Јас се породив во 42 недела. Мава ептен на психа. Физички потешкотии немав од прв до последен ден во цела бременост, ама затоа психички многу попуштив. Нервоза, па дури и депресија, а и многу негативни мисли имав. Со секој изминат ден по терминот се потешко ми беше. За џабе толку сум се грижела. Ја родив бебушка како од шала. Дај Боже и вие да поминете толку лесно, полесно не може ни да биде. Инаку, последниве 2-3 месеци многу трудници со поминат термин имало на Гак, кога јас одев на контроли тоа беа коментари на вработените. На бебушките топло им е во мешињата, па на овој студ не им се излегува, не се будали. Поздрав женски, позитивни мисли и со лесно нека ви е!
Хелоу лејдис.... Ние сме добри, денес влеговме официјално во 30 недела (полни 29+)... Мешко расте, бебушка си колца... Вчера на контрола за теродина поминав супер, резултатите се добри и останав на терапија како од претходниот пат, пазарувавме за човечето... па бевме синоќа на свадба, мама мораше да си купи нови пониски чевли/штикли, ногата ми е порасната еден број, ама важно си се изнаиграв Денес поштено се одморив од вчерашниот ден Поздрав и имајте убав неделен ден!
Добро утро мешковци,денес е мојот ден.Цела ноќ имам болки јаки во долниот дел на стомакот,станав во 6 имав и крв и такво лигаво,сигурно чепот паднал.Најјако е што ништо не сум спремала,еве сега собирам па ке тргнам накај болница.денес е убав ден празник богородица нека не чува и со лесно да ни биде.
Јас бев минатиот месец во на втор скрининг во Систина баш кај Др. Петровска. Детално ги гледа сите внатрешни органи, цело време збори и од време на време го уклучува 4Д-то и во тие моменти прави по некоја слика. На крај добив 3 слики кај што убаво се гледа бебуш и платив 4050 мкд. Задоволна сум ептен од прегледот За ЦД прв пат слушам...
Здраво женски, дали има некој што се породил во болницата во Велес и какви искуства имате таму? Поздрав
Мешковци , добро утро. Знаете ли дали може да се закаже преку телефон на клиника за микробиологија ? И дали може број да добијам од вас.
Честитки за породените мајки,нека ви се живи и здрави бебушките!!! Него јас сакам да прашам што купувате за бебето за искачање од болница,од облека,како ке ги облечете? Поздрав мајки имајте убав ден
Добро утро мешиња. Ние си се вративме уште од една контрола Беба мирна, абер нема, нит мрдна нит претна дур бев на Цтг. Еден прст отворена бев. Незнам во кој смисол ми рече докторкава демек до петок ќе сме завршеле, па ме фаќа страв, дали мислеше со царски. @letters До каде си ти , што правиш?
Mislam deka ne se zakazuva za na mikrobiologija a ako smenile nesto telefonski e sigurno bidejki porano bese taka
Zdravo jas sum taze bremena..10 den od transfer so in vitro...betata e 200...se sega Napraviv i d-dimeri malce pokaceni se i treba da se bockam so kleksan...malce sum isplasena da ne se sluci nesto...
срцка јас се боцкам секој ден.ништо страшно.еднаш месечно ќе си ги проверуваш и трансфузиолог ќе ти каже дали да продолжиш.првите 3 месеци во стомак после во рака.со лесно бременоста.пошо се скапи инекциите оди во локалната гинекологија да ти отворат историја за да ти ги даваа бесплатно од таму. кисс
Женска нека не те фаќа страв ...мене пред недела и пол ми рекоја дека сум еден прст отворена и дека за ден- два ќе се породам ...а еве сеуште не сум и моево бебе нема абер за надвор (убо му е во мешето). и јас се плашев дали ќе биди природно или царски ...а сега си викам само јас и тоа да сме здрави па не е битно како ќе се породиме.
До сега се праев јака демек не ми е страв, ама откако го поминав терминот ептен ме фати некоја паника. Како и да е само да сме живи и здрави сите. П.с мислам дека ми падна тој "чепот" , како кафеав исцедок, лигаво, така ли е? И што треба да очекувам сега?
Се закажува , барем овој период, тоа ми е сигурно , за првите брисеви што ѓи правев во 13г.н. не се закаѓуваше ама сега пак се закажува. Најдов и број ама абер немаат да се јават. Така да морав лично да одам. Тамо само ме прашаа име презиме и кога сакам да ги донесам. Нити ме запишаа некаде нит бутур. Хаххаха. . . Ќе видам што ќе биде кога ќе ѓи однесам
Мешковци И јас сум уште тука. Последен термин сабота на 10-ти. И моево нема абер за излегување, убаво и е во меше. И мене ми е убаво, само да не беа проклетиве киселини кои ме мачат цела бременост, ама последниов месец посебно. Нит се спие, нит се лежи како човек. Кога ќе станам навечер за до вц во грло ми се враќаат. Кој знае колку сода испив, но џабе. И гастрогард често пијам, но и тоа не помага баш. Да немав маки ќе велев нека седи, ама сега сакам да излези, да си дојдам и јас малку на себе. А и да ја гушкам неизмерно