Леле и јас во последно време сум скроз испаничена Како се ближи времето, само на тоа мислам. Прашувам, препрашувам скоро породени, ниту една позитивна приказна не слушнав. Се хорори.... Ми е страв од болката, имам многу низок праг на толеранција на болка, една менстурација без апче не сум издржала, како ли ќе биде тогаш.... Ми е страв за бебушот, дали ќе е добро, ќе биде ли се во ред, како ќе се снајдам потоа со него... А време си лета... еве уште малку и во 9ти ќе влезам....
Зашо без апче? Секако ти даваат лекови за против болка, јас вака имам слушнато од повеќе страни. Ајде, храброоо
Daj boze duso, site do kraj na godinava da se prefrlat vo trudnicki A tebe neka ti e so lesno poragajot, stom si dosla do krajot, naskoro ke si go zemes i trofejot vo race Ti blagodaram za ubavite zborovi, gospod neka ve cuva i tebe i maleckoto, ke bide veselo kaj vas ovaa nova godina Te guskam
Доколку ви влијаат туѓите породилни приказни потрудете се да ги одбегнете. Секоја бременост е посебна а со тоа и секој пораѓај. Нема универзално правило. Се е среќа. Кога дојде големиот момент јас бев избезумена, нетрпелива, возбудена...милион измешани емоции. Патот накај болница беше посебно емоционален за мене и мм. Знаевме дека се ближи моментот да го запознаеме нашето девојче. Немаше чист страв, само микс од многу посебни чуства. А самиот пораѓај се чуствував како во некоја машинерија. Они ти кажуваат што како, ти следиш и правиш. Како филм, како на друг да му се случува. Чуствуваш, и тоа како, но се се одвива како на филмско платно. Се ќе биде во ред, доколку можете да изберете др. за пораѓај во кој имате доверба или веќе установен однос уште подобро поради психолошкиот фактор, но и во спротивно нема потреба од паника. Опуштете се и галете мешиња.
Сакав да кажам дека многу тешко поднесувам болка, имав нормални менстурации, а сепак ако не се напиев апче неможев да издржам. Ова е нешто 100тина пати поболно. Знам дека даваат лекови против болка, но колку тоа ќе помогне во тие моменти....
И да има болки не се континуирани. Има паузи измеѓу доволно да собереш здив и да акумулираш енергија за следната рунда напон.
Ах, мила, фала ти на утехата. Секоја позитивна мисла ми е добредојдена. Знам дека секој пораѓај е различен, ама прашувам бидејќи сакам да слушнам некое позитивно искуство, посебно од првородилки, ама изгледа нема такво нешто. Само се надевам дека како што велиш, се ќе помине како на филм и дека нема да трае долго, а бебушот и јас ќе сме добри.
Знаеш како мене ми кажуваат другаркиве кои имаат дечиња. Болно е ама ке помине , никоја од нив нема трауми . Башка жени и по 3- 4 рагаат знаејки што ги чека . Да се тешиме дека "страшното" ке помине брзо и од цела таа убавина после тоа ке заборавиме што било .. Едит : кога сме кај болката јас сум од тие кои кога добиваа првиот ден го преживуваа со кетонали поради болно добивање ..
Поздрав мајки. После 16 месеци се враќам на темава. Бремена сум по втор пат. 6 недела и некој ден. Таа рачуница е одприлика затоа што не сум сигурна за последна менструација. Па според димензиите е одредено. Многу ми е рано за втора бременост поради тоа што со првата бев царски и поминати се само 16 месеци. Ама тоа е, од сега ќе ве дружам овде.
На страната од систина за задолжителни прегледи во бременоста прочитав дека скринингот за Даун се правел од 11 до 14 недела и дека симптомите за Даун најчесто исчезнувале после 14 недела. А мене гинекологот ми рече дека ќе ги правам во 15та. Што да правам сега дали сепак да го правам и дали ќе има некоја точност? Ми треба совет и мислење. Од бременост единствено знаев дека тој скрининг се прави до 12 недела а гинекологот ми рече во 15та и целата сум во прашалници...
Вистина ли по породување не треба да се пие вода и колку време да не се пие? Вие го практикувавте ли тоа и зошто е така?
Meне екстра ми нагласија да пијам многу вода. Само да пазам да одам во веце секои 2-3 часа, да се празни бешиката.
Не. После породувањето ми нагласија да пијам колку можам повеќе течности. Ова уште во шок соба. Тоа ради анестезијата. Покасно исто многу течности за да имаш повеќе млеко. Да не се пие вода се бабини деветини, демек стомакот да не ти остане голем. Ама нема врска.
сабајле мало разочарување (себична сум знам) но после толку здрава храна, пазење, протеини, зеленчук и овошје јас сум качила уште 2ипоил кила значи мнг е до 17 недела 5 кила ама шта је ту је, не е страшно... а баш нејкев пак да терам +25 али такво ми е телово ваљда
@Neodlucna @kikin @LadyC @ssweety Фала на поддршката девојки. Смирена сум веќе, знам дека ќе биде во ред, беба ја осеќам си плива и тоа ми е доволно Иако некогаш сонувам глупави соништа, но...се тешам дека се дешава кај сите и дека не мора ништо да значат. Вчера бев на трудничко кафе со уште 4 други трудници, седевме скоро 3 саати. Цел кафич го зазедовме Се изнаправивме труднички муабети и си ја олеснивме душата убаво. Убаво е кога некој те разбира точно што сакаш да кажеш, како вие овде. @Neodlucna ехееее каде се 25 кг. Ти си скоро на половина со 5 кг. до крај таман уште 7-8, па и 10 не се многу. До плус 25 кг не стигаш не се секирај
мене ми закажаа наредна недела тогаш ќе сум 13 недела и на др членки исто 12/13 недела најчесто му закажаа а испитувањата се прават до крај на 14 недела . ама пак распрашај се и консултирај се уште еднаш оти до сеа овде не сме сретнале некоја после 14 недела што праела ако не сум грешка
за ова разговараме во темата Прво тромесечие од бременоста...прочитај таму мене ме искараа зашто поставувам во оваа тема такви прашања, не требало
Симптомите тешко дека може да исчезнат, секако доколку воопшто постои основа за истите. Се мери нухален набор за кој има референтни вредности колку треба да изнесува во која недела. Јас немам слушнато некој да прави во 15, можеби има, не знам. Доколку докторката препорачува тогаш белким има некоја табела кои вредности се добри во таа фаза од бременост. Доколку не се чуствувам удобно и сигурно со матичниот доктор јас би го сменила. ОД огромна важност е да се погоди истиот.