а што документи поднесуваш со фискалните сметки?јас на почетокот ги купував и ги чувам фискалните, после ми отворија историја во гинекологија и сега ми ги даваат од таму.
Добра вечер мешиња, денес бев на преглед повторно, грлото на матката ми е долго 35 мм. Е сега се двоумам дали да го пијам дабростон от? Ваше мислење
Штo не ме пoрoдијa и мене цaрски вo систинa aкo билo зa пaри туку дoктoрoв сaм ми кaжa не те сечaм, не сaкaм дa те сечaм се дoдекa се дoбри тoнoвите идеме прирoднo, a јaс бев тaa штo целo време инсистирaше нa цaрски oд пусти стрaв дa не се искoмплицирa нештo рaди серклaжoт. Акo сaкaaт дa земaт плус пaри еднoстaвнo и нaјлеснo ќе им е дa те зaдржaт плус еден ден сo бебетo, oткoлку дa излoжувaaт некoј нa непoтребни oперaции. Не знaм веќе дo кoгa нaпaѓaњa нa привaтниве, блaгoдaрение нa тие привaтни клиники јaс и мнoгу други жени сме мaјки.
Nosam fiskalni so smetkopotvrdi zaedno koi mi gi popolnuvaat vo aptekata kaj sto gi kupivam,izvestaj od transfuziologija za clexsaneto i potvrda od maticen ginekolog deka sum gi primala tamu inekciite i se poplnuva baranje vo fondot i toa, posle cekas resenie da stigne pa pari na kraj
mene izricno dvajca ginekolozi mi kazaa deka dabrostonot se pie najkasno do 16ta nedela posle nemal nikakva funkcija bidejki samata postelka lacela progesteron,ova mi go rekoa i od remedika i od drzavna doktori,a utrogestanot e drugo bidejki deluval lokalno ako se staval vaginalno,sepak ti treba da si slusas doktorot ako imas doverba vo nego,ova e samo moe dobieno mislenje koe ti vikam da si go preispitas,mozebi mene mi e pogresno kazano
Добра вечер женички како сте? Еве сме ние уште малку 39 полни недели. Денес бев на цтг бебуш заспан (како вашите) па ме праќаа да каснам нешто благо и кока кола, вториот пат беше добар. Инаку ехо суперрр бебето е намесено само што не е влезен во родилен канал. Паднат чепот(без крв) и еден прст отворена, контракции има ама од лажните. Ни останува уште да чекаме не се знае може да биде и оваа вечер може да биде за една недела....Инаку да си прашам за сигурно, после денешниов вагинален преглед имав крв малку нормално ќе е нели?. Мислам дека ги читав феминките порано ама пак да си прашам де да не ми бега умот на лоши мисли.Поздрав и гушкајте мешињата
Normalno e malku krv ima od samiot pregled i kaj mene bese taka a toj cep kako Izgleda mene seute ne mi e padnat inaku sum 39 nedela
Женски шо се замарате кој како ќе се пораѓа, овде не сме ни доктори ни гинеколози.Можеме само да нагаѓаме. Ако доктор и препорачал немора да значи дека сака да направи екстра кеш, може стварно сака да помогне, посебно во приватна каде секако ќе платите за да се породите. Сигурна сум дека знае докторот што збори. Како и да е со лесно нека ти е лејди, да ни дадеш апдејт што ќе се деси. Добив коментар од колешка што не ме видела цела недела дека стомакот ми се спуштил да му се спремам за бебо, а јас гајле немам ко коњ сум. Алишта исправме, торбата НЕнаместена, карситот и тој НЕнаместен...
Чепот е розеникаво, лигаво, можеш и да не го приметиш кога ќе падне. потоа следи темно кафено како стоена крф. но не е правило. може веднаш да пукне воденикот.
Фала срце за муабетов. Ќе пишам секако што е како е уште во петок. Тогаш ќе утврдиме со сигурност што и како и ќе знаете. Бтв алал да ти е како се испра и испегла. Мене ми требаа 4 дена секој ден по дел зашто кичмава лудница ми е и нозете отоци доле. Торба најлесно се мести ако е се др спастрено.
