Јас ич не сум денеска, си пишав погоре. Тука сум ама демнеам само, многу ми е лошо и чекам да дојде 16 да си одам дома. Јадев јагоди и кајсии, испив еден цеден портокал и се подигнав малку, ама сепак сум далеку од добро денеска. Ај ќе си легнам и ќе ми помине попладне.
Тука сме Ве читам редовно, изгледа денот е таков денес, многу влијае на мене ваквото променливо време. Бебенцето ми е преактивно, на моменти ми се чини ќе излези преку стомак . Незнам ни дали е нормално толку да е активно
Измивај се со камилица и сода, (значи во самиот чај од камилица ќе ставиш сода, на пр. во 1-1,5л. ќе ставиш една рамна голема лажица сода и убаво ќе измешаш за да се раствори убаво содата), во денот по 2-3 пати oд истата количина. Мене од тоа ми се повлече брзо, ама и маж ти да се измива, зашто вака може само да си пренесувате еден на друг. Исто и кремата канестен, и ти и тој, и воздржување од водење љубов додека не се повлече.
здраво мамички . минатата недела на градникот забележав точки како дамки... сега станувам од спиенје и се гледам пиџамата на градите ми е повторно извалкана но овој пат дамките се поголеми ... можно е градите да испуштат некоја течност ? не е рано тоа да се случува во 15та недела?
Фала ти за советов ова со камилица и сода ќе го пробам уште утре. За воздржувањево од водење љубов не е проблем секако немам секс дечко ми (идниот маж) ми е во странство така да наредниов месец сигурно нема да го имам. Фала уште еднаш ќе пишам за некој ден дали помогнало
Dobro utro mamicki i od mene imajte ubav denn Da Ve prasam imam Kako vodenikav iscedok Bas Kako voda normalno li e ili nesto se slucuva?
...доколку е мала количина, ништо страшно....и да не е често..нели... поздрав мамички, колку од нас работат? незнам што е поарно да седиш и да се досадуваш дома, но и да си одмараш или да работиш и да се движиш, дружиш итн итн..... јас дефинитивно сум за првото...
нормално е се почесто ќе го имаш но ако осетиш болка одма на лекар, другото така ќе бидеш мокра до крај
дома дома и само дома едвај чекам да си останам дома до 20-ти јуни ќе издржам некако, а после овде очи несакам да им видам и онака ме наполнија за цел живот со нервоза. дома бар се ќе ми е стокмено и куќа и дете и маж и нема да сум нервозна вака дома само се истурам на најмилите.
ЕХХХ...камо јас да можев да си поседам дома порано, јас ќе веслам на раб. до 15 јули замисли, кога ќе бидам 8-ми месец.... ќе се чварам.....инаку и јас имам 2,5 год. детенце дома и сакам да поседам со него и да му го посветам цело внимание, додека можам, после ќе биде тешко, нели? а а патолошка да отвориш треба да се окозиш од трчање, врски и давање пари по комисииве!! не се нормални, него се надевам дека ќе донесат одлука на тие горештини да не одат трудници на работа!!
И кај мене почна многу рано, не се сеќавам точно која недела бев (имам пишано негде поназад). Го прашав гинекологот, рече дека е нормално. Би требало да е добар знак, дека ќе имаме млеко
Мешенца, мене ми започна севтето со Еве трети ден по ред сабајле само што ќе станам после 10/15мин. одма. После преку ден се си е ок. Ама еве сабајле дури 2 пати....вториот пат немав ни што да исфрлам а ама пак ме тераше да се напрегам мислев желудецов ќе го исфрлам
исто и јас ги имав истите проблеми 10 минути после будење ама некаде проЧитав и до креветот си ставив неколку бисвити и само сто ке се разбудам јадам по 2 , 3 па после станувам од креветот и еве веке недела дена немам проблеми со повракањето
blagica1991 напиша: здраво мамички . минатата недела на градникот забележав точки како дамки... сега станувам од спиенје и се гледам пиџамата на градите ми е повторно извалкана но овој пат дамките се поголеми ... можно е градите да испуштат некоја течност ? не е рано тоа да се случува во 15та недела? Таа течнос се нарекува колострум и е нормална појава во бременоста, градите си се подготвуваат за доење, и кај секоја трудница е различно, еве кај мене се појави уште од 16 недела и се уште го имам и сум 24 недела, така да нема место за паника, поззз
Мешиња, одкако почнав да пијам магнесол што ми препорача гинекологот заради крцкање на зглобовите, секое утро првата мокрача ми мириса ептен лошо. Се има нешто вакво случено некому ?
Значи како денес што сум никаква, не сум била до сега... Дали ова времиштево, дали што ми е проблемот, абе ко пијана се влечкам по дома. Грчевиве ме мачат, нозете ме болат, главава ќе ми падне до вечер, гарант, прееска се сотрев од плачење а немам поим зошто. Ебате хормоните ебате, хахахахаха! Инаку Батерфлај, јас го пијам магнезиумот со месеци пред да останам бремена, никогаш не сум имала таков проблем, ама јас пијам магнезиум директ од 300 мг. Можеби тука има некоја разлика, прашај си матичен ако имаш некаков сомнеж.