Мешиња не се расправајте, било како било, галкајте ги мешињата и уживајте. Јас само да ве поздравам, ми фали темава многу
Фала snow-queen! Фала на сите!!! Иначе мене ми е малце страв за тоа со брисови не знам шо точно би требало да се случува...
нема потреба од паника брисевите се зимаат од вагината и е безболно,легнуваш на бокст ти ставаат едно зелесце кое личи на инка и потоа како стапчиња за уши само подолги си зема брис и толку нема простор за паника тоа е тоа без гајле нема ништо страшно.
добра работа оваа табелата, си знаеш од медицинска гледна точка по нешто што би ни било корисно. Се надевам дека се ќе мине во најдобар ред. За мене и за сите други идни мамички!
Мене само не ми е јасно што има нејасно во табелата , прашањево не е конкретно за Сноу туку за сите што се бунат. Јас трикерот го следев и пример еве бев 9та недела значи излегувам од 2ри и влегувам во 3ти месец, не излегуваат 10 месеци туку погледнете на табелата некаде цртичката е измеѓу неделите 5,9,18,31...значи никој точно не може да каже туку ете орентационо да се следи до кај сме и што сме. И што е пак тоа толку битно, најбитно е да е живо и здраво бебчето па кога ќе сака ќе излезе. Некогаш навистина за глупости се препукувате , чувајте си ѓи нервите мешковци и уживајте во бременоста. Ова е лесно за разлика од тоа што доаѓа, доење , па има/нема млеко, па што му е како му ее ... ехееее.. Ајде со лесно нека ви е на сите .
Јас сега сум во понеделник на тие испитувања Дај Боже да е се во ред со бебушот ... а можда и полот да го дознаам
Честитки до сите нови идни мамички, и ви посакувам да имате лесна и убава бременост, како јас до сега Ние сме си во исчекување, бебуш си е веќе потспуштен, а прогнозите не се за долго, па да видиме На моменти ме фаќа паника, на моменти едвај чекам да се гушнеме, во секој случај измешани се емоциите Сега и е период кога мм не го оставам на мира, само негде да шетаме сакам, имам преголема желба за пивце, и како ненормална секој ден само се средувам, де нокти, де се чупам (можеби ќе се чудите, ама јас влегов во филм, кој знам дека во тие моменти нема да ми биде битен ) Иначе најправилно е да ги рачунате лунарните месеци-4 недели еден месец, со што во 10-тиот гинеколошки месец настапува породувањето(36-40 гестациска недела).
Zdravo mamicki da Ve prasam nogata mi se ukoci i mnogu me boli zedov magnesium no pak nisto imam golemi bolki i polovinata me boli. Inaku Ve citam sekoj den ama so gostite sum knap. Cestitki za novite trudnici
Што мислите колкави се шансите да се згреши полот, мислам ми вели гинекологот женско,а да биде машко,во оваа недела? Секој што ме видел спрема обликот на стомакот и носењето ми вели машко носиш. Знам дека нема врска тоа, бабини деветини се ама и докторот на почетокот рече машко, а после тоа па се до денес женско. Имате слушнато да се има случено ваква грешка на денешно време?
^ pred 4/5 godini toa i ne e taka daleku ... na jatrvami celo vreme i vikaa masko doktorite, duri kraj na 8mi mesec skoro pred poragaj i rekoa zensko....i zensko bidna
ОГРОМНИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИ СЕ шансите да се погреши полот јас додека да го родам знаев женско,и на крај ми се исполни желбата за машко и затоа арно велат старите во врзана вреќа никој нз што има.
Афродита мила, можно е да се погреши, но најмногу зависи каде те гледаат. Со 4д тешко дека може да се промаши, многу убаво се гледа тој дел дали има некое цефче или не Не верувам дека не те гледале на 4д, докторот сигурно си ја знае работата и мислам дека многу мали се шансите, бар во денешно време, со сета таа апаратура да се погреши полот. И за стомакот, нека не те чуди, ете јас кога бев во болница, дента кога се породив во собата сместија трудница со близначиња, и двете девојчиња. Веруваш, стомакот и беше како мојот, само напред напрчен, од позади да ја гледаш никогаш не би си рекла дека е бремена, и ја прашав машко носиш и се насмеа, рече не, сите тоа ме прашуваат но носам близначиња и тоа женски. Неможев да се доначудам. Не секогаш мешето како топче мора да значи дека машко е во него. А и можеш да појдеш на друго место за второ мислење, ти си веќе 8ми месец ако не се лажам, не би требало да излезе поинаку од она што ти го рекле. Мене исто во 12тата недела ми рекоа дека носам девојче, но тогаш тие гледаат на ехо некои цртички дали се хоризонтално или вертикално поставени, што дава претпоставка за полот, со сигурност ми потврдија после месец дена, во 16тата недела дека носам машко и така и би. Поздравче до тебе