Труднички муабети

Дискусија во 'Бременост' започната од meU, 23 јули 2012.

  1. love4ever

    love4ever Активен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2012
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    37
    Мене во 17та недела ми кажаа дека е маско,ама не со сигурност :) во 20та на скринингот ми го потврдија истото ;)
     
  2. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    19.051
    Допаѓања:
    108.785
    Пол:
    Женски

    мене ми кажаа 14-та недела дека можеби е женско според отчукувањата на срцето а потоа во 22-та недела се потврди :)
     
  3. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    11.107
    Пол:
    Женски
    Девојки (Вие што си планирате/планиравте бременост) може ли да ми кажете кои испитувања ги направивте пред да забремените?
    Освен пап тест што друго треба да направам? Утре ќе одам на гинеколог, па сакам психички да се подготвам за она што ме чека, а и да знам колку парички да си понесам. :$
    Летово си планираме бебуш, време е да се подготвам. :wasntme:
     
  4. minne03

    minne03 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2013
    Пораки:
    197
    Допаѓања:
    48
    sto vrska imaat otcukuvanjata na srceto? :-/ kako moze po toa da go znae i polot? 0:)
     
  5. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.378
    Допаѓања:
    259.917
    На мене во 12 недела ми кажаа дека се сомневаат на машко, според мерите на главата и пропрциите, ама со резерва, демек не е сигурно.
    Во 14 недела бев на 4д ехо, правев скриниг за Даунов синдром и докторот не можеше да виде. Ми кажа за околу 10 дена ќе се гледа, ама сепак за полот оставивме да видеме на следниот скриниг во 20 недела. Околу месец дена остана, нетрпелива сум, ама ќе си почекам, иако сите, а и јас сме убедени дека е машко. Кај матичната се сомневам дека ќе видеме пред скринингот.

    Инаку, денес бев на преглед за отоците и ме пратија на испитувања, да ми проверат протеини и уште нешто, не ми текнува што беше.
     
    На ludoto19 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Lillian

    Lillian Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2013
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    47
    Мешенца, имате ли болки во грбот и како се справувате со нив? Мене ме убиваат, не можам ниту да седам, ниту да лежам, а за стоење да не правиме муабет :sweat:
     
  7. bela-imela

    bela-imela Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2012
    Пораки:
    136
    Допаѓања:
    130
    Јас најмногу осеќам болки во спиење зашто не ми одговараат позите, сакамммм на стомааааккк :lol: е веќе два дена мешето гледам ми е потспуштено па осеќам притисок некои тапи болки во долниот дел на стомакот и кичмата.
     
  8. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.529
    Здраво мамички! Ние се мачиме веќе втора недела со нездраво болки, лигаментите на матката ми се многу затегнати и ми предизвикуваат огромни болки. Плус и сега за сега е многу ниско бебуш. Денеска ме гледаше докторката можеби пола саат на ехо, и вика да не зборувам пред време, ама веројатно е девојче, како да гледам вика срамни усни и незнам што се уште објасни. Во секој случај јас се утепав од радување, не ни знаев дека толку сакам девојче! :lol: Море и машко да ми кажеше исто ќе се дупнев од радување. Нормално се е оставено на можеби, ама убаво ми дојде информацијата во макиве танталови. Како мрда среќа мајкина, :inlove: абе денес од што му здосадивме ни сврте газе на крај, ај оставете ме на раат, ви се молам!!! Инает ќе биде некој ко мајка му, хахахахаха! :rofl: Наредна среда имаме закажано 4Д преглед и мерење и приска и што се не, па ќе видиме како ќе се одвиваат работите. Сега за сега си одмарам дома, според докторката ќе си поседам уште месец дена, она сака да ме прати на комисија за секој случај, затоа што работата ми е специфична. Здравје, ќе видиме во понеделник.
     
    На lale24 и gwen им се допаѓа ова.
  9. anicka1anicka

    anicka1anicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2013
    Пораки:
    281
    Допаѓања:
    222
    една од мерките што се зема во предвид за одредување на полот е и отчукувањето на срцето. кај женските е позабрзано
     
  10. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.529
    ^ Да, истото и мене денес докторката ми го кажа, пулсот е доста забрзан а одмарам, башка се гледало ли што таму... :lol:
     
  11. mona22

    mona22 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    686
    Допаѓања:
    1.860
    мешенца јас уште некој ден ке влезам во 12та недела и незнам дали уште треба да пијам фолна киселина докторот ништо не ми кажа а следниот преглед ми е за 1 месец ако знае некоја нека пише
     
