Зошто таа негативност мајка?! Немој! Ти самата ако не си дадеш поткрепа и не пробаш да си ги подигнеш мислите и психата кон позитивност нема кој друг. Да, има разлика од организам до организам и од бебе до бебе тоа е фактот но се се трпи, љубовта е секогаш посилна и над се верувам. Те разбирам, си имам и јас моменти и моменти но тоа е ...живот впрочем така е кроен да биде. Ќе си дадеш подршка сама на себе во тешките моменти и че гледаш да размислуваш кон целта, кон бебето и кон новиот живот, ќе си се почестиш со нешто и секогаш ќе правиш работи што ги сакаш и се чуствуваш среќна. Немој со тие мисли и таа психа, што не поминало ... Љубовта е непроценлива... детето што зависи од нас е непроценливо.
Охооо све тоа го правам мила,ти благодарам за поддршката и убавите зборови... Максимално се трудам да уживам,особено се релаксирав сега откако влегов во 9ти,со нетрпение го чекам денот кога ќе се запознаеме со бебуш... Се трудам да не сум негативна освен што се нервирам за нешто што неможам да сменам,во моменти на болки неможам ни да седам ни да лежам,неможам да пешачам... па се чудам само дали мене ми се случува,зашто другиве околу не цивкаа баш додека мајка ми ако ја прашам како било,ми вели па супер никакви тегоби немав и кај мене уште поголема конфузија..
Јас на почеток на 38ма го родив првото, со царски и се помина супер, со добиени болки ама не се отварав и така, без седење во инкубатор.
Здраво! да ве прашам за една пријателка ми треба информација. Таа е трудна 3 месец инвитро. Еднаш земала боледување, е сега за втор пат и рекле да и даде специјалист мислење а матичниот да и го отвори. Нема никакви проблеми за да може специјалист да и даде мислење, туку она сака превентивно да си седи дома - за секој случај. Инаку оди во приватна болница на прегледи и докторот неможе или несака да пише дијагноза за боледување која она ја нема. Некој совет да ми кажете како може да се земе боледување, зошто јас ништо незнам околу тоа.
Со иста дијагноза за боледување над 15 дена треба комисиско мислење... за пред комисија треба извештај од специјалист,или отпусно писмо од болница, како и еден образец - предлог за комисиско боледување од матичниот лекар. Доколку прави пауза меѓу две боледувања малку е потешко со иста дијагноза да и продолжат. Затоа и матичните се пазат, мора специјалист да потврди. За подолг период на боледување (над 60 дена) треба конзилијарно мислење потпишано од тројца специјалисти, во кој случај бременоста ќе се води како патолошка. Се надевам дека помогнав со објаснувањево...
Мешиња, болка имам во стомакот - наизменично од лева и десна страна ниско долу... Не е грч туку повеќе како сечење и трае кратко па пак се појавува... што би ова? Ви се случило?
Која недела си? Можно е ширење на матката доколку не си пред раѓање, боцка и наболува расте бебчето.. а ако си пред раѓање да не се контракции?
Аааа тазе си била, епа дека расте бебчето, се шири матката... малку незгодна и непријаатна е болката, не боли боли опасно туку така како бодежи чудни