Добро утро на сите мешиња како сте , ние сме добро јас сум веќе 21 + недела малава не ја осеќам многу ама читав дека кај малку покрупните женички понатаму повеќе се чуствувало , ќе видиме , в сабота сме на преглед за ехо на срце а бебушо а и ќе си ја видам уба на мајка , имајте убав ден цурици
И јас првото бебе не го осекав до 22ра, и таман почнав да се секирам една вечер ме изненади со силен кик, бев сама и во тишина дома и вриснав и ги кренав рацете . А сега сум 17 ипол и нешто ко превртување осеќам но не сум сигиурна може и да се гасови, цревата или сл.
Срцка јас колку што мислам втор скрининг веќе го поминав на 18+ недела , сега ехо на срце на бебето се правело од 18 до 22 недела , нареден преглед ми е на 24 ноември кај матичната и треба да испитам само крвна слика и урина и скриен шеќер , друго ништо не ми спомна , поззз
Јас ја чуствувам како некој вид кркорење на црева и некои благи незабележителни движења , ама мислев дека ке чуствувам некој појак удар ама ке си почекам можи е мрза на татко е
14+ бев и јас го прашував да ми даде упут за порано ама он викаше има време .. резултатите ми беа супер па сега се надевам дека нема да испадне ништо лошо. . се водам со тоа Господ да не чува и се ќе биде во ред..
Мислам дека тие стравови се нормални,сите сме поминале низ истото, ама гледај да се опуштиш. По нет има секакви приказни и случаеви . Јас одкако прокрварев во 15 недела , па до ден денеска кога идам во wc се бришам по 100 пати , и со страв . Тоа некако потсвесно го правам . Кога поминаа првите месеци се слушав некој приказни како губат бебиња во 7 месец па во 9ти ..... Да се мрднеш.Затоа опушти се, избегнувај такви приказни, не читај се и сешто по форумов. Уживај во бременоста, брои денови за најубавиот момент.
Јас си имам проблем со движењата нА бебето .. некогаш го осеќам многу убаво некогаш и по неколку дена не го осеќам .. еднаш нели бев кај гинекологот ми рече немој да паничеш нормално е. ..спие бебето ваљда мрзливо е ... еве сега пак тие стравови и секакви филмови во главава .. ми рече на контрола на 11 ама како ќе издржам до тогаш не знам ..
Детски прополис смееш бидејќи е безалкохолен @ANGIE1 мн е битна и постелката на кој ѕид ти е. И башка и кај мене има денови кога бебо е помрзелив, обично на промена на време се осеќа. Ако ти кажале дека е се во ред, нема потреба да се плашиш.
Јас сега треба одам а вчера ми зедоа крв за крвна група и рх фактор и местото ми е црвено и ме пецка малку па сега пак боцкање...Само крв ќе ми земат така? И само уште едно прашање имам и нема да замарам повеќе што на пример ако покаже Даун може да се излечи или? Некако исто е дали ќе се испита или не нема бегање Господ решава.
Нема лечење срцка за Даун... затоа и се прави испитувањето, ако недај боже има нешто - да си одлучат родителите дали ќе ја продолжат бременоста
Ајде и јас да си прашам нешто,25недела сум од бременоста и во последните денови чуствувам треперење во долниот дел на стомакот баш каде што ми е царскиот рез,во првата бременост немав никакви проблеми па ни стравови а сега се ме плашиако се тоа движењата на бебето искрено ми се непријатни и многу долу ги чуствувам ,на контрола сум за една недела но секако ако треба ке отидам и порано ,па еве сакам и од вас мислења да слушнам
Ајде од еднаш ништо не е не се секирај. Нема да му наштетиш на бебчето со една лажичка. Инаку за Даун зборите цело време и за аминоц. Значи по правило сите што ги познавам (веќе повеќето и породени сега) правеа од 11 до 13+6 тест за Даун. Ако тој доктор смета дека е ок да се прави на 20та недела одете кај него и не барајте совет од нас бидејќи се вртиме во круг за исто прашање 5 пати. @gjoker4e јас мислам дека веќе го правевме муабетот, ти како и да е си ок и бебето исто така, не сфаќам зашто препрашуваш исто а па си тераш како докторот ќе ти каже? ( што е поправилно да му веруваш на него отколку на нас) . Ако ти е ок тој доктор терај кај него, тука сме да помогнеме колку можеме ама доктори не сме. Нема да си прва ако ти прават аминоц., ако не сакаш твое е пак ќе кажам. Само те гледам дека си несигурна и не препрашуваш нас неколку пати истото а не си сигурна во она што ние ќе ти кажеме или па уште побитно - докторот.
Јас сега приметив дека е истата членка која прашува за ова... Ама одамна беше тоа, сигурно поминаа 10тина дена, зашто @gjoker4e не си направила до сега приска и скрининг за Даун? А ова што викаш со неделите, ако некој извесен доктор смета дека во 20та недела треба да се прави, а сите други доктори на планетава сметаат дека од 11 до 13+6 се прави тест за Даун - тогаш не би рекла дека треба да го слуша. Јас барем за се нешто се консултирам со двајца доктори, барем додека стекнам доверба во едниот... Лудо време е, ништо чудно и да ти прават тестирања макар и во погрешно време за да ти лапнат неколку илјадарчиња, ако се работи за приватно...
Тоа и ми беше поентата. Но веќе и напоменав дека е поубаво да си провери со уште еден, али најверојатно девојчето му верува нему и тоа е тоа. Јас и ти не сме тука да разубедуваме некој нели Секој има право на избор
Така е да ама можеме да дадеме добронамерен совет... пошто прашува и е загрижена...го бара нашето мислење