев во систина? Јас сум 21 недела и планирам да се јавам од понеделник па дали би ми закажале за таа недела или за наредната?