Абе труднички муабети е за тоа темава ја ко што знам јассе прашувам тука. Сум прашувала и јас тука нормално е. Не ја ни користеше некој посебно темата прво и второ џабе прашував. Само трето беше поактивна сега и таа не е.
Јас ќе му кажам дека сум сигурна дека се прави до тогаш и баш ќе прашам зошто ми рече во 15та да не можам да ја истерам бременоста со мирна глава. И да менувам гинеколог набрзо иако овој е демек еден од попознатите и многу гужва има кај него. Цел живот сум немала доверба во доктори од сега па ич нема да имам додека не побарам мислење од тројца.
Никако не чекај од него, оди и на друго ако треба, касно е 15та недела, еве и др феминки ќе ти кажат знам со сигурност ова.
И јас сум сигурна ама ете сега касно е не можам да се освестам зошто не се побунив на време можеби од преголемата збунетост за бременоста.
Врска нема имавме ние неколку трудници тука со близнаци, ко што знам скрининзите се за сите исти до 13+ недела и мислам вториот беше 22+ као за најубаво да се гледа. О срце, а ти си денес 14+6?
Мое искуство по тие врати е дека ова не е точно. 20 недела е веќе во рамките на предвидениот термин за втор скрининг, на органите. Ама не за приска.
И јас знам дека прв скрининг се прави од 11+6 до 13+6. Меѓутоа дека доколку има симптоми ќе исчезнат не сум сигурна. Сепак тоа не е тема на прашањево. Муабетот ми е да му се јавиш на матичниот и да закажиш една - две недели порано. Се редактирам: ако си 14+6 не кревај паники, ова се наши ставови а ти не се замарај ако ти рекла докторката појди. Сега -сега, поарно сега отколку воопшто да не го направиш.
momentalno na Telma pocna emisija so tema: Dijagnostika na bubrezni bolesti na deca. Za prenatalna dijagnostika se zbori, ne znam koj tuka na temava prasuvase nesto za bubrezni zaboluvanja na plodot,ama sekako e korisna za site
Од која недела се оди на ЦТГ и дали се оди само на клиника или може и кај матичниот да се прави,дали секој ден се оди и колку трае обично еден таков преглед?
женички помагајте....од синоќа осеќам болка само од десната страна на стомакот ,ако сум седната или легната не осеќа никаква болка што станам има јака болка,мислев дека е заради што некоку дена имам запек,сма сега се олеснав малку,а болката уште е тука ако станам,ве молам помагајте во паника сум
Јас од 7ми месец одам кај матичната на ЦТГ на секои две недели ....а иначе 15мин одприлика трае тој преглед.
Здраво труднички! Ме немаше подолго време, фала за советите. Бев во Систина на преглед и докторката ми вика кој ти го кажал ова. Нема место за наод и паники. Што да ти кажам кога нема ништо. Кој ти го кажал тоа е навистина неискусен доктор. Ми рече нормално е кај машки деца да е така. Дај боже се да биде во ред.
Мешковци, кажувајте како да се справам со стравот од спонтан абортус? Ова е ненормално веќе - како ми е страв и како само барам симптоми, процент на спонтан абортус по недели...абе читам само и само за таа тема овие денови. Пробувам со други занимации, а паметот цело време таму. Немам ништо посебно од симптоми на бременост и тоа ме убива. Утре инаку треба да влезам во 9та недела...
Eден добронамерен совет. Не читај ризици и сл. Мене сите ми викаа кога ќе пројде 3ти месец ќе е се ок, па јас прокрварев во 4ти. Доктори ми викаа се од Господ зависи. Еве фала богу истеравме со мој синко. Па ќе ти кажам, читај забавни работи, не читај се по форумов и надвор од него, знам дека е тешко и јас се потресував многу, многу и беспотребно паники правев ама посилно беше од мене. Ти треба да имаш некоја преокупација за да не мислиш само на тоа. Симптомите вистински од бременост ќе ги осетиш дури кога ќе почне да клоца. Биди среќна ако немаш гадење, киселини и несвестици ( што не значи дека нема да дојдат) .ЈАс имав се, и сега имам киселини еден куп. Едноставно колку можеш повеќе концентрирај се на се друго. ( нема да ти помогне ова што ти го пишувам освен сама ако не си помогнеш)
ај добро вечер. Ние сме на ЦТГ, синко клоца ми ги дупна ушите! Не разбра цела болница дека сме на контрола. Душа моја. Како сте девојчиња, ви посакувам пријатна вечер.
Денеска бев на контрола. 15недела и 6 дена сум и девојче на што јас и мм многу се израдувавме иако потсвесно знаевме дека ќе биде девојче. Го прашав матичниот гинеколог и една што работи таму ми рекоа дека немало врска дека после 14 недела изчезнувале симптомите за Даун но колку е точно не знам. Ми дадоа упат за утре од сабајле на кој пишува Пренатална биохемиска анализа за фетални аномалии во втор семестар - приска 2. Сестрата ме праша дали сакам упат за приска 1 или приска 2 и реков дека сакам за Даун да се провери и дека не знам што е приска 1 а што 2 и влезе да го праша гинекологот и на упатот пишува приска 2. Дали е ова за Даун? И како сеправи? Што да очекувам утре и ако ехо дали е вагинално?