Да одиш на доктор ти е најпаметно за било каков исцедок. Не можеме ние да те советуваме како гинеколог. Пиши ни молим те што си направила.
Не не можеш. Да се редактирам нормален е притисок на кукови од тежината на бебо и ребрата болат од што клоца. Без грижи.
se javiv kaj ginekolog mu objasav se od pocetok posle ovolacija i deka mi kasni 8 dena i isto taka mu kazav za bledite linii na testovite nisto posebno ne mi kaza rece normalo e ima slucaevi kako mojov a mozno e i mi rece deka mesecniot ciklus da e i nisto dr ke pocekam do utra ako ne pa ke odam na ginekologgg dr neznam so da kazam (((((
Оди утре најубаво. Јас во 5+ бев на гинеколог прв пат ( или 4+ бев да не навраќам тука на фемина прво пишав). Доволно беше за да се види зачеток... Девојки бев на доктор и бебо одговара за 37+5, односно 2 недели понапреден е и докторката рече дека до 38ма ќе достигне и близу 4кг зашто е поголем и по мерки на главче и по се. Моментално е 3062кг и плодовата ми е намалена на 3см што значи дека до 38ма ќе ме породат сигурно. @mariz би ја замолила да ми каже ако знае зашто е висока ко мене и знам дека роди поголемо бебче, што значи бебе со главче од 98мм сега на почеток на 36та недела, бидејќи ми рекоа дека е доста крупен, па може и царски да ќе треба...
И мене докторот исто ми кажа, на почеток на 36-та недела имаше 3560 кг, ми вика ова ќе оди царски, посебно за прворотка... А кога отидов на цтг во Чаир 38 недела докторот вика 3300 кг... голема разлика е
Па.и дс се породиш сега во ред е со термин Не се преоптоварувај Кога треба да се породиш - тогаш. Што е страшно?
Za strasno ne e strasno a toa so plodovata voda kolku treba da bidi pred porajgaj mene pred nekoja den koga bev mi bese 8 cm..
Јас не знам што ве замараат со бројки. мене и да ми кажат нема да знам дали е во ред или не. Прашувам само дали е во ред и готово. не си го замарај мозокот со бројки. Уживај си гали го мешето а за брзо и бебо
Може да ми кажеш главата како е запишана? чувам се од бременоста па ќе видам мерки инаку не верувајте мн мн кога ке ви речат големо бебе, на диги бебето беше каде каде поголемо од моето според недели и мерки, а 3кг се роди мерат според параметри од должина на коски, а мевце незнаат колку има не ми е јасно како 3062 го измериле... Башка што ти фуфка одма, јас 4400 природно го родив хаха
Ете сум и јас, со болки во колковите и цела лева нога ми се фаќа. Толку многу ме боли што едвај се движам на моменти. Бебе активно нормално, осеќам дека нема многу простор. Болки менструални на моменти, исцедок зголемен, докторот на претпоследниот преглед рече да го очекуваме бебе од 15 до 20 Ноември, заради положбата, така да тоа е другава недела, па ќе видиме дали ќе биде во право. Искрено за датумиве не се сомневам многу во него. Овде го гледаат бебето на ехо и врз основа на големината и напредокот проценуваат кога точно зачнато и не ми се веруваше ама датумот кој докторот го претпостави за зачнување на нашето бебе ептен одговара т.е. има смисла, со оглед на тоа што ние со мм многу не се трудевме околу зачнувањето, се се одвиваше спонтано и опуштено па се фати ептен лесно. Ќе видиме, како Господ сака така нека биде, само со убаво да си поминеме и да се гушкаме наскоро. Чекањево е тешко, ама ќе се исплати. <3 Иначе стрии имам и јас над колковите, ама не се многу, не е страшно, спомен ќе си имам од бебе, ќе маскираме, ќе се сончаме на лето. Ништо не употребувам посебно, освен млеко за тело од Нивеа за многу сува кожа кога ме чеша многу стомачето. мое мислење е дека се е ствар на генетика, па тоа е - Мама ќе бидам.
Кога бевте прв пат на цтг? Јас сеуште не сум била, имам контрола кај матичен на 17ти, ќе видиме што ќе каже.
Скроз природно.. да во Чаир не зависи премногу големината на бебето, има многу други работи, ширина на колкови, поставеност на бебето и соработка со докторите... некои жени и со 3кг и под 3кг бебе ке се помачат, јас не поминав претешко, ама не ни лесно... еве сакам второ значи не било страшно
Е сакам и јас скроз природно. Страв ми е од игли, од компликации после, вака боли во моментот , раѓаш и тоа е. Добро е да се слушнат и вакви искуства а не само да е здрав и жив тој што ја измислил епидуралната
И мене ми беше страв и никогааш не ја ни спомнав, еден ден болки за убаво се трпат, а искрено после се забораваат... пак би одела природно скроз уште два пати
Прв пат 29недела ама д-р ми кажа дека е исклучок ради документацијата за боледување.Вообичаено почнувале од 36 недела