Мамички не знам што да правам. Веќе сме со надминат термин а бебе нема абер за излегување. Кај матичната бев пред една недела, поточно понеделник. Ми даде упат за ЦТГ (кој го искористив во четвртокот) и ми рече се гледаме на контрола после пораѓајот. Немало потреба пак да одам кај неа. Јас имам договорено за пораѓај во Чаир, но да одам на контрола таму ми е далеку, 2 часа возење. Да одам во нашава болница немам упат, не знам дали ќе ме примат на ЦТГ без упат. И сега не знам што да правам. Неизвесноста ме убива. Бебе претходните 2 дена многу клоцаше, денес ко за инат ептен ретко и слабо го осеќам.
Женска кај ќе се пораѓаш. И јас утре одам и ми кажаа дека изгледа ќе ме задржат. може ќе се сретнеме. Јас одам на ГАК.
Ова прашање е индивидуално. И најдобро е најпрво да се консултираш со доктор па со одредената авиокомпанија со која што планираш да патуваш бидејки секоја бременост сама по себе е различна и докторот може според твојата најдобро да ти каже, но многу важно нешто е пред да купиш карта да се распрашаш јавеш таму во авикомпанијата за секој случај да немаш одпосле проблеми. Јас од икс луѓе знам дека во нормална бременост е дозволено најмногу до 32 недела после истата не е воопшто препорачливо и дозволено мислам бидејки веќе си "голема" и не дај боже може да дојде до предвремен или проблеми со притисок. Ова се мои информации што не значи дека би морало да бидат точни иако не се исклучени затоа најдобро ќе си прашаш првин доктор па фирмата.
А зошто па да не појдеш пак кај матичната,што ти е гајле? Кажи и дека имаш некои тегоби и готово,ќе си смириш душа... Инаку ден/два пред пороѓај бебчињата се спуштаат подолу и не се многу активни,можеби за кратко ќе се гушкате
@Lolipop23 najdobro e da ides kaj maticnata... kazhi i kolku si zagrizena i deka bebeto nema aber od izleguvanje. Isto i jas sum cula koga se vo birth canal ne mrdaat mn. Daj Boze da se olesnis so pobrzo. So lesno.
@Grungie @pink95 фала ви девојки. Бев до кај матичната, касно се решив, на затварање беше, не сакаше да ме погледне, ми даде упат за утре за ЦТГ. Ајде може вечерва ќе биде.
Чекај ме да се породиме во ист ден свратив само да ве поздравам уште еднаш, бев на неколку слави денес, па кога си дојдов се развреднив да исчистам и средам се на свое место. Фала ви на сите за убавите зборови на сите ви посакувам се најубаво!
И јас сум тука да ве прочитам која до каде сте. Ајде со лесно нека им е на сите декемвриски мамички и бебиња. Како си одат деновите и како ја испраќаме старата и ја пречекуваме новата на ист начин со убаво да си се празниме и да преминуваме во наредните теми. Јас посебно деновиве се развреднив со правење на најразлични рецепти и баш тоа дознав дека ме релаксира и рекреира. Туку.. беба ми клоца и се мрда точно на страничниот дел спрема раката моја боли корни на моменти а јас се чудам како ли тоа отиде до таму да мрда наместо на среде ја нема никаде таа странично се цуцли
Добро утро за најубавите мајки и бебиња. Иако ладно утрово и лошо ми е и морам да работам, се радувам што се ближи Нова Година и што ќе го видам бебушот на првиот скрининг.
Здраво мешиња да ви се придружам во темата,сега сум 6+4,бев на ехо но се гледаше само една точка,за три недели сум повтроно искрено едвај чекам
Лелеее Офи, јако е и кај вас. Зошто така??? Вие во 40та ќе влезете машала. Алал да ти е. Јас еве се спремив, одам на ЦТГ, ќе видам што ќе кажат.
Мене ми е смешно и викам на сетсра ми овие моиве близнаци во гинис ќе влезат за најдолго носени а на интернет читав ретко кои близнаци ја поминуваат 37 недела, обично во 36 се раѓаат, т.е. чим влезеш во 9ти месец. Ние уште абер немаме.