Браво бе Дани ова ко јас да го пишував и иста сум. Од 3ти купувам и среќа! Сега сум како неподвижна патка, збревтам цело време, брзо се заморувам и снемувам воздух. Знам дека правилно направив што полека се си набавив. И мене некои мали ситници само ми останаа.
ова го приметив со дел од колешките од работа.бидејќи сум на боледување и сега мојата работа им ја поделија, освен порака дали ти го продолжија боледувањето од фондот и до кога ништо друго не ги интересира(чест на исклучоци на одредени).јас пак проста мислев ќе се радуваат за мене им го кажав и полот и онака не добив ни порака.криво ми е зошто со нив сум била по цел ден сме делеле и арно и лошо, ама сега гледам дека треба малку себичност и да си го гледам повеќе мм и бебушите
Леле и кај нас е истото . Значи толку рамнодушност не сум видела . Деновиве многу често рано се разбудувам и маж ми цело време кажува пред нив како ете не спијам ич, и ете ја таа се јавува... " ааа па допрва нема да спиеш , што мислиш ти така е бебе??" И јас за инает викам , па дај пратете ме некаде во хотел зошто не ми е толку за мене колку за вас - јас пак дома ќе сум , ама се чудам вие сите на работа што одите како ќе издржите по цели ноќи неспани . И секој ден со овој муабет им враќам хахахахха и траат после тоа . Господе , па можно е толку снаата да не се сака ?!? Ама ќе дојде време и ќерка им кога ќе се мажи и ќе треба да раѓа , па со истиве нивни куршуми ќе ги пукам . И уште да додадам ... воопшто никакви емоции не пројавуваат за бебево. Јас не можам да се порадувам пред нив од што толку се индиферентни . А ќерка им да кивне , се возбудуваат. Ама за се им плескам влице, откако стапнав во куќата по свадбата. Подобро ваква да ме знаат отколку да им ќутам и да се нервирам во себе. Ма додека се нервирам јас, нека се нервираат и тие . Леле што лошотилок сум билаааа
кај мене на почетокот беа по ладни, свекрва ми од секогаш повеќе се радувала и плус дека ке добие внука...сеа скоро почна да купува работи, а јас пак ништо си немам земено бидејќи сум со строго мирување...а свекор ми дури сеа во 8ми покажа така нежност што викам јас...како го гледа стомакот така повеќе легнува на брашно...е сеа после ќе видиме како ќе биде...
Девојки, ај помош тука ... Покачени вредности на протеини во урина (протеинурија) имала ли некоја од вас?
мислам дека е нормално на почетокот да бидат ладни. ние сме ладни и упрпани - а тек пак они... кај мене лично сите се среќни и возбуедни, свекрва ми ми се јавува секој ден, морам да признаам дека ме напнува. си фантазираат сите дека ќе било женско, па како ќе се радувале, па како ќе помагале... се уште не купуваме ништо (освен креветче кое ми го поклони старосватицата) ама рано е... 3 месец сум
Мене ми кажаа дека благо покачување е нормално. Поголемото покачување го поврзуваа и со отоците и собирање вода...но за третирање или искуство околу таа тематика јас немам.
Значи не можам да се замарам со никој. Никој се нема јавено да праша што ни треба баш од причина дека ќе купувале кога ќе се роди. А ние се сами веќе купивме, уште некои работи. Не знам што ќе купуваат кога ќе се роди.
Домашниве нити изразиле желба нити интерес што ќе треба да се купува за бебето . Само се со негативни коментари од типот " ке ти се е** мамата ко ке се роди бебето " ! Аман , аман . Од син внуче им е плус прво ... Господееее !
Јас би ви рекла да не се нервирате и да мислите зошто така рекле другите или зошто не се доволно внесени во сето ова. Го имате ли сопругот до вас, сака исто, прави исто како вас, ве поддржува, заедно сте, значи нема потреба да се вознемирувате околу тоа кој што рекол. Некој ја нема таа среќа.