Отвори на интернет ќе ти излелат слики малку е грозно . Јас го познав зошто такво нешто прв пат гледав како мрсул беше и доста многу ми потече. Претпоставув само дека е чепот не бев сигурна, кога му реков на маричниот ми потврди дека е паднат чепот
Kaко и на приватно, така и на државно има исклучоци за докториве. Има доктор што и на приватно не брка профит, а и обратно. Секоја, ама баш секоја болница има по некој таков и приватно и државно. Постои општоприфатено мислење за инсистирање на царски во приватниве. И навистина дупла е разликата во пари. Јас мислам дека тоа мислење е произлезено од фактот што многу жени сами сакаат царски, а таму тоа што сакаш тоа и добиваш па затоа. Нас ни ги објаснија случаите кога задолжително одиш на царски кога бевме на школа. Јас до последно ќе инсистирам на природно, ама последен збор докторката ќе го има. Се надевам се ќе биде ок кај сите. Како врви времево се повеќе ми е во мисла
Добро утро. Јас не знам како е кај вас ама моево бебуле секој ден по неколку пати на ден штуца. Кога ќе почне, заоѓа...Мн ми е жал, немам како да му помогнам. Така се разбудив и сабајлево. Ајде уште ситно е, па ќе се гушка со мама синенце најубаво. Во мене преовладува се ако ми верувате. До возбуда, љубов, среќа, страв, убавини... Се нешто досредувам и никако да се досредам... Убав ден мами.
30.700 е рaзликaтa вo цaрски, не е дуплo бaр не вo систинa, oвaa рaзликa леснo ќе јa дoбијaт сo плус зaдржувaње еден ден нa мaјкaтa и бебетo мнoгу пoлеснo нели oткoлку дa oперирaaт. Јaс сум пример декa и дa сaкaш немa цaрски бaр кaј мoјoв дoктoр. Нa сред нaпoни кoгa рекoв требaше цaрски дoктoре, убaвo ме искaрa, дa не кaжaм ми се изнaвикa Дентa се пoрoдивме 5 жени 3 бевме спoнтaнo, 2 цaрски oд кoи еднaтa сo близнaци.
Oколу 35000 спонтано (со епидурална) во Плодност, а 72 царски. Значи дупло е, малце и повеќе дури. И мојата докторка инсистира на природно. Мојот или твојот исклучок нема да го покријат фактот што има доктори кои инсистираат на царски за пари, не само во приватно, туку царскиот си го плаќаш и на државно. Исто како што еден - двајца доктори за пример во државниве нема да го покријат хаосот што го раскажуваат пациентките во породилни приказни. Не е воопшто за дискутирање оваа тема,кој како се породил, како требало и дали така требало, зошто сите кажуваме врз основа на сопствено искуство само и ништо повеќе. Нема ниту еден стручен меѓу нас да каже требаше царски или не требаше за да може да ги одбраниме или осудиме докторите и болниците. Откако ќе се породиш малку важно е тоа. Битно е се најдобро да заврши.
Кој не бил и не е, не може ни да знае, најлесно е да се искоментира само. Ѓомити јас кај матичниот не се изнадавав пари, нели треба да е бесплатно...
Добро утро женски... Резултатите од крвта се добри, железо 14,7, а хгб 103, па ми препишаа Ферголобин капсули заради хгб... Мама е поправена 11 кг, па ми рекоа малце на диета, да избегнувам тестенини и благо синко тежок 1 кг и 200 гр љуби га мајка, наместен со главчето доле, големо бебе, плодова вода и постелка се е во ред, го видовме и цоцето бев со свеки и таа си го виде внучето, па ми рече кога ќе одиме нареден пат во Ск и таа да дојде да разгледаме за бебе и да почнеме со спремање. За болките и трнењето во дланките нема чаре ќе мора да издржам, и кажав на матичната дека ни гелот не ми помага, ми рече со ракија да се премачкувам заради циркулација на крвта... Наредна контрола здравје во 32 недела, тогаш и за микробиолошки испитувања ќе треба ми рече... Вие лепотици како сте?
добро утро и од мене. денес уште од сабајле сончев ден се надевам дека ќе се задржи повеќе. е сега да ве прашам понекогаш имам болки во стомак како менструални ама поминуваат за кратко. кога бев кај матичната и кажав и ми рече да пијам дабростон од 10. инаку сум 24+3. некој има ли со вакво или слично искуство. позз мами