@Pinky97 Од искуство знам дека табелава нема да ти помогне, претпоставувам дека ќе ти се постави прашање: кога влегуваш во 8ма и кога завршува 8ма. Од 8+1 си во 9та недела и во трети месец.
Здраво на сите идни мамички Пред некој ден дознав дека сум бремена по втор пат ,уште не сум била на доктор ќе одам во сабота...сакам да ве прашам за главоболка што можам да се напијам страшно ме боли главата -или па да си трпам.етен сум на почеток од бременоста Поздрав до сите
како што знам само парацатамол е дозволен во бременост, ама ако не е многу страшно, издржи... бај д веј нека ти е добра мисла и имај лесна бременост!
и јас имам диоптер -2.ама кај нас со близнаци по дифолт порагале царски ако си влезена 9 месец.само во скопје на гаке не можело со договор ако биле убаво наместени бебињата пораѓале и природно.на колку време одиш на ехо?мене овде ми викаат на две недели да одам бидејќи се две.ама нели е многу зрачење тоа? од друга страна ми е страв да не утнам нешто недај боже. иначе мене за инекцијата димчев на скринингот ми рече ехо во 28 недела и ќе примип инекција.а нели во 7 месец се влегува со 27 недела?затоа малку ми е збунка. со лесно мила
Женски имам еден проблем, почнав да се загрижувам. Веќе со денови прстите на нозете ми се црвени и отечени и ме чешаат многу особено навечер. Не знам од што би можело да биде ова, една на форумов не најдов со сличен симптом за да споредам. Ако некој има некакво слично искуство или познава некој што имал ваков проблем го молам да ми пише
Здраво.Да ве прашам дали спиете само на левата страна и дали мора исклучиво само на таа страна да се спие?Јас не сум наспиена како што треба после саат време ми се здрвува ногата и цела вечер мака мачам дури и ме боли.Јас сум во првото тромесечие.
Каква врска има како спиеш во прво тромесечие.. јас да ти кажам си спијам секако,и на страна и на стомак и на грб. Си се местам како ми е удобно барем додека можам и додека не ми пораснал стомакот.
Kako ti e udobno taka spij.. mene samo na leva strana mi e udobno. Posle nekoe vreme skoro i ne naogjas pozicija koja ti odgovara.
На мене нај удобно на грб ми е ама не спијам сега на грб.Или на лева или на десна страна која можам да кажам и дека ми е малку поудобна ама секако се здрвувам.
Еленче честитки и со лесно. Јас би ти рекла да пробаш најпрвин со нешто природно да ги излекуваш болките како цеденсок од лимон и малку сол, или некое витаминско оавежување и на тишина пред се пред да посегнеш по парацетамол. Парацетамолот се користи во екстремни случаи. Ако видиш да не поминува и е неиздржливо тогаш.
Спиј на кај сакаш, јас на втор скрининг во 22ра недела прашував дали не смеам на грб и вака ми кажа Димчев "кога ќе почне на мајката да и смета на дишење и сл тогаш и на бебето смета. Во спротивно можеш како сакаш. Уживај си. П.с. јас и во 9ти на грб спиев, можев и ми беше најудобно.
Како што читам најдобро било на лева страна но јас никогаш на лева не спијам па ни во бременоста,спиј како ти е удобно
Без грижи,јас и во првата бременост а еве и сега прстите на нозете ми се како кебапи ме чешат ,ме болат но то е во склад со бременоста за да не ти е мисла прашај го гинекологот .
Јас од секогаш имав страв од природно породување ,искрено ми беше страв да останам бремена баш од оваа причина и на крај фала богу се породив царски и не згрешив,и не знам зошто некој жени се толку против царски,што е битно како битно да биди се во ред со бебето и мајката.
И покрај тоа што е рутинска процедура, си носи поголеми ризици: сечење на кожа, мускули и матка, проблеми со анестезијата (пример алергиска реакција на неа), крварење, инфекции, подолго заздравување и опоравување... Јас повеќе се плашев од царски но бев приземна дека како ќе биде- ќе биде. Не оди споредба со Офспринг, сепак таа носи близнаци. За прворотка со близнаци не практикуваат природно породување.
Фала богу дека е така, затоа реков дека и јас, а и остантите верувам, се свесни дека незнаеш што те очекува посебно ако раѓаш прв пат. Но одговорив на твоето чудење зошто жените имаат против царски.