Честитки до сите мамички кои периодов си ги донесоа на свет нивните најмили, да ви се живи и здрави . Јас сакам да ве прашам за следново, дали некоја од вас имала искуство со стрептокока група Б во урина и какво е искуството со примање антибиотик при самиот чин на породување?
Вчера бев на првиот скрининг и имаше мало задебелување на вратната светлина,што покажува ризик за даунов.Нормално било до 3мм,а мене ми беше 2,7мм,во границите.Ама мене и тоа ме плаши,а и таа докторката боже чувај во фацата озбилна уплав да добиеш.И ми зедоа крв ,па во петок резултатите.Многу се плашам.Некоја ако има некое слично искуство ? Пишав во темата испитувања во бременост,но сеуште нема никој одговорено
Немам искуство ама оди и кај друг доктор не останувај на едно мислење,бидејки има и такви доктори како пишман родени
бев после кај матичната моја и вика прво срамота што така реагирала и второ не било до 3 ,туку до 4 п аи 4,5 мм нормално . Ама матичнава ме знае стресена сум и секогаш гледа да ме утеши на некој начин затоа и си викам и сега е така.Неможам да дочекам резултатите утре,па реков некоја фминка да не имала такво искуство,дали исто и покажало или приближно исто на скринингот задебелувањето.Више се навикнав ја додека дојдам до саканото,низ стресови да поминувам .
Добар ден жени. Се решив да пишам за совет или искуство би ми било многу добредојдено. Ноќеска ме разбуди силна болка на левиот јајник, не траеше многу 2 3 минути колку да се мрднам од памет бидејки до сега со болки немав искуство. Заврши болката и осетив како се размрда беба во меѓувреме дали е можно да било лошо поставено на тој дел па причина за болката е таа?! Одсабајле немам никакви болки ништо но на 2 3 пати менував гаки бидејки гледам дека кога станам да се раздвижам веднаш ми потекува малку течност сосема мал белек на гаките? Беба си мрда а јас од вчера откако ја осетив да се размрдува салам мислам дека е наместена таму долу и дека притиска врз нешто па од тоа и проблемите? Или нема врска? Совет? Искуство? Да чекам до утре до 1 часот сум на контрола или веднаш да се јавувам на дотичната? Ве молам за искуство?
Добар ден и од нас, еве еден поздрав до февруарските другарчиња Спојлер @vitamina не се секирај, јас пред некој ден за истото ја прашував докторката, и за притискањето и за исцедокот, ми рече дека е најнормално во овој период, се мести бебето, се спрема. За исцедок рече подобро дури да го има колку толку, се подмачкува на некој начин нели, отколку суво... И така. @BirMelek те мислиме
Јас сум секој ден со болки, претпоставувам нормално е. Доле ме рассекува, притиска, боли...стомак се стврднува и згрчува. Навечер сум цела укочена што од болки што од половина. Истотака менувам неколку пара гаќи на ден. Синоќа страв дури некој ме фана. Почнав да гледам на саат болките да не се континуирани и во кои временски интервали се. Но полежав, се посмирија малку. Од една страна викаат да се движиме, да бидеме фит, од друга при подолг замор ги добивам истите. Иако од пешачење немам многу мака, од изметот околу малата највеќе добивам болки. @VedaG10 честитки @BirMelek те мислиме. во исчекување да ја споделиш најубавата вест
И јас имам такви болки постојано Како проагаат недели се зачестуваат Не се ритмични не се јаки ама ете ме плашат цело време.
И во првата бременост мене ми беше осмиот месец најтежок...сега пак исто. Исти болки, рассекување, укочување. Породилните болки ми беа типични менструални, тогаш веднаш ги препознав. Се надевам и овој пат така ќе биде.
Ви благодарам @danichap @MiloMalo @♡BuBaLe♡ .. Малку подруго е чуството уствари многу по друго кога ќе прочитам искуства. Јас нокеска и сабајле се исплашив многу.. Ја чуствувам беба како натиска надолу и како се тоа боли, нека боли не е некоја неиздржлива болка но да е за добро само. Утре конечно на ехо, најдов едвај со дробни и кобни сили да знаете. Никој приватен лекар не сакаше да ме гледа бидејки гледањето на ехо било до 20 недела не сакаат пари очигледно. Едвај најдов и тоа далеку од тука каде што живеам. Ќе споделам импресии обавезно Пишувајте .. сите ве мислам до каде сте и како сте. Мене се повеќе и повеќе ме фаќаат позитивни чуства и емоции, страв од се непознато плус огромен страв од тоа што сум сама, јас сум позитивна и се надевам дека ќе успеам во се. Но, не е исто бе.. како наближува време сакал не сакал те облеваат планини од емоции и стравови.
Јас искуство со болки немам, меѓутоа исцедок во последните 3 месеци имам нон стоп. Брисевите ми беа чисти и бактериолошки и за кандида. Но исцедок постојано присутен. Ставав на 3 пати полигинакс вагиналети, ќе исчезне на ден два и повторно ќе се појави. Бел или проѕирен, без мирис, некогаш толку многу ќе ми истече што мислам дека сум се помочала.