Така е навистина , но не можеш да не се замараш кога си со нив како јас во случајов . Да живееме сами , не се замарам воопшто зошто нема да ги гледам секојдневно и да им ги слушам муабетите... ама со нив сум и не можам да не ги регистрирам
Те сфаќам, се ми е јасно верувај. Затоа велам, ако си заедно со сопругот, значи имаш со кого да ја споделиш среќата, не си сама. Верувај дека многу значи. Јас тоа го немам, но среќна сум што имаме кров над глава со бејби, се друго ми е плус. Намерно е правено и знам колку сум се радувала кога успеа. Aма не се жалам, би било неблагодарно со оглед на тоа дека сепак имаме помош и поддршка На моето бебе јас сум и мајка и татко.
Леле значи истото кај сите, е неможеш да не се нервираш како бездушни се бе, јас со инвитро некој ни прашаа дали ви требаат пари со последните одевме по болници за среќа секогаш стасуваа , а за терапија после трансфер добро што 2-3000 останаа до следна плата , а имаат тој свекорот златна кокошка пари на банка еден куп живеат од камата не рече еве синко 50€ да ви се најдат по пат. Пак сега свекрвица сакаше женско плетенки ќе и правела кога и кажав не се израдува , е убаво мм и рече сношти не заслужуваш на тебе да го крстиме бебето
Ме расплака сега ! После ова поинаку гледам на работите ! Да , најважно е што го имам него и неговата поддршка , а на твоето бебче најважно му е што ја добива љубовта во тродупла количина ! Мила , биди најсреќна со твојата среќичка , ѕвезда водилка во животот, најголемата светлина и благослов од Бог !
Е убаво и плеснал ! О моиве си се филмаат за името , се некако на свекрвица се спомнува името да биде , а на золва ми ќе личело ... оф оф оф ... ќе пукнат за името , не го ставам нејзиното. Имам почината сестра , на три годинки е почината и нејзиното име ќе си му го ставам на ќерка ми ! Само нека си се филмаат, уживам ко ги слушам и си се смешкам под мустаќ
Same here ! Се уште се купува за другото внуче .. за моето имало време кај 9 месец зашто ништо не се знаело се било можно ... душа ме боли што од сега ми го двојат ама тоа затоа мамичка и татичко се што е нај убаво ќе му купат .. иначе да менам малце тема да ми кажете нешто повеќе за инекцијата што се прима во 28 недела за тие што се рх негатив ..
За именце решив, од татко ми ќе го ставам, а и убаво е мислам дека секако ќе ми беше во опција За другото, не дека не ме допираат некои работи, пример сакам да му купам нешто онака од мерак, иако е рано ама многу ми прави ќеиф па така по нешто ситно почнав полека. Но ме нервира кога некој ќе си земе за слобода и ми кажува немој не земај ова нема да сака или џабе ќе земаш оти нејзиното не сакало. Ама важно земале па пробале, инаку како меѓу нас така има разлика и од бебе до бебе, како би знаеле дали ќе сака ако не пробаме Не сакам да му ускратам ништо, колку се може толку ама што е до мене ќе се трудам од петни сили ништо да не му фали
Јас се уште ја немам видено ниту свекрва ми ниту свекор ми ниту фамилијата на мм, а мојата се уште не знае освен мајка ми и едниот брат па немам такви проблеми. Само јас и мм сме најсреќни, посебно мм кој ми е најголема подршка и на сите контроли и боцкања и резултати доаѓа со мене и цело време ми го гушка стомакот и му зборува на малото девојче, поголема радост од тоа нема, од останатите ретко кој ќе се радува искрено па затоа и не ми се шири наоколу се додека некој лично не ми го види стомакот.
Ај бе луѓе пишете зa уреoплaсмa шo кaкo?му сметa ли нa бебетo нештo 3месец сум се нaсекирaв.пoн ке oдaм кaј мaтичен
јас лично немам искуство, но од други трудници знам дека се третирало со антибиотик и дека се средувало...не се секирај гали си го мешето опушти се, се ќе ти каже матичниот што и како