Денес бев на цтг и се е во ред. Инаку 38+2 сум. Ама абер немаме за излевање. Инаку многу сум страшлива. Прв пат на цтг и од се возбудив не па од раѓање. Вагинален преглед ми правија докторот ми рече едвај те прегледав како мислеш да раѓаш. Не дека ме болеше ама многу сум плашлива. Додека бев на цтг се слушаше цркање како некоја да раѓаше. Јас си реков ухх зошто ли не сум машко.
Денес бев на преглед. Се под контрола и нормално. Го видовме бебушко мој кој што дополнително ми го топли срцето. Зјапав буквално 1 час во екранот и едвај се воздржав од исклучување на ехото. Љубов жени.. љубов. Поинаква, неопислива. Си имам фотографии и тотален скрининг од 1 час, презадоволна од докторката која што не се штедеше на ниеден збор и со трпение се објаснуваше и кажуваше. Сега уживаме и пливаме.. Беба долу свртена со глава спремна за излагање, многу ниско е па да така докторката ни рече да се спремаме лека полека 40 та не ја тераме сигурно . Сите..сите до една сакам среќни вака да ве гледам да зрачите со вакви постови.
Здраво женски како сте денес Ние еве одмараме денес саботно и така... имав многу лоши денови,многу стресни и уште такви ме чекаат... малку јадам,мислам и дека ќе дехидрирам и се плашам дека ќе му наштетам на бебето... страв ми е,ама ако успеам сега да се изборам за тоа што го сакам и за тоа што сум одучила тогаш можам се... многу стрес,многу нервози ама да се надеваме дека ќе биде добро иако патот е мнооогу мачен и тежок. Нареднава недела сме на контрола па ќе видиме како напредува,дајбоже да е се добро и се да е океј,искрено се плашам после толку нервози.... ајде имајте убав ден доста ширам јас тука негативна енергија,ама па така ми олеснува.. позз
Сите си имаме некакви нервози и маки, мислам дека никој на форумов нема да каже дека се му е идеално дали дома дали на работа. Ајде малку храбро. На крај самото тоа што создаваш нов живот во тебе е доволна причина да бидеш горда на себе и да кажеш дека се останато можеш да средиш порано или подоцна.
Малце off topic - мене ми правеше пап во 33та... заедно со други микробиолошки брисеви, а досега немам слушнато во тој стадиум да прават.... (најверојатно за да си спечали повеќе пари беше работава) Гледам сите прават пап после пороѓај...
Пинки какво е тоа нејадење и дехидрација, пиј таму земи вода, леден чај, нешто поосвежително и освежувај се во тек на целиот ден. Јас пијам многу вода, можда до 5 литри и ми е супер, верувај водата е незаменлива за нашите организми и за бременоста воедно. Одмарај само и позитивно, како што кажа некоја членка погоре твојата бременост е доволен показател за да бидеш среќна и исполнета, тој сам факт дека човечето се развива и зависи од тебе. Уживај и гледај да игнорираш и до толку да не се замамраш со проблемите т.е да научиш многу да не допира се и сешто до тебе, знам хормони во прашање но со малку труд ќе се обидеш да бидеш поопуштена а проблемите ќе се тука сега и секогаш, наше е како ќе знаеме да се справиме со нив.
Фала ти срцка на советот многу ми значи поддршкава иако е на форум ама знам дека е искрен совет. Баш поради тоа што го сакам ова малечко се ова се случува ама ке издржам за него се. Ова ми е најтешкиот период од животот ама ако успеам ова да го поминам тоа значи дека се можам.
Пинки глава горе и само позитивно. Размислувај позитивно и гледај да имаш убави мисли. Легни, одмарај и пушти си серија, што не поминало. Се ќе биде во ред
здраво женски јас се паркирав на гинекологија два дена зошто дома не можев да јадам и ме фатија панични напади мислев ќе се онесвестам. примив неколку инфузии и конечно ми објаснија што ми е.бебињата притискале на желудникот и затоа ми се лошеше не можев да јадам.тоа ми предизвикуваше гушење и не можев ни да спијам. сега сме добри дома, ме ставија на режим на храна 8 пати на ден по ептен малце и ептен лесно.претходно јадев месо јајца протеини и затоа ми било уште потешко. добро што отидов зошто дома скренав. ми дадоа апчиња за желудник па ми рекоа во случај на лошење да се напијам. јас мислев дека крвната слика ми е влошена и се сум правела погрешно (храна течности). поздрав и ако има некоја слично искуство нека ми пише лп. со лесно на сите што сте пред пораѓај и да ви се живи и здрави бебињата на породените
И јас завршив на инфузии на ГАК во 11 недела од повраќање. Не знам ти која недела си. Јас при толку повраќање крвната слика ми е супер, проверував пак пред некој ден. Не е страшно. Не сме единствени што биле на инфузија од тоа Тоа е. Ќе биде се добро. Со лесно нека ти е.
Ajde sestri trudnicki ... kazete soveti sto se spremavte za vas I bebusot za vo bolnica za poragaj, pravam spisoci I pripremi ...
јас сум 23 недела ама не повраќам тоа е маката.наеднаш ми стежнуваше храната во желудник и мислев ќе се онесвестам од лошо.убо шо појдов на лекар барем бев под лекарски надзор и ми се смирија нервиве.појќе и паника ме фаќаше не можев да дишам. денес сум цел ден на сув леб и јогурт, вечерва корнфлекс па до сега добро е понатака ќе видиме. мора да издржиме тоа е
Zdravoo ve molam kazete mi dali e normalno vo bremenost da se ima meunstracija jas vleguvam vo 3ti mesec i dobivam .... I ve molam ako moze da mi predlozite dobar ginekolog ovaa shto me vodi e katastrofa
Јас имам слушано дека некои добивале во текот на бременоста. Но сепак нели ќе си идеш на др. Јас би ти го препорачала др.Органџиски Штип. Лично јас сум премногу задоволна човекот знае како да разговара да те смире. Едноставно ќе ти го нацрта тоа што ти го и кажува.