Со лесно нека ти е Ана .. Во контекс со муабетот за бременоста и цигарите. Порано пушев многу , откако дознав дека сум бремена во цела бременост дали преку сила имам испушено 1 кутија цигари, и кога се обидував да ја дојам не пушев, сега веќе пушам ама не пред нејзе. Сите сме ги поминале овие тешки моменти, јас исто бев примена заради ЦТГ кое не му се допадна на докторот , и бев пуштена утрето дента и тоа по моја желба со потпис. Зошто знаев дека нема да се породам. Се породив дури после 9дена.Што поминав таму само јас си знам, но во ниту еден момент не се фрлив на цигарите или да паничам. Затоа мешиња полека само смирено, сите ние сме го преживеале ова, ама се поминува и се се заборава. Со препукување овде и напаѓања ништо нема да смените. Излезете прошетајте и не мислете на најлошото, се ке си дојде во свое време. Поздрав.
најверојатно анушка ни е сега породена и си се гушка со бебушката па ке ја почекаме во породилни приказни ана се молам на бог да си поминеш најлесно што може и што побрзо да закрепнеш а верувај се ке ти стане небитно кога за момент кего видиш човечето што 9 месеци растеше во тебе
Ana sO lesnoo srcc jas malku kasnam mozebi veke si porodena ama daj boze zivi zdravi so bebuskata da bidete
Честитки до сите нови мамички. Со лесно на сите Туку прашање до тие што барем знаат. Дали некој има број за закажување на 4д скрининг и приска тест за во државна. Или пак да ми дадат совет каде би можела да се обратам (приватна државна установа), а да не кошта многу. Ви благодарам
02 3228440 на овој број се закажува за скрининг во државна на ГАК, само јави се порано за да може да ти најдат термин.
Тазе мешенце јас утре влегувам во 12 недела и мене од 8 недела ме болеа зглобови и коски, ми крцкаа ко ореви секој ден. Му кажав на гинекологот и тој ми рече да пијам МАГНЕЗОЛ шумливи таблети, имам недостаток од магнезиум, иако ми рече многу ми било рано ама не е ништо, и ти зборувај со твојот гинеколог. Се најдобро.
Се јавив и нормално месец дена унапред да закажувам и нема термин. Слободни термини после 2 месеци од денес... Абе ми зовре... Не се нормални, значи џабе се плаќа здравствено осигурање, кога самото здравство ти налага да одиш на приватно. Човек треба да закаше 6 месеци однапред или како??? Се нафурав денес, значи без врски и пари ништо.... Се извинувам што се изнаприкажав,ама тоа е, трудна жена и се` е можно Се прашувам само што ќе смени ако не отидам на тој скрининг............
ти благодарам дусиЧке во понеделник одам на контрола и ке го прасам иако пијам едни таблети со повеке витамини внатре сигурно ке ми треба усте сепак поискусна си од мене во неделите ке се друзиме до декември на темава
Феминки колку е опасна каслицата во 6та недела од бременоста? Се напрегам многу кога каслам.Лек некој природен?
пробај да не се напрегас многу,е сега незнам колку е опасно но ако е грип или настинка подобро оди кај матиЧниот ке ти даде несто против тоа,а инаку од природни лекови пробај на ден по 2 лазици мед и многу Чаеви
има сирупи против каслица на природна база е сега колку смеат трудници да ги пијат незнам ке мора да се консултирас со лекар
Мешенца јас оздравев, освен тие 4/5 саати, вечерта што имав температура и толку сега само молам бога да немало никакви последици.