Добро утро мешина и од мене. Веќе сум 37+5 и секој дневно одам на ЦТГ и проверка на притисокот. Во понеделник ќе одам на болница да видат дали сум отворена Па да видиме бебо кога ќе сака да излези. Инаку женски дај кажете нешто што можи да се пија или шмука за кашлица. Ке одам кај матичната но приквечер ,а до тогаш што да се напијам? Премногу кашлам и многу плуќата од кашлање ме наболува
Поради јаките болки ми дадоа рецепт па го добив бесплатно од здравствената каса. Го набавив од една санитетска куќа(така ги викаат ). На амазон или ибеј ги има. Изгуглај го имево кое е на опаковката или називот на англиски, Posture Correcting and supportive maternity belt. Јас од денес го носам, се надевам на позитивни резултати. Во секој случај нема зијан.
Zenski nesto prirodno za esherihija coli,caj od brusnica pijam non stop pred dve nedeli piev antibiotik, vcera ispitav denescrezultatite katastrofa,mnooogu esherihija coli vo urina,sto da zemam prirodno za nea da ne se trujam pak so antibiotik .Gushki za site
Семки од лубеница јас две пакетчиња антибиотик испив и ништо паак милионче во мл мокрача, семките за 10дена ме средија
Добро утро и од нас, знам не е утро ама ние се изнаспавме. Беба ми е многу мирна преку ден, можно ли е да се спрема ? Од денес 39+1 не ми се верува дека ја доносив цела бременост, се си мислев порано ќе се породам. Луѓево околу мене ме напнаа, ајде што чекаш , вака така преку глава ми дојдоа. Имајте убав ден мешковци
Влегов на темава да поздравам една трудница, па ги прочитав дел од последните постови. Гледам ве има повеќе ситно што броите. И дел од нив ги фаќа паника. Нормално е стравот и загриженоста да се присутни, но не препуштајте се на стравот. Мислете на бебуш. Вака или онака сите некако мора да се породиме. И баш не ми беше важно дали ќе боли, сакав само бебуш живо, здраво,право дадојде. Ниту пак ми беше важно да има сестра да ме глда, доволни ми беа очињата мали што ме гледаа. мешковци, само храбро, ништо не е болката во споредба со среќата што следи. Со лесно на сите, и уживајте во новиот живот кој ќе ви започне со нов живот.
Постојат анестетици кои се целосно безбедни во бременост Многу поопасно за тебе и бебето е да бидеш со расипан заб во уста
Женски, како ја контролирате нервозата? Жал ми е за бебе понекогаш, колку се нервирам... некогаш без причина стварно, ама почесто со причина.
Никако не успевам. На моменти се тресам од нерва, а и често плачам квалитетно, до лудило дури. И мене ми е жал после, па пак ми се плаче и се така во круг. Единствено што ми помага е изолација или пак тотална преокупираност со работа.
Јас палам цигарче влечам два дима, го гасам и ако не се смирам - си варам чај овошен. + полиција им викам на комшиите роми кога ќе се изнервирам. Пошто они постојано се со музики трештење и само ми додаваат на нервозата. Еве сеа пред малце им викнав. Сеа не сум без причина нервозна, имам темно кафеав исцедок. Пак прогестерон депо и пак мирување. Налет веќе
Жени дај да се породиме бе веќе до кај сте. Скали качи - симни не помага два дена трчам по нив и денес на контрола докторот вика неее ова не излегува рано му стои, плодова вода си има не е скрос спуштено...ме зафркава. Кога ми викаа стискај во 6 месец да не излезе сега деветти ќе го поминеме абе абер нема за запознавање со мама и тато а едвај го чекаме да се гушкаме тројцата
Бев денес ми го исчисти тоа место или како тие го нарекуваат џеб кај што ми расне умник уште не излегол тој веќе е расипан ама сега е доцна за вадење. По гадно нешто здравје, се изнаплукав крв и гној. Во петок пак ќе одам да видат дали се смирло тоа воспаление. Инаку фала на одговорот. Поздрав
@Offspring има посебна тема за твоево мислење. Тука не сме за осуда. @BirMelek и @izmislena хормони валда во комбинација со темперамент. Јас и пред бременост бев хиперактивна личност, а сега уште повеќе. Не поднесувам неправди и си се нервирам.
Ni tuka ni tamu ne treba da sme za osuda, koj si pushi si e negov izbor. Nema pravo nikoj, a kamoli anonimna lichnost na forum da prerekuva i osuduva za tugja odluka. I jas sum protiv pushenje vo bremenost, ama protiv toa JAS da pusham vo bremenost a ne mozham da gi osuduvam ili da im se mesham na drugite za odluki shto gi donele vo nivniot sopstven zhivot.
Не ме боли никако, само осеќам удари скроз доле, многу многу ниско. Незнам како се свртени затоа што месец ипол не сум била на ултразвук денес баш се нервирав поради тоа, бев на контрола ми вика нема потреба сега на ултразвук дојди за 15 дена, а јас за помалку од 10 дена влегувам во 9месец, плус фактот дека се близнаци, а близнаците поранос е раѓаат, ќе полудам више.