воедно, да ги мпрашам мамичките кои се бремени како мене или пред мене, дали е вообичаено во оваа недела да чуствувам многу чести и силни удари од бебето и тоа низ целиот стомак? се прашувам да не се случува нешто со него? повеќе движи отколку што мирува?
кога ги нема зошто ги нема, кога ги има зошто се толку активни, не се секирај во 24-та недела се најактивни ништо страшно.
епа нели секоја трудница е параноична, чудно ти е? кај мене движењата дојдоа одеднаш, баш така како што напиша...ги нема па ги има многу...затоа прашав?
такво ти е бебчето мила мисли му ја и за потоа.моето првото беше такво и такво остана 100 на саат е сеуште.ова второво сега за сега помирничко е или помрзливо ,ке видиме.
Мене деновиве скоро и да ми го нема да мрда и многу ме загрижува. Едвај едвај едно-две движења да направи да осетам, ама се тешам дека можеби уште е мало за да ги осеќам сите движења.
не се секирај и јас не го осекам секојдневно,ви велам помрзливо е ова.еден ден мрда два го нема никаде.а вчера бев на контрола во ред си беше.мрда не секогаш откако ке се најадам или навечер кога ке легнам.и тие си имаат некој ритам.не може нонстоп да се активни.
Еве и кај мене два дена нигде го немаше едвај две три движења да почувствувам, ама затоа во моментов додека пишувам растура од клоцање цел стомак ми се померува ми враќа за тие два дена.
добро утро..... да го почнам денов со прашање.... дали некоја пиела Хемовит (за железо).....и како ги поднела....? ...јас имам проблем кога одам во тоалет (голема нужда)...имам поретка столица и болки во стомакот кои почнуваат од горе надолу...и нормално променета боја на столицата (потемна)...воедно ме боли и желудникот, односно цел предел под градите од двете страни....(незнам дали е од хемовитот или нешто друго ???) инаку ова се случува 2-3 мин пред да одам во тоалет и 2-3 мин по одењето!!! ве молам за искуство, дали има потреба да се јавувам кај ГИН????
тоа се синтетики и затоа тешко го поднесуваш, нормално е да имаш грчеви и промена зошто потешко се вари, чудно како и запек не ти створил. 30 мин. Бкомплекс пиј пред да се напиеш за да ја заштитиш флората на желудникот и обиди се на природен начин да го покачиш железото, поззз
Добро утро и од мене, денес влегуваме во 6-ти , страшно брзо проаѓа времево дури не ми се верува, првото мислам дека го квачев леле 9 месеци колку долго ми се гледаа, а сега еве веќе пола година помина кај и да е ќе почнам да ви кукам само уште да го издржам одморот да помине се како што треба како почнав да растам страв ме фаќа.
аха, значи тегобиве се дефинитивно од хемовитот? инаку да, пијам и б-комплекс пред да се напијам хемовит...чидно е што откако ќе ги испијам немам проблем, туку проблем имам дури после неколку часа кога ќе одам во тоалет...и откако ќе отидам во тоалет, после тоа немам проблеми...а точно на 90% од трудниците хемовитот предизвикува запек, а мене течна столица?! оф леле, секој ден имам по некоја мака...што да правам незнам
...сега зборев со ГИН ми рече да ги сменам Хемовитот, со нешто друго на база на железо...Што ми предлагате да пијам, нешто што полесно се поднесува??? Уште ме боли желудникот, стомакот ми е тврд и подуван, ќе пукнам ко балон....хелп мислам дека бебето е уште мало за да ми прави притисок на желудникот и цревата нели?
сите препарати за железо тешко се поднесуваат пробај со апчиња ферум лек, мада самиот ДР. требал да ти каже што не сама да експериментираш или легофер. обиди се секој ден да пиеш сок од цвекло, лимон,портокал, морков и јаболко. преку соковник. мн. помага за железото јади зелено(спанаќ, блитва, брокула) и мн. леќа. инаку во првата бременост мојата зверка беше директно на желудник и дијафрагма легната и умирав од кислеини до крај ми гореше грлото и толку бев изиритирана што и после пораѓај уште долго време имав страшни киселини. џвакав рупурут и ладно млеко. малку ми се смируваше но не и целосно. избегнувај храна што ти создава киселини и џвакај полека. уффф знам како ти е и мн. ми е жал но лек за тоа нема.
ok ќе пробам легофер...мноооггуууу фааалллааа....божем втората бременост е полесна, ама НЕМА ВЕЗЕ, ајс со синчето се освестив дека сум трудна кога се породив... фала тииии......