Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Труднички муабети

Дискусија во 'Бременост' започната од meU, 23 јули 2012.

  1. silk

    silk Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    778
    Пол:
    Женски
    Нема таква опција. Да имаше немаше толку да се силат овие глупавиве. Еве пишувам писмо до министерот,со цела документација во прилог, па да видиме што ќе направи. Фала ви многу на сите на советите. Поздрав :*
     
  2. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.391
    Тоа е друго ништо и не ни останува да седиме дома и да мислиме позитивно..
    Како што кажа меу , нека поминат барем уште 2 недели па послем ако му се излегува нека излезе :)
     
  3. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    559
    идни мамички јас ве поздравувам и заминувам на викенд во охрид малку да си поуживаме со мажево :lol:
    убаво да си помините за викендов, ве гушкам сите :hug: :*
     
    На Unique.chick, maca99 и ivanovicka им се допаѓа ова.
  4. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.391
    убав помин.. другиве труднички ни ги нема , залади времево и изгледа сите се разбегаа некаде, само јас дома си седам...
     
  5. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.054
    Еве сум и јас. Залади времево одлично е, само вака да продолжи до крај на летото ќе бидам најсреќна на свет :angel:
    Дали од подолго седење незнам, но мускулите во долниот дел страшно ме болат, нормално и половината.
    Уник дај како по искусна, со веќе поминати вакви маки, кажи дали е нормално, посебно ме загрижуваат болките во долниот дел, значи не се менструални туку баш мускули се, но ми се плаче од што боли, едвај се вртам во кревет ;(

    ljubicicaa убаво да си поминеш, разлади се и за нас.
    Ние утре одиме на повисоко, малку демек на поладничко , се надевам ќе се диши.
     
  6. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.391
    па да можно е да е од седење меу , јас кога премногу седев кога ке станев имав како грчеви и не можев да одам, затоа практикувам полуседечка положба никако седење... ако ни така не ти помага тогаш појди си кај матичниот.
    јас пак сум имала контракции на матката , чекам да поминат уште 2недели да влезам во девети па послем има да се изнаодам, има и уште нешто само не знам што е не сакаа да ми кажат видов дека бременоста од вчера ми се води како ризична бременост..
     
  7. Elenika

    Elenika Нов член

    Се зачлени на:
    15 мај 2012
    Пораки:
    208
    Допаѓања:
    74
    матичниот ми даде едни вагиналети ама сирота јас до сеа немам користено ми објасни човекот што како ама ми е страв да не брцнам со тоа нз како се вика предлабоко па да направам некоја беља да си ги корнам косите ај ако знаете нешто околу ова помогнете :)
     
  8. silk

    silk Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    778
    Пол:
    Женски
    Нема шанси да направиш беља.Ќе ја фатиш вагиналетата со три прста (со палецот,показалецот и средниот прст) и ќе ја подбутнеш малце. После со средниот прст ќе продолжиш да ја внесуваш подлабоко, отприлика повеќе од пола прст треба да ти влезе ;) . Ај не се секирај,додека да се научиш,после несвесно ќе ги ставаш...Јас насабајле и навечер ставам по една, и веќе песна ми е.
    Само пази,немој со долги нокти да брцкаш, и рацете убаво да ти се измиени.После одма во кревет,за да се делува вагиналетата. Поздрав
     
  9. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.054

    Аман Уник, сега ли на крај :( дај Боже да помине се како што треба, не станувај од кревет овие две недели, па после како биде нека биде.
    Јас еве после тие болки денес ме боли и стомак, континуирано како за добивање, а на моменти посилно и тогаш добивам желба да одам во вц(а нормално не ми се оди). Освен тоа веќе трет ден кафено ми тече, па сега ќе одиме до Чаир, да видиме што ќе кажат, аман веќе :doh:
    Си мислам уште 6 недели да издржиме и после веќе што биде нека биде, таман ќе си влеземе во 36н.




    Ако е со апликаторот кој го има во самите вагиналети немаш мака, не се толку големи за да си наштетиш. Ако немаат апликатор, следи ги упатствата кои ти ги даде silk
     
  10. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.391
    Како сте денес мешиња..
    Јас да се пофалам си купив лаптоп , стариот цркна и така не можам да станувам и да седам на другиот пц , па барем ке си се гушкам во креветов со лаптопот ..