  12. Lillian

    Lillian Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2013
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    47
    Одмарај си и не се замарај, и мене бебуш ми е многу ниско, плус имам и некои дрги компликации, бев на комисија и ми дадоа боледување, најверојатно ќе си седам дома до крај како што е тргнала работата, барем ќе се скриеме од жешкото :)
    mona22 јас ја пиев фолната до крај, додека имав, така ми кажа докторот, сега другите што ми ги препиша гледам дека и тие содржат фолна, така да мислам дека не пречи да си ги завршиш :hai:
     
  13. anicka1anicka

    anicka1anicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2013
    Пораки:
    281
    Допаѓања:
    222
    и во првата и во вторава бременост фолна ми е препишана до 12 недела до скринингот, а после тоа витамини во кои што исто така има фолна зависи што ќе ти препишат, во првата пиев прегнакер, а сега мамвит
     
  14. anicka1anicka

    anicka1anicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2013
    Пораки:
    281
    Допаѓања:
    222
    Добро утро мешенца имајте убав ден
     
    На H.e.L.e.N му/ѝ се допаѓа ова.
  15. milamamica

    milamamica Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2013
    Пораки:
    186
    Допаѓања:
    61
    ;) :hai: епа ај добро утро и од мене.....што убави породилни прикаски си испопрочитав.....еххх камо сите така да си поминеме...блазе нив.....се олеснија.....
    друго, сакав да прашам (мислам дека и предходно прашав но не добив одговор), дали има некаква штета за бебето ако кај трудницата често се јавува кандида и ако често се третира со канестен вагиналети и маст?
    цела бременост патам од таа кандида, ова ми е трет пат како ставам вагиналети...имам страшна иритација (особено после антибиотикот што го пиев), дури и испукана ми е кожата па ми потекува крв по малку......ќе умрам....се надевам дека ќе ми се смири од канестенот :worried: :worried: :worried:
     
  16. H.e.L.e.N

    H.e.L.e.N Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    218
    добро утро и од мене до сите!! немој да се секирас мојата другарка цела бременост скоро страдасе од кандида и цело време бесе со вагиналети и маст и нисто не и настети се си бесе во ред со бебето,стом докторите дозволуваат знаЧи дека не мозе да биде стетно за бебето,а инаку пробај со Чај од камилица олади го и измивај се природно е барем и помага ;)
     
  17. milamamica

    milamamica Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2013
    Пораки:
    186
    Допаѓања:
    61
    фала ти....ама и вагиналетите се одвратни!!! ги мразам.....значи нема штета ништо, ни од нив ни од кандидата? уууффффф........... :x
     
  18. donna.17

    donna.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    1.718
    Допаѓања:
    5.011
    Пол:
    Женски
    Здраво и од новата мамичка, збунета и испашена.
    И јас имам проблем со кандида ваљда тоа е. Преголема иритација и многу секрет по 5 пати во ден се мијам и менувам веш. Некогаш дури и водени ми се гаќите и бодиот и многу се плашам. В четврток имам закажано прв преглед на гинеколог па се надевам ќе го решиме овој проблем не е ништо страшно.

    Дали некоја од вас имала вака слична иритација со многу секрет, чешање и печење при мокрење.
     
  19. milamamica

    milamamica Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2013
    Пораки:
    186
    Допаѓања:
    61

    епа добродојде во клубот.....се шалам.....незнам која недела си, но прашај си ГИН за канестен маст, зошто вагиналетите не се препорачуваат до 12 недела....освен тоа, немој толку често да се миеш, ја пореметуваш природната вагинална флора, а тоа само ја храни кандидата дополнително...јас прв пат ја залепив во 13 недела, ми се смири од 2x на ден по 1 чаша лимонада и 1 литро јогурт...ама секој ден! но вториот пат ништо не помагаше освен канестен за жал...и тоа привремено некои 2-3 недели...и опет исто!
    а за печењето, најверојатно те пече од урината бидејќи е солена, но дали си провери урина и крв? можно е да имаш некоја уринарна инфекција, обично во првите недели тоа е честа појава..бидејќи матката е долу и притиска на бешика и ја пореметува нејзината нормална функција.....
    ова е совет од искуство лично, сепак прашај ГИН...и обавезно брисеви и анализа на урина...
    и на крајот, ЧЕСТИТКИ И ДОБРОДОЈДЕ ВО ТРУДНИЧКИ МУАБЕТИ КАКО ИДНА МАМИЧКА! :* :*
     
    На Danni79 и donna.17 им се допаѓа ова.
  20. Vetruska

    Vetruska Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    791
    Допаѓања:
    494
    Пол:
    Женски
    Вчера вечерта се прејадов и сега еве после 12 часа уште не можам да дишам. Многу ама премногу ми е лошо, не знам што да направам. Дури и од мислата на јаболко или вода ми е лошо. Најдобро јас да си се спакувам и да си одам дома.