Ах, јас читајќи во моментов ќе го испуштам туку мери мојов секое одење ама страв ми е. Не е баш идеален, одмарам колку можам ама и брзо се заморувам па почнуваат болки па умот на сите страни, психа мава.. Ич не уживам во бременоста, долу го осеќам точно баш над бешика и се плашам...
Нема да уживаш, не уживам ни јас иако со надминат термин. Само стресови, кои повеќето сама си ги направив. Ќе издржиш, се ќе биде во ред, само стресот што си го јадиме за безвезе. Шокот што јас го дижоживеав со цервикс мерен од различни доктори ми дава за право да ти кажам под хитно да престанеш да се замараш. Штом ти мери на секое одење нема зошто да се плашиш. Сите доктори мерат на различен начин и ваѓаат различни вредности. Твоето 3цм и моето 5цм се исто во ред за различни доктори. Те молам не читај по форумов. Една-две неуспешни приказни ќе те донесат до лудило. Штом докторот мери и не ти кажал ништо лошо тогаш опушти се.
Мешковци еве ме и мене, само што се вратив од контрола. Бебуш наместен убаво со главчето ептен доле, ама мама ништо не осеќа, се ми се чини дека е високо, под гради пикнат. Тежиме 3800г и плодова вода ептен малку има останато. Докторката вели ќе биде ептен скоро. Се надевав ќе ме провери оздола дали сум отворена, но не ми рече, а и јас не побарав. Наредно, ЦТГ во четврток. @Anetaoh мене цервикс ми провери само еднаш во текот на целата бременост и тоа уште во втори месец мислам дека беше. Ниту ја прашав за бројка, ниту пак и побарав повторно да ми го мери. Може мерела на секој преглед, но јас не знам. Ги читав тука феминките како си стварат нервози околку цервиксот и решив да не се замарам со безпотребни информации. Ако има нешто ризично докторот ќе ти даде инструкции за како да тераш.
Zenicki da ne ima nekoj informacija,brankica na endo sto vodese trudnici so diabetis bidejki otide vo penzija,sega koj e na nejzino mesto?
Тука сум, стандарно недела ме нема, мм во недела не работи никогаш па ете ја користам максимално да бидеме заедно Утре сум јас на контрола закажана, па ќе видиме дали и кога ќе ми закаже ц.р.
јас бев на преглед 38+5 денес, цтг супер, на ехо не ме гледаше само вагинално ме провери ми рекоа кај и да е ќе биде
Бидете позитивни мамички Го имате најголемиот благослов што Бог може да ви го даде, најсреќни сте и радувајте се во секој момент од бременоста. За мене клоцањето на мојата малечка е најскапоцено и искрено најневеројатно како може човече од 500гр да клоца толку. Денеска докторката во Систина некако ми влеа позитивна енергија, кога ме виде колку сум исплашена и пребледена вика што си таква тука сме дојдени за убаво и во право е, а ние читајќи се и сешто по форуми и интернет секој ден се трауматизираме. Потребно е само да имате доверба во матичниот гинеколог кој ќе го изберете, јас имам многу, и следете ги неговите чекори, штом тој ништо не спомнал нема место за паника само за НЕИЗМЕРНА РАДОСТ ЗА СЕКОЈ ПОМИНАТ ДЕН СО КОЈ СМЕ ПОБЛИСКУ ДО НАЈДРАГОЦЕНАТА ПРЕГРАТКА.
После читање и гледање на милион видеа за породување толку се испаничив што добив забрана да се приближам до комјутер за да читам или гледам такви нешта понатаму. Сега за сега сме добри, се држиме некако и покрај гадниот воздух, уморот, болките, мачнините.
Јас пак цел живот сум сакала царски (имам 22 години) и после толку изгледани видеа за природен пораѓај ми се виде лесно и сега сакам природн, но здравје ќе видиме како ќе испадне на крај. И јас имам забрана за интернет, форуми и такви видеа но продолжувам да читам и гледам иако се помалку паничам за разлика од почетокот, сега сум 21+5, а на почетокот бев во некој голем шок и на се гледав лошо и трауматично.
Аууу алал да ви е, јас не се осмелувам да гледам видео од пороѓај Најблиску до реално искуство имам гледано само на филмови,каде што наеднаш и пука водењакот,трчаат у болница и за 10 минути иде сцената каде жената дише забрзано,се дере по сите околу,напнува еднаш и добива бебе што плаче
здраво мамички, денес бев на контрола кај матичната и на постелката ми виде 2-3 лакуни и ме прати утре да испитам д-димери и фактор на хемостаза мислам беше. е сега кажете ми дали на гладно се зема крв од вена или не е важно дали ќе јадам од сабајле или не? инаку принцезата е добра тежиме 1,290 грама. имам качено 1 кило за 1 месец се надевам дека до крај ќе се држам добро со килажата. исто така некоја поискусна да ми каже дали се штетни лакуните, докторката ништо не ми објасни само ми рече да испитам. позз мамички
Не се штетни лакуните само можда ќе треба да се боцкаш со клексан, димерите ќе покажат. И не се зема на гладно ни хемостаза ни димери.
Денов некако многу мачно ми е, немам сила ни за работа ни за јадење. И секое мускулче и ковче ме боли ама друг не би разбрал освен присутните на оваа тема. Се те боли а не смееш да земеш лек е тоа да видиш. А нашите сопрузи или најголем дел од нив ако малку нешто ги заболи одма легнуваат како да е крај на светот.
не само тоа јас кога ќе се пожалам на нешто ми вика аман ништо не само филмови си правиш,дигаш паника на крај и крива излегувам
Или ако не ми е добро ми се повраќа и слично ќе рече ајде не се преправај не си болна како на други жени ништо не им е ти само се жалиш. И бидејќи сум станала преосетлива на мириси ако ми се слоши од некој мирис и почнам да повраќам ќе рече па тебе стварно ти било лошо.
и јас денес испитував д-димери и ф-ри на хемостаза бидејќи на матичниот виде малку лакуни на постелката сега во 30 недела,резултатите сите во ред му ги однесов не ми кажа ништо само за наредна контрола за една недела.ќе треба ли често да проверувам димери или која е процедурата за овие лакуни а резултатите во ред?