    Времево конечно залади па се дише малку..

    Имајте убав ден.. :)
     
  11. busavka88

    busavka88 Активен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2012
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    7
    Unique.chick со здравје да си се служиш со новиот лаптоп :D
     
    На Unique.chick му/ѝ се допаѓа ова.
  12. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.054
    Женски јас денес си имав право патешествие, со нашите клиники. Така фино ме исшетаа од Чаир до ГАК, а на крај ми дадоа терапија со Цефалексин. Има некоја искуство?

    Инаку другарка ми денес ми донесе мнооооооогуу алишта за бебушката, едвај чекам да ги разгледам, да ги средам, да им се радувам :inlove: да ви кажам со ова ми останува само да докупам оние мушамите за кога се пресоблекува и ситниците како уште некое шишенце, цуцли(ако имаме потреба) и сл :$
    Па за 6недели бебушката златна ако сака може да излегува, до тогаш има забрана за движење :lol:

    Како сте ми вие денес? Нешто многу сте тивки, никаде ве нема.
     
  13. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.391
    Па Цефалексинот уствари мислам дека е антибиотик и би требало да ти ги смири болките, јас се давам во магнезиум само да ги избуткаме уште овие 2недели...
    Алиштенцата и се друго е спремно и ја чекаат само нејзе да излезе :) :)
     
  14. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.767
    МеУ со здравје да си ги користи бебушката работите. Јас од вчера маки мачам со бебушов само ме мава и малтретира, како да не знае дека се помалку место има. 1 недела и неколку дена сум зад Јуник.чик и веќе почнувам да се чувствувам како балон и да не можам на раат да си облечам фармерки. Мака мачам со оној дел кога треба да се навалам,дека мешко е тесен ама на така напред напрчен и не се дише никако. А за спиење не сакам да коментирам да не ги исплашам останативе мами кои ни се во рана бременост. :P
     
  15. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.054
    :rofl: така така , ќе си ќутиме за спиењето. Само јас мислам дека го најдов лекот, неможев да спијам од што ме гушеше, едвај дишев, но некаде прочитав дека пијат Б6, па си пијам пи 2 пред спиење и супер ми е сега.
     
  16. simonice

    simonice Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2012
    Пораки:
    251
    Допаѓања:
    99
    здраво на сите...
    сакав да ве прашам дали има тема за трудничка облека,не успеав да најдам
    хелп ако може
     
  17. busavka88

    busavka88 Активен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2012
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    7
    Мешиња да ве поздравам и накратко да ве прашам, овие два вечера ноќе се будам и чуствувам дека раката лева ми е отрпната, а не спиев на неа, баш овие вечери спијам на грб, дали на некому му се случило такво нешто или не е ништо чудно? можеби само мене се ми е чудно :lol: немој да ми се смеете
     
  18. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.054
    Еве овде имаш ваква тема moda-i-stil/trudnicka-obleka-t2223/?hilit=%D0%BE%D0%B1%D0%BB%D0%B5%D0%BA%D0%B0%20%D0%B7%D0%B0%20%D1%82%D1%80%D1%83%D0%B4%D0%BD%D0%B8%D1%86%D0%B8


    Нема што да се смееме, допрва ќе ти отрпнува се :) Пиеш ли магнезиум??? Внимавај да не ги нагмечуваш рацете додека спиеш , а и нозете да не ги прекрстуваш зошто истото се случува :)
     
    На simonice му/ѝ се допаѓа ова.
  19. busavka88

    busavka88 Активен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2012
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    7
    :D од утре сум веќе 11 недела, и не пијам ништо освен фолна киселина, ништо не ми кажа друго докторот, инаку да спијам на грб со прекрстени нозе :D ама рацеве од каде да отрпнат слободни ми беа :lol: ок фала на советот ќе зборувам со докторот
     
  20. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.054
    до 12н нема потреба од друго, после 12н ќе треба да земаш друг витамини
    Море како нема потреба се збунив, слободно пиј си и магнезиум