досега не сум имала проблем со бактерија,на микро.брисевите во 13 недела немаше ништо,еве сега во 7 месец приметувам понекогаш зголемен секрет без мирис и боја но малку како да осеќам чешање понекогаш.цело време читам за инфекции,бактерии па сакам да прашам дали преку мокрача се покажува доколку има нешто дека проверувам секој месец имав малце леукоцити од прехлада,или треба да се земаат некои брисеви за да се види дали има некоја инфекција,бактерија
Со испитување на уринарен статус не може да се види дали имаш бактерија. Со уринарен статус се испитуваат физичките (пХ, боја, мирис) и хемиските (присуство на протеини,билирубин, кетонски тела, нитрити....) карактеристики на урината, како и седиментот (присуство на еритроцити, леукоцити, епителни клетки....). Дел од овие параметри можат да наговестат дека има инфекција, но сепак за да се испита дали има присуство на бактерии треба да се направи микробиологија т.е. уринокултура.
Женски јас се спакував.Спакував торба за бебето и мало куферче за мене. За бебето ставив-За новороденче-2 пара целосни пижамчиња, едно боди по долги пижамчиња долни и бенкица. За 3 месеца- џемперче и кошулче со црни панталнончиња и еден пар целосни пижамчиња. Плус ставив и две капчиња (во зависност од кој аутфит ќе му облечам ќе одберам и капче), чорапчиња, ракавичиња ќебенце третра пелена и шише за секој случај да не немам млеко. За мене пижами, спаваќа со копчиња, трењерки и блуза за излагање,ќебенце пешкир и прибор за лична хигиена за мене и мм инклудинг шампон и маска за коса. Плус настрана исто ставив грицки и прптеински барчиња. Мислев а заборавив да ставам влошки и санатајзер. Немам ставено памперс зошо немам купено исто немам и влажни. Ако ми фали нешто ве молам пишете.
Добро утро на сите Сонцево ме насмеа рано наутро, сега следи кафенце, убав ден во посакувам на сите денес полни 37недели, торбица скоро спремна и јас идам денес да крајна фаза спремање (депилација)
бев, напишав во -/+40, пак не е сигурна кој пол е, попречно е наместено и ми лежи горе во ребра така како што и го осеќав дека е наместено зашто ме боли ме откорнува, рече највероватно е женско, ама да го земам тоа со резерва. тешки се по 2 и 100 отприлика и се е во ред, рече за 2 недели пак на контрола кај неа, ако не се породам дотогаш, па ќе договориме царски рез .
Браво, супер штом сте добри. Нека си поседат уште малку во меше, колку повеќе, толку подобро. А за полот можеби подобро што се крие, барем едното ќе ве изненади. Мала доза на неизвесност до крај.
Јас конечно се решив да им кажам на најблиските за новата состојба и реакцијата не беше таква како што очекував. Повеќе би рекла дека се збунети и скоро и да немав реакција. Просто се изненадив јас наместо они. Се надевам дека ќе се нормализираат.
извини што се мешам , ама зошто се изненадени? Во брак си? колку години имаш ? Има некој проблем што не се радуваат ?
Во брак сум неколку месеци, инаку и години имам доста околу 30 ама некако ми делуваа збунети. Цело време викаа ајде деца што чекате, а сега како да се блокираа. Најверојатно ќе им помине.