Тоа незначи дека секоја што ќе направи нокти ќе се случи нешто , викаат дека тие ув-здраци се штетни .... тоа е сопствен ризик, па да не дај господ се случи нешто цел живот ќе се обвинуваме као демек ете од тоа е ,а можеби и да не е од тоа ама цел живот ќе не мачи (за мене си кажувам како е моето мислење.) Можиме тој период да издржиме без нокти ... сепак сите си знаеме секоја за себе.
Е значи 2 дена ништо не ти менат. Мене со 2 недели ми беше. Никако не се совпаѓаше со последниот циклус, ми велеа дека сум грешка со дата не сум ја знаела точно. А јас 100% сигурна. Но излезе поради тоа што имам нередовен циклус, со полицистични јајници сум и затоа
Добар ден мами. Честитки за сите новодојдени и излезени од катчево.. Со лесно. Тука сум и јас, колку дозволуваат обврските ве читам која до каде сте секогаш и акумулиран позитива, позитива за секој нов тест и позитова за секоја нова мама. Не знам.. ме облеваат чуства секојдневно кога помислам на моето најмило и си велам нема друго на свет помило и посакано од тоа што ми мрда во стомакот а јас секое мрдање го уживам. Мајчинство.. човече создадено од тебе од човек што го сакаш, што помили во животот би имале ние?! И чат пат кога ќе помислам на секоја бура што ме очекува се топам и немам збор да го опишам тоа чуство. Лека полека со купуваме, си разгледуваме, си се сладиме со најмилите бебешки работи.. уште малку.. Време и проаѓа па ќе се чуваме гушкаме и сакаме. Не знам.. но бременоста на мене ми е прекрасно стање, стомачето желбите.. бебето.. Блажени работи, кој кажал не излажал. Со лесно на сите. И запамтете, не сте болни туку бремени, во стаклено ѕвоно не дозволувајте си да сте туку напротив уживајте и понекогаш приуштете си по нешто слатко и убаво на душата своја.
Како сте мешиња? Нашиот месец започна, денес 1ви, здравје за Нова Година ќе не има многу со најубавиот поклон под елката. Туку јас сум загрижена за бебуш, во тек сме на 38ма недела и во последно време беше доста активен. Вчера цел ден ептен малку го осетив, само ептен благи движења и едно време икаше, а еве и сабајлево го нема. Изгледа и положба има променето, порано можев да го напипам каде е, сега нема тврдо никаде. Вие што сте при крај каква е активноста на вашите бебуши? Дали е затишје пред бура или???
ајде жени споделете колку има вистина во оние муабети дека доколку се шишаш во бременост детето ќе има многу ретка коса,7 месец досега еднаш се имам шишано ми пречи и сега сакам да се шишам ама ме замислуваат таквите муабети
Добив информација за појас, партиципација се плаќало околу 150 денари, со потврда. Е сега, дали таа потврда ја дава матичен гинеколог или има процедура и околу тоа? Ај ако знае некој, плиз
Не зафркавај...Веруваш во вакви работи? Прееска се смеев баш - имаше едно: ако си јадела зајачко месо, бебето ќе спиело со отворени очи. Исто ако видиш нешто грдо или некој грд и се фатиш за телото, бебето ќе било грдо
За зајачкото месо јас ја знам деветината во друга форма. ако јадеш зајачко месо детето ќе ти имало зајачка уста. Глупост до глупост.
Има друга вистина во тоа, ако нешто украдеш во бременоста и се фатиш некаде на телото може да ти се појави некој белег. Јас имам белег што изгледа како грозје на половината, мајка ми во 8ми месец кога била видела кај комшиите многу убаво јадро црно грозје и се качила да го украде. После се фатила за половина и сега јас си имам белег таму.
Немој сега...нели не веруваме во деветини ) На политичариве жените, ако е така - треба да имаат по цело тело банкноти
Иииии имаме победник Ова нека оди во мислења што треба да останат запаметени, како ти текна, оригинал
Цела бременост ставав нокти . Тоа печење на ноктите е кратко и зраците се минимални . Така да само муабети се дека е штетно . Сега ги извадив бидејки бебето нема да можам да го штипам , а и додека се уходам со него,планирам после 40 дена здравје пак да ставам . И за шишање нешто прочитав , се се тоа бабини деветини .Ако сме трудни не значи дека треба да се напуштиме и да шетаме расчупани и несредени
Ама не е деветина, навистина имам белег што изгледа на грозје. Само со текот на годините е избледен и како сум растела телото трпело промени па сега не се приметува толку, изгледа само како испукани капилари, точки една до друга. Има вистина во тоа, не е деветина
Никако хлорамфеникол во бременост, па и на цело лице. Колку и да е површински сепак дел навлегува во циркулација.