Честитки до сите нови мамички . Да сте живи и здрави и гооолеми да растете Денес официјално ми истекува терминот, па редно е веќе да се породам,да си го гушнам бебулето kikin што велат докторите кај тебе?Има ли некој абер
Женски дај кажете некој лек за течење на нос, солзење на очи .... примам системи но некако за сега не ми помагаат...жал ми е за бебчето кизнај како му е него кога кивам и кашлам.
Кај мене е мирно...нема никаков знак. Докторите викаат ќе почекаме зашто има вода има се, не знам веќе кога би било. Кај тебе што викаат?
Isto.denes bev na ctg mirno bez kontrakcii.Vo sredata me gledaa na eho voda dovolno si ima, ne e spusteno bebeto dolu uste,eden prst otvorena veke 20dena...mi vikaat cekaj
А дали има такво розево како крв лигаво,паднат ли е чепот,или нема кај сите така?јас синоќа имав големи болки но поминаа лажни биле денес ништо нема,не сум била на болница.
Кога ме прегледаа вагинално ми рекоа дека е паднат чепот(јас забележав како мрсул нешто како на сликите на нет што ги гледав ама без крв)- тоа беше пред две недели, после прегледот имав цел ден како розевко а другиот ден кафено. На следната контрола кога реков дека после прегледот имав сукрвица докторот ми рече се дочистувала матката. И мене не ми јасно ако е паднат чепот две недели како не се отворив до сега и не се породив. Инаку и јас сум со болки ама ретко преку ден и не многу да боли чуствувам само како стегање на стомакот, не е во одредени интервали и понекогаш дури едвај ги чуствувам, не се тие вистински
Дали планирате да сочувате матични клетки? Ако да, колку чини тоа на колку рати се плаќа и колку време се чуваат?
Дилема дали сега или одмлечните забчиња.Неам могу и информации само сум чула дека може и на рати.Отприлика цената од 1500-2000 евра
Во врска со мат. клетки јас сум скептик... немам доверба дека таа и таа банка баш мојот депониран материјал ќе го чува и нема да го фалсификува/искористи/уништи... читав нешто по нет за ова и мојот став е дека нема да зачувувам...
Нас на школа ни одржаа една презентација за матичните клетки. Прво размислувавме, ама после сите девојки што бевме сите одлучивме да не зачуваме. Не сум сигунрна дека можам да рачунам на нив, не знам зошто некако недокажани се, плус кај нас нема лекување со нив, треба пак во странство да се оди, па дали ќе се снајдеме итн. И така останавме на став - не зачувуваме овој пат. На крај на краиштата не дај боже на никој да му затреба лекување со нив.
Добро утро женски Мене сега ми е утро малку повеќе од обично си спијам по 10-12 часа дневно не ми бегаат и тоа малку ме нервира затоа што сум како зашеметена... Отидов да се фатам за фрижидерот Имајте убав ден женички,поздравче до вас
Засега ништо од пророчанството. Сега станувам од спиење и ништо посебно не чувствувам за да кажам дека има шанси денес да бидне нешто. Ама, денот е долг .
може ли некој совет или искуство за тахикардија,27 недела сум почнав да ја чуствувам уште од 3,4 месец дека тие месеци строго мирував и сум на патолошка,заради прокарварување,сега движам по дома,вршам полесни домашни обврски но при секоја активност ми се јавува силна тахикардија која ми пречи и вознемирува и која се смирува по 20 мин мирување.се консултирав со интернист не сум за терапија дека имам низок притисок.поздрав за сите трудници
и јас сум со низок притисок, ама почна по малце да ми се качува и постојано главата ме боли... др ми речи 3пати да пијам Б 6... па ќе видиме како ќе биде