Рецептот е односи на околу 36 часа во периодот на овулација, за да не се утнете, а да добиете квалитетна сперма(јајце клетката чивее 24 ч., а сперматозоидите најмногу до 72 ч.)
Кога сме кај кивањето и кашлањето, да прашам кои капки за нос можам да ги користам, освен синомарин, кои не ми помагаат воопшто? ...и како да ја намалам кашлицата?
можеш и оперил мамица, а ако имаш жолт или зелен секрет нека ти стават и гентамицин, без проблем и без секирации дали смееш или несмееш а за кашлицата фаворит ми е мукоплант на др.таис од тегавец
претпоставувам дека ова со сигурност е безбедно, зошто јас разбрав дека неможело оперил... како и да е БЛАГОДАРАМ...
мамице ако се распрашуваш секој различно ќе ти каже, и така многу работи несмеат, а и на секое упатство писува разговарајте со својот доктор ако сте бремена или доите разговараш со мед.лице , а и од сопствено искуство и пробано на мене ти кажувам, сепак изборот е твој. Пс.па ти не ги пиеш капките
Кога најдоцна се вртат бебињата со главата надолу? Вчера бев на контрола, свртено е со газето надолу. Рече докторот ако остани вака ќе треба царски
Jас не знам точно ама ќе ти кажам на братучетка ми дека и се заврте во последен момент т.е. додека траеа контракциите целиот стомак и се измести и баш се покажа како се мести надоле да се симне, така да мислам дека е индивидуално?
имам слушнато дека и во 36-та недела од карлична се свртело во главична позиција, затоа не му ја мисли, имаш време и шанса, движи се повеќе и без секирации, за се има решение. Важно е бебушот да е во ред
Не се грижам баш многу, се си е во ред со бебето, 1,6кг е тешко, добро напредува, можеби и подобро би било со царски рез, малку сум плашлива за природно . Само јас никако да го зголемам хемоглобинот, на секоја наредна проверка опаѓа. Сменав неколку видови на таблети, сега последно ми препишаа Хеферол (од алкалоид). Што земавте вие кои имавте или имате ваков проблем? За храната јадам богата со железо, ама тоа е за превентива само, јас морам со препарати да се лечам
мамички ај кажете ми по колку чорапчиња, лигавчиња, бодиња итн. имате купено за вашите малечки? Јас само купувам и се мислам малку ми се, а секако многу краток период ќе ги користам...
Раѓајте мамичкиииии и мене ме чека истото во декември здравје Боже ... дај Боже со лесно да ви е , иначе јас сум се свртела кај мама во мешето 2 дена пред да се родам значи има времеееее ... имаааааааааааа
кај мене до 14 дена над термин беше со газето надоле и ме спремаа за царски отидов на 15 ден да ме примат но на ехото беше завртено надоле со главчето и то ана 15 ден над термин се сврти затоа не се косите ке се свти има време
Досега имам купено само 2 боди, наредниот месец планирам да купам се што ми е потребно за почеток, уште се информирам, незнам што се е потребно, колку, бројчиња и слично. А колкава големина ти се алиштенцата?
Mesenca kolku e temperaturata rizicna vo bremenosta (utre sum 7 nedenala) srcevo me boli i pametot mi e samo vo bebusot moj Nokeska 38.6 imav i dolgo vreme edno 5/6 saati ne mozev da ja simnam. Sabajle vo 8:00h ja snema ro 17:00h i eve od 17h imam 37.2
^Во рана бременост е ризична високата температура, иако знам дека не сакаш тоа да го прочиташ морам да ти го кажам, затоа оди си на дежурен лекар нека ти каже што можеш да пиеш за да ја намалиш и најбитно да ја открие причината за високата температура. Ајде без распаметување, војничето под рака и правец на дежурен лекар
не се секирај.и јас имав температура отприлика во 9та 10та недела.се напив и працетамол со дозвола на лекарот.пиј течности и цедени сокови колку можеш повеке и не се секирај .и антибиотик ми препиша да го пијам во тој период ама јас не го зедов оти само по себе ми помина.пага имунитетот и е нормално почести инфекции на организмот.одмарај и штеди се колку можеш.
кај мене во 36-та беше карлично, а во 37 се породив природно, значи си се намести се е индивидуално не се сеќирај