I mene pocna veke da me faka,ne si edinstvena,se mislam sto i kako ke bide,ama da se porodime zdravje,pa ke nemame vreme za trema i mislenje
Добро утро. Значи прво ве молам воздржете се од коментари "колку е лош породот или добар" има овде трудници (еве јас) кои се паничари и на секој ваш коментар како болело и нема да се раѓа па, дека има топче и сл ние се стресуваме тука. Ова е тема за трудници и не знаеме како е пород, бар повеќето кои се прворотки. Имате тема " се породив" и слични каде можете да раскажете приказната ваша, а не тука каде има секакви трудници, со ризични бремености, по потежок пат зачнале и сл вие паники им создавате. Овде се информираме за текот на бременоста јас ко што знам. Ете така морав да пишам да ми олесни. Како сте женски? Убав ден ви посакувам.
Супер сме, на работа пијам чајче од брусница... Денес ни е прва годишнина со мм, лани утрото на 22.11.2015 година во 07 часот ме побара за жена по минати 12 ипол години во врска... Ви го посакувам секое добро и вас!
Добро утро и од мене вчера бев на преглед и на цтг, бебуш е супер и добив дозвола за малку шетање и седнување ...до сега бев строго во кревет...многу било убаво да се јаде на маса позз до сите и имајте убав ден
Лејди и мене ми се случи истото на почеток на 9ти месец, ужасно чешање особено на дланките и стапалата. Двајца гинеколози ми викаа дека е алергија и да пијам витамин Ц, но јас имав чувство дека не е тоа. Барајќи на нет наидов на инфо дека овие симптоми се јавуваат во доцна бременост кај мал број трудници и дека треба да се испитаат АСТ, АЛТ и билирубини. Јас ги проверив на своја рака, аст и алт ми беа неколку пати повисоки од нормала, требаше да испитам и вирусни маркери ама за среќа бебо излезе ден пред тоа. Испитај ги овие вредности, види да не ти се покачени билирубините, а за терапија не знам што да ти кажам затоа што јас не стигнав до таму а и реално никој не знаеше да ми каже. За чешањето целосно те разбирам, особено е интензивирано ноќе во спиење. За среќа го снема веднаш после пораѓај. Поздрав и со лесно
Денес е роденден на син ми а термин ми е утре, бебе е активно до вечер дали ке издржи да иде на роденден на бато. Ако нема ништо утре сум на контрола. Поззз имајте убав ден
Jaс треба да се породам до петок. Утре сигурно ќе знам. Врска немам што се овие АСТ, АЛТ и билирубини. Јас ќе сум царски. Може да му штети на бебо, информирана си нешто? Многу ти благодарам за информацијава, не знам дали да се консултирам и со докторката за ова...
истото сакав да го искоментирам што го спомна @LadyC . Зашто се крева паника на труднициве што со една нога се на бокс. Ви посакувам на сите убаво искуство (добро и малку болно) и ајде да ја испразниме листата за термини за породување за ноември и декември .
Со лесно срцка! АСТ и АЛТ се ензими кои ги лачи црниот дроб, најчесто при негова зголемена функција, но може и да се поврзе со механички притисок кој матката го ствара врз органите. Исто така непосредно се поврзани со зголемени триглицериди и холестерол - што кај трудниците секако е зголемен. Доколку до сега при биохемиска анализа не ти посочиле дека ова е алармантно, нема простор за паника. Мене ми се благо покачени АСТ и АЛТ меѓутоа гинекологот ми рече дека тоа е нормално. Уживај овие денови и спремај се за најубавата прва средба
Me смири искрено. Одма паник тастерот ми се пали инаку. Се трудам да сум смирена максимално и на сите ви посакувам со лесно да е и бременост и породот. А јас кога ќе се породам ќе ви пишам и тука само чисто да знаете дека веќе ми фали оваа тема. Мн се приврзав со вас тука и искрено сито и решето заедно поминуваме.
Ееее супер, значи блиску си до денот Д како што ти пишаа и другите, не се замарај и уживај, нема место за паника. и јас се породив со царски, бебо супер, јас супер. А чешањето и гадењето ги снема како и да не биле никогаш
Идни мамички, не чудете се на мојот стикер од 40 недели, јас ќе терам валда по француски до 06. Декември - до 42ра недела. Симптом никаков, депресија... ама здравје, како и да е набрзо ќе се гушкаме со бебе.
Сум слушнала дека ако некој сонува име за бебето, треба да се крсти така. Што доколку две личности сонуваат различни имиња?
Потполно се согласувам со @LadyC за негативните постови. Не велам не, сум прашувала и јаас работи кои ме интересирале во труднички муабети, ама ќе ме извините песимистите и негативните постови само ги скролам. Едноставно не ги читам. зашто сум си и јас паничар.
Добар ви ден девојки. И јас ќе се согласам со @LadyC за негативните постови. Ве немав читано два дена, едвај ве дочитав. Туку овие 2-3 дена не ја осеќам толку често принцезата моја како претходно, кажете ми норма лно ли е. Инаку 25+1 сум и сега за сега сум добра. Позз
Мамички ајде совет. Денес првпат во бременост правев анализи на крв и урина. Имам неколку намалени вредности од хематолошки анализи - тоа се MCV, MCH и PCT? Не знам што значат овие, можеби некоја од вас од искуство ќе ми каже пред да отидам кај матичната? Друго што исто многу ме загрижува е што кај протеини во урината стои + и кај седимент во урина нешто е допишано што не ми е разбирливо. Еве го прикачен тој резултат: Некој да ми каже што би значело ова?
Јас сонував Војдан и го сонував бебуш уште пред да знам дека е машко, во плаво облечен и на мм му го подавав, реков „земи придржи го Војдан“ . Мм не сака ни да чуе за тоа име јер имам бивши Војче. Ние одбравме скроз друго име за бебуш ќе кажам време кога ќе дојде. Не боцкам ништо срц, само пијам витамин ц моментално. Ќе се издржи уште пар денови.