Која недела си ти? Не има повеќе наредна што ќе се породиме ќе видиш. Па сите ќе раскажуваме породилни приказни. Само Господ златен да не чува и нас и бебчињата и да ни дава што полесен пород.
38+2 сум Ајде, ајде, се ќе е како што треба, не дека не се плашиме, ја на сите им велам дека не ми е страв, ама не знам како ќе реагирам кога ќе дојде моментот. Дава Господ сила
Imam edno prasanje 39 sum nedela sabajle koga stanav zabelezav rozeva sluzava krv pokasno pocna temna da stanuva kafe na mislam Deka e cepot no ne sum sigurna,a ako e cepot dali teče so denovi i dali moze da se ima odnos so padnat cep
Pocnav da se plasam strav me faka vcera bev na ginikolog no togas nemav krvarenje sakav samo sto posle terminot da pravam odkako ke mi pomina a nemam bolki i mi dade uput denes vo 2 casot treba da idam ctg da mi napravat pa moram tamu da spomnam i za ova voopsto ne sum zapoznaena so ovoj cep
Првото имав договорен царски бебе големо а се породив природно 38гн како од шала и сум многу среќна за тоа. @agapii оди на преглед,убав викенд со бебче да си бидеш. Мене бебето ми е со нозете надолу и многу ме клоца силно имам непријатни болки. Кога Ви се наместија бебињата со главчето надолу,ако избегнав царски првиот пат сега не ми бега
Cepot znaci deka ke se poroduvam mnogu sum isplasena krvaram a nemam porodilni bolki samo jaki imam vo besikata i polovinata koga odam duri edvaj se dvizam
не мора да имаш болки, таман тушни се и иди на цтг. Кажи им се и обавезно да ни пишеш ок? Ќе те мислиме како си
Јас имам и морам на царски зашто носам големо бебе по мерки, а тесна карлица. Додуша мислам дека не. Зависи бебето колкаво е ваљда. Да се редактирам : @VIKTORIJA 1 мене ми е мали надоле од 6ти месец, и не сменил до сега, ама има некои вежби за да се намести што се прават и да се сврти надолу. Има време, може ќе се сврти и самото.
Sega vo 2 imam zakazano i bas da vidam sto ke kazi doktorot i ke vi pisam mnogu sum ispanicena od sabajle a dali na ctg moze da se vidi dali nablizuva poragajot
Kако не, контракции гледаат, срцето на бебето, па и вагинално може ќе те ѕирнат дали си отворена. Не се паничи и не се секирај ( најде кој да те теши јас колку паничам не сум толку голема) ама стварно се ќе биде во ред.
Jas inaku posleden pat koga bev mi rekoa deka sum prst ipol otvorena a sega neznam belki ke me vidat i vaginalno se nadevam i fala na podrskata
Auuu prv pat slusam takvo nesto a kako gi opisuav kontrakciite so steganje ili prvorodka sum i neznam kakvi se jas
Засега и јас сум решена со епидурал да одам, се надевам така и ќе биде. Помалце малтретирање и за мене и за беба. Освен, ако нешто не испадне во последен момент, па да треба царски. За туѓите искуства и јас не се водам, само се нервирам што нон стоп за тоа се зборува кога ќе ме видат со стомаков. Небаре доктори сите баби и теткици Па дури ме зачуди колку околинава е упатена за епидуранла и спинална анестезија, како делува на рбет итн. Се мислам да викнам некоја да ја стави, да не плаќам 200 евра дополнително
Јас многу се движев и останав во добра кондиција,после болница имав 4+ кг. Овој пат не е така . Контракциите почнав да ги чуствувам како грчеви на долниот дел на стомакот и на половината и неможев да се исправам,па ќе пуштеа.Ова зборам за почетните болки.
@agapii ич не паничи мила. Со лесно да си поминиш, јас мислам викендов ќе се гушкате со бебе! @LadyC и вас Господ да ве чува мила, со лесно ќе си поминиш. Тимот во Систина е врв, не се плаши, во сигурни раце си. Јас уште сум тука, бебе активно турка со нозете под ребрата, долу со рацете ептен ниско, висок дечко на тато и мама ќе биде. Добро, мама со 175цм и не е баш висока, ама тато со 2м не е шала. Здрав и жив да си го гушнам набрзо, само тоа ми е важно. Сношти мислев ќе се породам. Почнаа некои стегања на стомакот, Брекстон-Хикс контракции претпоставувам, и тоа на скоро секој пола час. Затегање на стомакот, како некој со каиш да ме затега- ептен, воздух едвај поземав. Мислев кожата на стомакот ќе ми се распара. Денес пратам ситуација, па ако осетам пак нешто слично одам на болница дефинитивно. Овде царски е крајна опција, особено царски со целосна анестезија. Ќе видиме викендов, мислам дека сите ќе се испородиме баш овој викенд.
@Lepaaa и јас го помислив истото, како што тргнавме сите викендов по болнициве ќе сме Мене недела ми е краен термин, бебе абер нема... утре сме на цтг па ќе видиме што ќе каже доктор
@apple12 мене според последен циклус (македонски краен термин) ми е во вторник, а според тоа кога е зачнато бебе (француски краен термин) ми е 06. Декември. Незнам по кој термин да се водам, ама осеќам дека кај и да е ќе биде. Еве ги контракциите пак, проследени со слави болки во лева препона. Ајде, ајдеее па за најзбрзо сите да се радуваме.