Што документи поднесуваш? Дали секој месец земаш потврда од матичниот дека таму си ги примала и освен таа потврда, рецептите, извештаите и копија од трансакциска да не треба уште нешто? И дали знаеш дали може на крај да ги соберам сите па наеднаш да поднесам барање или да си поднесувам редовно
Сечат под стомакот доле ниско. Односно одма над срамните влакна. Ама објаснив, ваљда ме разбра . Мојата рана е многу малечка, некаде 12-13 сантиметри е. И скоро и да не ми се познава, а операцијата беше пред точно 17 месеци. Ама добар доктор заврши работа. На нозе бев станата уште во шок соба. Сега страв ме фаќа за овој пат како ќе биде. Незнам дали ако првиот пат е царски, автоматски значи пак со царски. И дали сечат скроз на истото место, или малку погоре или подоле?
Neznam dali moze se naednas jas podnesuvam sekoj mesec otkako kje zavrsi,mozebi moze treba da se rasprasas,a za potvrdata od maticen ginekolog sekoj mesec zemam deka od 01.11 do 30.11 primer sum primala clexsane,izvestajot od transfuziologija,fiskalnata so smetkopotvrda zaedno i receptite rozevi deka privatno gi kupuvam,kopija od transakciska smetka i baranje popolnuvam vo fondot,samo toa, eve vekje za tri meseci podnesov sega na krajot i za noemvri kje si podnesam
Ај ве молам некој ако знае за сигурно да ми каже дали има рок за поднесување барање за рефундација на клексаните или не? Да не ми речат на крај дека се застарени документите
@kikin повлакнест стомак од мене мислам дека немала ниту една трудница. Долги, јаки, црни, густи, машки влакна. И со двете додека бев трудна стомакот ми беше шума, а на другиве места па се проретчија, ама откако се породив после 3 месеци влакната на стомак си паднаа, косата почна да опаѓа, се си се враќа во нормала.
Dobra vecer meshinja. Vlaknata gi surediv odma shtom mi izlegoa so depilator gi pominav toa na stomak ama tamu dole, saati pod tush pominuvam za da se suredam. Nemozham da si ja vidam kitty cat, krivo mi ee paa I samo se prashuvam kako izdrzhuvaat lugjeto shto se popolnicki i imaat stomak da ne si gi vidat tie delovi. Sakam da odam na depilacija ama shube mi e nekako i sram mi e.... Inache za carski sum slushnala do 4 pati na isto mesto te secat.
Јас се депилирам цела бременост, односно од четврт месец натаму. Слободно појди си зашто вака врска немаш што си фатила што не.
Добро утро женички Јас не можам да спијам на сбајле, во 7:00 часот како навиена Иначе јас цела бременост си одам на депилсција, и баш сега убаво ми го помина стомакот, за во случај ако завршам царски да не ме поминуваат со брич
http://tvoebebe.com/BREMENOST/ishranabrem.php http://tocka.com.mk/3/104579/soveti-za-pravilna-ishrana-za-vreme-na-bremenosta http://www.femina.mk/семејство/бременост/исхраната-во-бременоста
На истото место сечат. Мене првиот пат ме сечеа точно каде што ми завршуваат срамните влакна, сега повторно на истото место. Проблем за зараснувањето на раната се влакната, макар што мене со првиот царски ништо не ми правеше проблем, сега потешко ми зараснува на некои места, баш каде што има по некое влакненце. Инаку, верувам дека повторно царски ќе одиш, поради малата разлика. Кај мене имаше поголема разлика, па одевме на природно, ама сепак постои ризик од руптура на матката, па ме оперираа и мене од таа причина. А верувам дека ќе ме форсираа да се отворам до крај ако не бев царски со првото или ако бев прворотка. Некој погоре спомна се плаќал царски во државна - не е точно, јас ништо не платив.
Зборувавме за нарачан царски, без посебни медицински индикации. Во приватно ќе си го договориш и готово - секако плаќаш, а во државно треба и да платиш настрана за да добиеш царски оти така сакаш да биде, не оти мораш. Тоа беше муабетот од вчера. Јас на работа уште денес, од понеделник малце одмор, а породилното од 1-ви (ако беба не одлучи порано да се запознаеме) Инаку @irena.1 тука кај нас ќе се пораѓам во Бт, ама веројатно иста приказна е оти кога бев на школа и не шетаа низ болница ни го покажаа столот каде ќе не средуваат. Тогаш и реков на сестрата депилирани ќе дојдеме, таа се насмеа и рече „ако“. Така да бричот е се поизвесен
Малку вон темата... Зарем има жени кои "сакаат" царски? Односно захтеваат своеволно операција,неможам тоа да го сфатам... Друго е кога има индикација=нема избор, но од чисто извољевање...
На моменти кога ќе ме фати лудилото сега во 9-ти кога ќе се замислам за пораѓај и јас сакам да ти кажам право. Си велам отпосле ако боли. Ама се премислувам веднаш. Инаку има нормално, сите се со различен праг на толеранција на болка. Не би да осудувам оти и јас се плашам ептен. А во право си - сам да одиш под нож без индикации не е во ред. А дека има такви кои сакаат и добиваат - има. Имам јас и блиски такви. Па откако излезе и спиналната се позачестено е. И кај нас во државна, тоа екстра си се доплаќа (не на фискална) оти ти треба и анестезиолог, а и гинеколог кој ќе го убедиш за царски без индикации. А да не го заборавам и се почесто посетување од „херои“ родилки природно на работа и во околина кои кога ќе ме видат одма : Со лесно! И НИКАКО не прифаќај царски Што ги интересира јас не знам. И сите ќе ја кажат приказната дури се отварале како било, што било...Ми се повраќа веќе од силниве кои родиле и се мачеле
Девојки, нареден четврток или петок царски. Конечно ќе се гушкаме со моето момче. Малку сум збунета, мали контракции имав на цтг ама ништо посебно, но тешко ми е многу за седење, лежење, кичма ме боли постојано и тешко дишам. Едвај чекам мами, само да е здрав и жив, друго се ќе се заборави!
Господ да ве чува двајцата собирај храброст , може и заедно ќе се породиме, мојава абер нема за излегување Само да се живи и здрави, другото ќе помине
Хм.. Туѓи искуства не би требало да се релевантни,секој организам е приказна за себе,од друга страна пак, зошто страв од бол кога си постои епидурал....
Еве јас ќе тргнам од мене. Јас од почеток сакав царски од пусти страв од болка. Јас имам трауми од добивање, цел живот трчам по ургентни за инекции, со повраќања и се. Кога разбрав дека ти требаат врски државно за епидурал и дека не даваат секому си решив приватно да се породам со епидурал природно. Ама ете, за жал ќе мора царски поради повеќе причини. И не ми е важно тоа. Важно ми е да ми е бебето здраво и живо, јас бар од себе тргам, имам 5000 евра за свадба да појам некој кој утре обавезно ќе искоментира дека вака или така било, а немам за бебето 2000е да се роди во понормални и поолеснителни услови и за него и за мене? Јас бар така си викам а и башка не сум правела свадба, па ова можам да си го приуштам. Инаку на сите ви благодарам мнооогу за поддршката, ми треба, не е дека не ми е страв, ама ќе помине и тоа.