Здраво мешиња! Како сте ми? Денес денот преубав, со мм станавме рано, прошетавме и сега го печам ручекот па после на гласање. Мене вчера ми беше последен ден на работа. Од утре одам да го отворам породилното. Последен термин понеделник 19ти, Св.Никола. Убав празник, уште кога ми кажаа за тој датум мн се израдував. Од денес почнувам со финалните подготовки за бебушка. Ќе ми требаат 2-3 дена, се надевам нема да ме затекне неспремна. Постелнинката и облеката се исперени, треба да се намести креветчето и да се спремаат торбите за мене и бебуш. Генерално чистење по дома и новогодишно украсување. Уште не можам да се свестам дека за неколку дена дома ќе имам мало суштество околу кое ќе се врти целиот свет. Многу сме возбудени со мм, по цел ден си правиме планови што и како ќе се одвиваат работите. Знам само едно дека ова ќе ни биде најубавата Нова Година и мене најубавиот роденден досега!
Mешковци Каснам со рапорт, ама сега се прибрав. Од сабајле бев на цтг, на докторката требаше да и пуштам слика од цтг-то по вибер, ама јас од тука фатив по чорби и кафиња и заборавив. Ми се јави и вика кај си, што направи и викам заборавив, дежурниот доктор го виде рече дека е ок и јас не го пратив кај неа. Госпожа по кафиња, докорот нека мисли. Ова не бев јас, ама.....Како и да е, муабетот ми беше официјално од вчера термин надминат, денес 40+1, а беба не сака да ми се придружи уште. За 3-4 дена преглед, да ја видиме водата, да се даде некоја прогноза кога да очекуваме. @Lolipop23 И мене кога ќе ми светне мисла дека за некој ден мало човече ќе имам дома и целосно ќе раководи со нашите животи, чудни чувства ми доаѓаат. Вчера на мм тоа баш му кажав кога гледавме филм, му викам ова е дефинитивно последна сабота муви најт. Следуваше гушкање цела вечер Зш после гушкање ехееееее, за некој месец
Хехе ме изнасмеа, што убаво вака релаксирано пред големото финале! Браво, уживајте и со лесно наскоро
За гушкање ќе има време, ќе се украдне некоја минутка, туку за друго нешто дефинитивно е сега времето да се фати последниот воз. И ние сме многу распекмезени деновиве, најубаво ни е домче на топличко си се гушкаме и си уживаме. Еве досега ја украсувавме и елката, ова ни е прва година вака, лани немавме, ептен убаво чувство. Од секогаш овој период од годинава ми бил најубав, меѓутоа сега е навистина нешто посебно. Мене последен преглед ми беше петокот во Чаир, ЦТГто е во ред, докторот рече по се изгледа ќе нема наредна контрола туку директно одиме на пораѓај. Утре ќе одам до кај матичната да видам и таа што ќе каже, ќе испитам и крв и така. Сега отворав термини да видам кои сме печени за неделава, @Kejtovska и таа е тука некаде, да се пријави до кај е.
Хелоу Кај сте друштво, ние се прибравме од шетање, што убав ден беше, мераци. Бејби ме мава у ребра, па скокови прави де на една де на друга страна, стомаков партали. Интересно е Се пресмеав на сликчињава, посебно последните две Ќе ги ставам во спојлер Спојлер
Definitivno najmagicen zimski period dosega vo cel zivot. Inaku pod guskanje podrazbiram i od ona "drugoto" po malce I za denes mi e planirano
Ааа, јас пак, не знам да читам меѓу редови. Супер штом така, кај нас мм многу има страв, месецов само еднаш, а цело време му објаснувам дека е пожелно за полесен пораѓај, ама јок бе не го убедувам. Ајде белким вечерва ќе падне нешто и кај нас.
Здраво мешиња 8+3 сме и супер напредуваме,така ми кажа докторката кога бев на контрола. Си имам апетит голем,секој ден си пијам фолна и магнезиум и се е во ред. Деновите брзо ми минат и сеуште на моменти не ми се верува дека сум бремена ама ќе почнам да верувам кога ќе почне да расте мешко за месец-два. Имајте убава пријатна неделна вечер идни мамички, и со лесно на тие што се во исчекување и бројат ситно. Гушки до вас
препорачајте ми ефикасни пастили за смукање за болки во грлото.сакам да земам некои не ме боли толку повеќе го осекам суво и надразнето а устата испукана.поздрав трудници
Ангал содржат супстанци кои не се препорачливи за трудници,впрочем голем дел од ваквите пастили не се препорачуваат,освен Пантенол. Сепак да се зема било што по препорака од лекар,а не на соствена рака...
Женички ве нема денес? Да не доби некоја породилни болки од изборните трески ноќеска Се шалам..: Нема некоја нова породена? Да сподели па да ја чекаме со породилна приказна? Јас арно еве сабајле крв ми земаа за Торч инфекции... Резултати четврток и така
Mene na 15 mi e den za kontrola ,sekoe odenje mi pretstavuva i radost i strav vo isto vreme,dali ke e se vo red,i da ne slucajno se promenil polot
Еее и тоа заборавив ) Јас на 16 сум на контрола во ремедика, се надевам дека се е ок... ако е се ок тогаш би сакала и пол да дознаам ама мислам дека е рано ) Иста сум и јас, среќа и страв и многу еуфорија пред секој преглед
Мене ова со полот ми е неизвесно,докторот еднаш потврди дека е женско следниот пат не се гледаше убаво и ми рече ова како за женско,е па викам докторе еднаш ми кажавте женско е па тогаш женско е ,ама на секое одење ми се чини ке се смени можи од пуста желба за женско,ама пред се да е се како што треба