Мхмм машала со лесно да си поминиш... да сте здрави и живи со бебушо ...иначе јас за 2 дена влегувам во 37.
Дали некоја знае кога се поднесува барање за враќање пари од клексаните , дали по завршување на бременоста и за колку време ги исплаќаат парите? И точно колку % од парите се враќаат?
И јас сакам да немислам ...ама тешко ми оди, Се плашам природно , се плашам царски.... Мајка ми не ми препорачува безболно породување. и само се мислам како ќе биди дали ќе се издржи.
Ima mnogu zeni ne se dobrojuva kolku se porodile i site izdrzale taka i nie .. bolkataa e taa ama koga ke si gi vidime bebinata ke zaboravime na bolkata ..
Jas podnesuvam sekoj mesec, istekuva mesecot i si podnesuvam odma dokumenti,a tek sega prvpat mi isplatija za avgust mesec,dosega nemase dinar pusteno,a refundiraat okolu 80% odnosno mene po 202 denari mi vrakjaat a gi plakjam po 260 denari
Да да во право си . . . Цел свет е така настанат . . . Само господ да е со нас другото се ќе се заборави покрај нашите најмили.
Јас со оглед да одам на 2 недели на контрола поднесувам на секои 2 недели со секој извештај. Враќаат по точно 70%, и мене секогаш.за точно еден месец (ден/два плус минус) ми ги враќаат парите.
И јас уште сум тука брбуш мирен, болки нема и така, во недела ми е краен термин хахахах На пораѓајот не мислам, се трудам мислите на др место да ги насочам, зошто ќе паднам психички... Како и да е мора да го извадат мочково од меше на мама Разговарав со докторот за епидурална, ми вика јас мн ги сакам, зошто полесно за мене а и полесно за тебе, нема да имаш болки и ќе соработуваш го прашав за последиците одпосле, вика тоа е случај од 1000 родилки на една .. мн сум на два ума...
Моево маже денес ми го истурка желудникот, дури ме боли. Симптом никаков. Освен што навечер имам Braxton - Hicks контракции, како да ми се распарува стомакот е така ме боли на моменти, слаби менструални болки и ништо повеќе. Искусни мајки, симптом некој за породување?! Не знам што да очекувам или пак не треба ништо да очекувам...не знам, ама чекањево докрајчува.
И јас немам никаков знак Бев на цтг, малку потспуштен ама е доволно Имам слаби болки ноќе ама.сигурно не е тоа тоа зашто се безвезе болки сигурно не се породилни. Со истата мисла како сите се водам - како влегло, мора да излезе. ќе чекаме, ама му зборам да е паметен, сам да посака да не го ваѓаат со сила зашто и за него и за мене поинаку ќе е Ќе видиме дали ќе послуша
Како може на таа висина да имаш тесна карлица? Плус ова претпоставкиве со меркиве ептен ме вадат од кожа...Колку само ги манипулираат труднициве приватниве клиники (ако добро се сеќавам прочитав на приватно си одиш) само за да заработат поголеми пари со тој царски пораѓај. Мој совет е да не се замараш со мерките. Претпоставките се едно, колкаво ќе излезе е скроз друго. И моето демек огромно ќе беше, излезе 3600 г, а и ние сме сите огромни во фамилија. Извини душо што вака реагирав, ти не си за ништо виновна, но вакви коментари се почесто слушам од приватниве клиники и се вадам од такт.
Јас ти го разбирам револтот ама јас имам повеќе врски во Систина него било каде така да моево бар не е за профитирање. Широки колкови имам и се ок, ама излезот на карлицата е многу тесен. А за бебо не коментирам додека не излезе, ама и мојот матичен и плус докторкава ми рекоа дека е покрупен и подолг Сепак приватно не ризикуваат ако има некаква индикација за разлика од државно што ќе те пуштат природно прво да пробаш па после саати измачување на царски завршуваат. Нема везе, не сме доктори ние да знаеме, само сме идни мајки кои ја ставаме нашата и на нашите бебиња иднина у нечии раце. Нека е се во ред само, тоа е најбитно.
Висина и тесна карлица немаат врска. Еве јас сум метро и шеесет па тесна карлица имам и после саатииии мачење пак на царски завршив. Мада држи вода и на китен муабетот за индицирање одма за царски за поголем профит на приватните, а од друга страна па факт е дека царскиот е поризичен и потежок и за ссмите доктори па... А @mariz која исто е височка жена па природно го роди Тео со 4 и кусур кила. Како и да е со лесно да ви е на сите, а баш за тебе лејди влегов на темава да те видам до кј си мила моја hug: